Ве молам помагајте кој пат да го фатам ,,,,, толку многу се чувствувам осамено,живеам само за син ми. Толку сум безживотна, едвај пишувам. Со проблеми ни започна бракот, неговите оставени, не се знаеше кој ќе прави свадба од неговите ?! Мајка му, која секако ме извреѓа, ја чув со свои уши, пробува да ни растури брак, од х причини. Имаме си синче 1 годинка.Татко му прежент проблеми прави околу роденденот на малиот, ќе идам со "таа", мајка му вели ако дојди таа и јас не доаѓам, не заулавеа.Уште што не го растуреа роденденот... Дојдовме до период кога буквално немавме леб да јадеме, неговите со прст не мрднаа, татко ми да не беше гладни ќе бевме .. Добро, пројде и тоа. Сега некоја криза во бракот, кавги, расправии, вреѓање, имаше и ситуација каде ми ги стисна и двете раце, а јас со малиот во раце. Па као јас провоцирам, јас сум крива, ова она, ок.Еве јас сум крива да речеме, во др ситуација, пак расправија, почна да збори главата ќе ти ја расцепам, ова, она ќе ти направам ... Па не можам веќе бре луѓе, јас немам никој освен татко ми, мајка ми е почината, брат сестра немам... Животот ми се одмили, живеам само за син ми. По ретко се дружам, немам желба за дружба со луѓе. Невработена сум. Немам никого на кого да кажам, ама баш буквално никого. Многу пати татко ми ми вели ти ќути си, не се расправај и не можам да се потпрам на него во вакви ситуации. Не ни му кажувам повеќе. ЕПА НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ!
Под итно да пријавиш во социјална служба и да бараш да те извлечат од таму. Само немој да си му зуцнала нешто за сјодвање!!!
Ne Nemash tuka shto da spasuvash ili vlozuvash vo vakov brak,osven da si zaminesh... ziveesh so nasilnik,a takov chovek nikogash ne se menuva da si znaesh!!!
Сум слушнала за многу примери каде најубави врски и бракови станале пекол но не сум слушнала ваков лош брак да се средил. Така да, не знам ни што очекуваш во иднина. Сигурно работите нема да станат розеви а тој да се промени кон подобро. Оди си. Колку е помало детето толку подобро. Верувам дека ќе имаш помош од татко ти. Обиди се да најдеш работа, детето може во градинка да оди ако има можности за такво нешто. Не дозволувај некој да ти ги уништува најубавите години од животот.
Постојано си велам, каде јас згрешив, јас ли предизвикав да дојде до тука, сепак сакам детето да ми расте со двајцата родители.
Ако евентуално имало нешто од твоја страна причина сопругот ќе ти ја кажел. Така да причината е само тој, и само тој си знае зошто се однесува така. Може е бил таков цело време во помала мера, може има друга и повеќе не те сака, причини може да биде било што. А што ако има двајца родители детето кога само трауми ќе има од нив, дека тато ја мрази и навредува мама, дека и вели дека главата ќе и ја скрши. Како можеш да сакаш детето да ти расте во таква нездрава средина , ама само и само по секоја цена да не се разведете. Ти напротив треба да се разведеш за да го заштитиш детето да слуша и гледа такви работи по дома, не си свесна кој трауми ќе ги доживува во иднина со таквата ситуација дома. Не можам да ви доловам колку многу грешите сите што не се разведувата од ваква причини, демек детето со двајца родители. Која е поентата на двајцата родители ако очите си ги вадат по дома. 100 пати подобро да живее со еден родител ама во мирна и здрава средина.
За почеток најди работа и запиши го детето в градинка. Ќе смениш средина, ќе се смешаш со луѓе. Ќе се тргниш настрана малку од маж ти и ќе имаш можност да ја изладиш главата и да донесеш правилна одлука дали вреди нешто да спасуваш од тој брак. Ако одлучиш да си одиш, барем ќе имаш некој денар и работа за да можеш да почнеш од некаде.
