Имаат некои препарати за машки? Некои гелови или креми за мрсна кожа на лице, за затегнување на лицето исто.
Океј се, ама ништо посебно. Порано знам кај нас тешко се наоѓаа, тетка ми ни ги купуваше на мене и мајка ми. Ништо специјално. Имав користено крема за лице и освен што хидрира ништо друго не прави. Купки и гелови за туширање имав пробано, арни се. Лосионот за тело со какао путер беше нешто подобар од другиве работи бидејќи имаше убав мирис. Последно купив вазелин од Зиаја, во ДМ беше најефтин тој. Како и секој друг вазелин.
Немам нешто многу прозизводи користено, ама оваа маска позитивно ме изненади. Ја земав и белата, ама не беше ништо посебно.
Имам пробано една крема за лице одма ми го вцрвенуваше лицето и ме печеше и повторно крема не би купила , а лосионот за тело од какао и гелот за туширање од какао се предобри , моментално користам од нив гел за туширање од козјо млеко и многу ми се допаѓа ја омекнува кожата и убаво мириса.
Тој во портокалово ми се допаѓа повеќе од тој во кафеаво бидејќи помалку мириса, инаку ефектот е горе-долу ист. Даваат суптилна, природна боја од едно нанесување и трае три-четири дена некаде.
Пред некој ден ја земав хидратантната крема со краставица, ми се сфиѓа. Земав и тоник оној плавиот меѓутоа не можам да кажам дека е нешто wow. Можеби не приметувам никаква разлика затоа што имам 18 години и имам стварно чисто лице.
Од тц Бисер, кога ќе купам повеќе производи ми даваат и тестери од други, а често имаат и некои промоции. Имаат и во ДМ некои нивни производи, но се поскапи таму.
Тоа со маслиново масло и козјо млеко дека беа 2 за 1. Двете беа убави но попријатно ми беше од козјо млеко многу нежно и хидратантно ми делуваше на кожата и немаа некој гаден или силен мирис
Тој со какао е преубав, мириса на чоколадо. Единствено не знам на што сум со овој синиот. Не пенеше убаво, ама навистина мирисот беше ко за спа третман. Преубаво ми мирисаше целата бања од него.
@angela.kostova @Mishela Го купив овој од путер од портокал. Дали ставив малку па не мирисаше на мене долго време. Инаку е многу убав мирис Само недостаток не пени многу