Имаме тема за Елие Сааб, а мислам дека вреди да го споменеме и вториот предобар либански дизајнер Зухаир Мурад. Првата ревија му била во 1995та година и оттогаш ужива во угледот што се повеќе го стекнува со годините. Има фантастични колекции, неговите креации се раскошни, во сензационални бои и извонредно ткаенини, се потсетува на египетската принцези, грчки божици и чист, прекрасен сјај. Тој има колекции за висока мода, колекции за секојдневие и акцесорис, а планира проширување на неговите колекции и во однос козметички производи, парфеми, долна облека... Има сопствени бутици во Бејрут, Париз и Милано. Релативно е нов но светките ѕвезди се повеќе се гледаат во неговите гламурозни креации. Еве дел од неговите фустани. Секоја чест
Неверојатен е. Му ги обожавам фустаните, човеков навистина знае што е раскош и женственост. Во секоја колекција внесува нешто ново и свежо, но сепак останува доследен на себеси. Венчаниците се фантазија.
ги имам разгледувано пред некој месец колешка шиеше фустан за свадба по негова креација. Ми го кажа неговото име и ми рече ако сум сакала за свадба да правам венчаница да ги погледнам неговите. И навистина типот има прекрасни венчаници и фустани така да ќе ми биде во листата на избор при венчаница
И кај овој креатор како и кај Ели Сааб за око ми запнаа венчаниците едноставно прекрасни се. Ахх и откажувам љубов на Вера Ванг сега овие од Истокот ми се фаворити. Ми се допаѓа сета таа женственост и гламурозност, едноставно прекрасни се..
Мене неговите креации за око ми запнаа пред некоја сезона кога ја разгледував колекцијата на Манго,во луксузната понуда беа токму неговите креации Претходно не знаев за него. Оттогаш редовно ги разледувам неговите најнови колекции. пролет- лето 2011...
Креациите му се љубов на прв поглед. Толку се величенствени, елегантни, женствени, гламурозни, грациозни, сексапилни, раскошни, совршенство...ФАНТАЗИЈА!!! Што би се рекло празник за очи.
Прекрасни фустани има, баш по мој стил. Според неговиот модел на овој фустан си шиев за матурската. Само не е иста боја.