Ме интересира дали некој ги има користено производите на Ziaja или Kolastyna и какви искуства има со истите? Јас досега ги немам користено. Неколку пати се мислев дали да купам, но пак се враќав на проверените производи. Па, ајде бујрум со ваши мислења и искуства на оваа тема.
Јас ги имам користено и сум премногу задоволна , немам никакви негативни искуства, многу се ефтини а природни
Фала Дидија за споделеното искуство. Ме охрабри и јас да пробам. Деновиве ќе купам,па ќе пишам мои искуства.
и јас имам земено производи од нив...поточно колекцијата од маслинка за сува кожа, и сум пријатно изненадена...бидејќи најчесто купувап поскапи креми тоници...овие се можам да кажам и подобри...цената ми ствараше малку сомнеж али се супер...исто моја комшивка зема мислам од зиаја крема против брчки , за +40 и е многу задоволна...
Може д се купи директно во нивните продавници, ги имаат повеќе ,на страната можеш да видиш каде се има претставништво
Баш пред некој ден претерував нивни каталог.И баш ми беше чудно стварно евтини цени имаат.Ама не се осудив да порачам нешто,што занм, никој ми ги немаше посочено.А што,изгледа понови се на пазарот?Ама и накит во истот каталог имаше,ама цените,вери хај :roll:
Благодарам Дидија Значи само во Скопје, Битола, Струмица и Тетово... ќе чекам значи... кога ќе одам Скопје ќе видам што има... мене ми треба крем за околу очи, досега што и да ставев ме печеше... овие ги има пробано некој?
СУПЕР производи јас сум многу задоволна,ги користам веќе некое време и ви ја препорачувам путерот и купка за тело COCOA...поздрав
Производите на пазарод не се воопшто од скоро, само кај нас се од пред некоја година. Инаку се е на природна база, значи ги нема хемиите како кај др фирми, а тоа што се ефтини е поради тоа што сеуште се промовираат. Накитот е според мене многу достапен, имам неколку парчиња, сепак се разботи за сребро и злато + КИЛИБАР(полудраг камен), кој е познат по тоа дека има многу позитивни влијанија.
e kako da se zaclenam i moze li naracka da se pravi preku net ako si nezaclenet aj koj znae neka kaze bas me zainteresira ova bas cool proizvodi a po pristapna cena
Јас сум најредовен посетител во Бјути Шоп. Персоналот е многу пријатен и нормално имаат тестери, за се'. Нека не ве спречува тоа што цените се ефтини, бидејќи производите им се прекрасни. Во Скопје имаат продавница во ГТЦ (златарскиот дел) и во Скопјанка. Од производите - имам пробано многу работи од декоративната козметика на Карло Ди Рома, пудра, сјајчињата им се без маана, кармините исто, моливчиња ... Од Зиаја ги имам користено колекциите гел за туширање и путер за тело на база на какао, кокос и портокал, за првите две немам зборови. Преубаво. Кремата за раце е убава, средството за интимна нега... Да не набројувам, појдете и видете, имаат и многу на попуст, нема да зажалите. Имам и два комплети од килибар и прстени, накитот е преубав.
Редовно купувам таму шминка и козметика, семејството на другарка на мојата сестра го држи beauty shop и со сигурност можам да кажам дека квалитетот е дури и повеќе од тоа што се добива за тие пари. Шминката значи, е со повеќе од добри цени, особено сум луда по сенките и лаковите. За кремите, може мајка ми да зборува повеќе, зошто од таму си ги купува. Јас сега си го купив комплетот со какао, гел за туширање, путер за тело и крема за лице, и сум прееезадоволна. А накитот е од клибар и сребро и затоа е скапичок.Јас на подарок добив еден прстен, стварно е преубав.
инаку за зачленување може преку интернет. Сестра ми исто така си работи, со тоа што и прават нарачки од каталогот. Зависно од тоа колку ти нарачуваат, имаш процент кој можеш во пари да го земеш или да купиш производи од пордавницата, а добиваш и подарок.
Од пред некое време и јас почнав да ги користав производите од овие фирми!!!! Производите се одлични, а цените се пристапни!!!! Само сакам да ги прашам тие кои се зачленети, дали таа teen пудрата покрива (бидејќи имам пеги), и ако покрива дали сеуште ја има !??!?!