Шампоните ги има во Тинекс, јас од таму го купив мојот. Во маркетите има само шампони, лосиони за тело и креми за раце. Друго не сум сретнала, во Космо и ДМ најверојатно асортиманот е побогат.
Дали некоја има искуство со дневната и ноќната крема со јасмин наменета за зрела кожа (50+)? На акција се во Космо, се мислам дали да ги планирам за подарок.
ги купив геловите за туширање и поубаво нешто немам пробано...само штета шо само гелови најдов инаку цела колекција би си ја купила ептен ми се свигаат и сум задоволна
Јас ја имам оваа ББ-крема, за комбинирана и масна кожа во најсветлата нијанса. Мислам дека има уште една потемна (natural), а розовата линија е за сува до нормална кожа. Ги има во Космо, 280-290 денари се и има 50мл производ што е одлична зделка според мене. Мирисот е феноменален, барем мене многу ми се допаѓа како мириса. Нежен и пудрест е мирисот, ама се губи некое време по нанесувањето. Формулата е многу нежна; има некој полумат финиш и не ја затега кожата, масните зони почнуваат да сјаат по неколку часа (користам малку камена пудра и фиксатор), а покривноста е така-така. Слаба до средна со само еден нанесен слој. Со малку коректор ми е супер дури и кога лицето ми е малку нафрлано. Како за секој ден (па дури и за вечерна шминка, сум ја користела и така), одлична е и мислам дека би ја купила пак, пред cè затоа што си најдов идеална нијанса. Розовата линија е за сува и осетлива кожа, ја зедов истата нијанса за мајка ми. Мајка ми е +50, ама вели дека кремата не се собира во борите, многу е хидратантна и не дава изглед на уморна кожа. Резиме - за неполни 300 денари, сосема одличен производ. Особено за белчовци ко нас.
Купив шампон од коприва, маска исто за коса и млеко за тело од кокос. Препрезадоволна сум. Не знам дали има подобар бренд за козметика на пазарот, секому ја препорачувам.
хах зарем и ваква тема имало? Мој близок пријател и жена му ги увезуваат овие за Македонија. Ако има некоја верна на оваа козметика, да ве поврзам со него, ќе ви ги даде за поефтина цена, контактирајте ме по лична порака
Не знам дали знаете, ама има солидни сетови за лице и тело на акција во ДМ. Јас ја користам колекцијата со манука за комбинирана и масна кожа, многу ми е добра за овој период кога кожата од нормална ми станува комбинирана, т.е. се масти само во Т-зоната. Спојлер Имам и пилинг од истата линија мислам, прекрасен е.
@Mishela Мој најискрен совет до тебе и сите вас кои сте корисници на оваа козметика е ако сте во можност да не ја купувате повеќе. За истите пари има многу поквалитетни производи без парабени во својот хемиски состав. За ваше добро. Се надевам не ме сфаќате погрешно. Читајте го составот, ziaja не се никогаш поприродна и подобра солуција.
Никој не кажа дека се природна козметика, дури мислам дека и не се рекламираат како такви, но добро е да се спомне сепак, за некој што не користел ништо од нив. Кремите не ми одговараат, ама имаат други работи кои навистина се солидни и составот е прифатлив, без парабени и силикони. Нафтени деривати одбегнувам само кај креми за лице, лосиони за тело и шампони, во другите работи ми е океј, би дала шанса на таков производ. Само пилингот има еден парабен и баш штета, зашто прекрасен е за мојот тип на кожа. А колекцијата од манука општо земено многу ми одговара, плус во гелот за лице и тоникот кој го користам нема парабени и составот по мој вкус е сосема солиден. : )))
Знам дека си запознаена со составот на ziaja. Проблемот е во тоа што они како компанија сакаат себе да се претстават како природно прифатлива опција, а во суштина не се. На многу од нивните амбалажи ако имаш забележано (особено на шампоните и кремите), маркетиншки се цртаат животни и растенија, но тоа е секако само добро осмислен оптички трик..За луѓе кои немаат базично познавање од овие ствари да го купат производот и без да го прочитаат составот. Затоа треба многу да се внимава. Силикон ајде некако океј, парабен избегнувај за било која регија од кожата. Бар ти си човек што има критички суд кон козметички производи.
Не сум во тек со маркетингот на Зиаја, не ги следам баш, да бидам искрена. Никогаш и не биле некој ептен популарен бренд, а можеби пак и само мене ми оставиле таков впечаток, но не знам што си пропагираат. Сега ми направи „проблем“, баш ќе ги ѕирнам што постираат. Ги меркав повремено откако направија мал камбек со овие поновите 2-3 колекции, ама мислам дека не беа како Биотен до толку, да пишуваат „природно“ по амбалажите, а да е далеку од тоа. Штета ако во меѓувреме станале такви и си тераат пропаганда. Гелот и тоникот што ги спомнав се сосема солидни - проверено. Тоникот не е природен, но генерално е со прифатлив состав за мене, со глицерин и пантенол. А гелот има само PEG, не се сеќавам кој точно. Изненадувачки добри продукти, цените така-така, не се воопшто скапи, но има и подобри од нив, апсолутно се согласувам со тоа. Сега роварев по шкафови, баш ме заинтересира да го проверам пилингот, да видам што точно пишува за него. Не е од истата manuka tree линија, туку е тој со козјо млеко. Инаку овој има силикон, не парабен, сум утнала. А кремите 100% имаа PEG, можно е кај нив да има парабени, не се сеќавам навистина ама не е ни битно до душа, не ми одговараат кремите Зиаја па ме привлекле да купам пак. Штета што не го изоставиле силиконот во пилингот, ама навистина е прекрасен и ме изненади позитивно. Исто и другиве не верував дека ќе се покажат добро, би ги препорачала тоникот и гелот за комбинирана-масна кожа ептен. Мене за во лето ќе ми бидат солидни. Добра анализа им удривме.
Мојата рецензија на неколкуте Ziaja производи што ги имам пробано: Ги имам пробано геловите/сапуните за туширање од портокал и од кокос. И во двата случаи бев измамена од преубавиот мирис што го имаа додека беа во амбалажа, но кога дојде време да ги користам беше друга приказна. Тој од портокал не оставаше воопшто било каков мирис на мојата кожа, а тој од кокос го менуваше својот мирис при нанесување на кожа и не мирисаше веќе како во амбалажата. Задоволна сум од млекото за тело од путер од какао и хидратантните маски за лице. Кремата за лице од краставица беше океј, ама бргу ми избиваше маснотија на лицето од мојата комбинирана кожа, иако кремата е наменета за таков тип на кожа.
Ако имаш нормална или комбинирана кожа,убаво легнува на лицето,убаво впива и не се будиш со масно лице
Kremite od kozjo mleko i krastavica mi napravija sitni bubulici na celo lice. Od maskata za lice dobiv nekoe malo crvenilo. Zavcera trgnav da go zemam pilingot vo kremasto-karamela pakuvanje i se predomisliv go kupiv pilingot od kakao,mirisa na rasipano go frliv. Bi sakala da go zemam drugiot piling i nesto da probam od sensitive linijata