Најверојатно повеќето се така. Овој со какао го користев одамна и не се сеќавам колку пенеше. Не дека смета нешто, ама кога ме мрзи да ставам пена за бричење гелов не врши работа во тој поглед, се плашам дека ќе се исечам. Преубави им се мирисите, ќе го земам некогаш овој и јас, не ми е пробан досега.
Барам SPF креми и ми текна на Ziaja. Порано имаа и беа многу добри. 25 SPF, а беше како 50 да имам ставено. Сега гледам дека ги нема да се нарачаат што е навистина штета. Се мислам дали би ги имало во нивните продавници. Ги има некој сретнато во ДМ зошто и кај нив имаше нивни производи?
Супер е овој серум. Само ако имаш пократка коса, внимавај да нанесуваш баш-баш на врвовите зашто мене доста ми се мрсеше косата од него кога ми беше пократка. Сега на подолга не знам како ќе се однесува, ама веројатно би бил подобар.
Ги има во продавниците нивни тие со СПФ 50. Мислам дека имаше за два типа кожа. Отприлика пред 2 месеци купив од нивната продавница во ГТЦ. За ДМ не сум сигурна дека имаат.
И јас и мајка ми сме мноогу задоволни од овие темниве шампони, од смоква и лаванда. Многу лесен убав шампон за секојдневно миење коса. Не се масти брзо, лесно се осеќа косата. И на двете ни е еден од поомилените.
Jas go imam koristeno samponot od kozjo mleko. Prezadovolna sum kosata nikogas vaka ubava ne mi bila.