Ништо не згреши ти. На насилник не му треба нешто да згрешиш, за да биде насилен. Ќе си нај рачка. Тој те има убедено дека 'ти си крива оти е насилен'. Бев во таква врска и ти кажувам, дека не треба да чувствуваш вина за туѓо однесување. Долго време ми требаше за да 'си простам', зато ти кажвам. *Ела ваму една гушка да ти стегнам
Имаме две деца, од кои едното новороденче. Нормално, станување навечер, бурно секојдневие со две малечки и еден куп обврски. Но, претежно се на мој грб. Мм работи, но викенди не. Ноќта го оставам да одмора, јас правам млеко, пресоблекувам, нишкам до заспивање, спијам во седечка позиција, и така се' на се' во текот на ноќта спијам 4-5 часа со прекин. Не се жалам за ова, зашто доволни ми се за да функционирам наредниот ден. Се жалам на тоа што од мм немам никаква помош, а веќе имам и пишувано за ова, но со доаѓањето на новиот член ми стана потешко. Сабајлето ја спремам поголемата за во градинка, ја носам, се враќам и почнувам со домашните обврски, јадење, пеглање, перење, собирање играчки, миење садови. Мм покасно почнува со работа, но го оставам и сабајлето да поспие. Кога се прибира воопшто не фаќа ништо по дома, ручек е на мене, никогаш до сега ги нема пресоблечено децата, а во сите овие години никогаш нема ни ми помогнато да ги избањам, а не пак самиот да го стори тоа. Поручекта одмара, додека имам помош тука од мајка ми и друга блиска личност. Конкретно денес, денот беше така што од сабајле беше со нас, потоа ние излеговме надвор, тој си прилегна, се налутив, потоа заврши нешто по дома, ми дојде помошта мене и тој пред компјутер беше буквално 4-5 саати, без да праша дали нешто треба низ дома, да помогне, само дојде за ручек. Да напоменам дека друго немам мака, се согласуваме за други работи и повеќе од супер, за финансии, за планови во домот, околу децата, трпелив е со мене... Пишувам овде затоа што повеќе пати се имам обидено да зборуваме, му кажувам се' отворено, демек ќе се смени но ништо. Не знам како да постапувам, затоа барам овде совет, не знам како да се однесувам, освен да се налутам и потоа пак сама да завршам се' и да си легнам нервозна
Да постапуваш така што ќе му кажеш: јас ќе направам ручек, ти прошетај ги децата. Ти усисај, дури јас ги бањам. На маж нема сам да му текне да пофати нешто по дома, па наместо да се нервираш и да чекаш сам да работи, дај му задолжение.
За почеток пробај да му задаваш обврски. Пример додека ти готвиш тој да ги занимава децата, или додека ти ранеш дете тој да ги среди садовите. Ако одбива, напомени му дека ќе почнеш да ги завршуваш само домашните обврски што се за тебе, како на пример само за тебе и децата ќе готвеш, само твои алишта ќе переш и пеглаш, само твоја навлака за перница ќе менуваш и сл. Ако не бива со арно, јас би пробала поостро, тешко ќе е еден период така да живееш, ама ако треба секој ден леб и ајвар јади додека не сфати дека си сериозна и не преземе нешто околу тоа
Вака ќе си го решиш проблемот.Еден ден ќе станеш и ќе направиш јадење само за децата,ти намачкај си нешто.Кога ќе дојде он кажи имав обврски немав време за ручек.Машини не му пуштај два три дена ако рече чисти алишта речи му нема кој да ги чува децата.И така недела две ќе види не бива ќе стане да помага.А ако не стане остави го да оди валкан и непеглан.
Така уште полошо ќе стане можеби и тој ќе проба некако да ја уценува она ако проба така, најдобро е да си разговараат и на фин начин да си најдат решение
Ovie problemi poteknuvaat od majkite koi gi vospituvaat svoite sinovi so slednava rechenica: ,,nemoj sine ti, jas ke napravam se. ti lezhi i odmaraj." Znachi majki, zheni koi imate sinovi daj osvestete se deka sinovite ne vi se kralovi a soprugite nivni sluginki. IZLEZETE od zaostanoto vreme, kade zhenata gi zavrshuva site domashni obvrski i ne odi na rabota. Sinovite ne vi zhiveat vo hoteli, pa drug da im chisti, pere, pegla gotvi. NE SI GI PRAVETE SINOVITE NESPOSOBNI PARAZITI I INVALIDI koi ke ja tretiraat soprugata kako sluginka.
Фала ви, се' се врти околу тоа да му оставам обврски, а можеби делумно и кај мене е проблемот со тоа што сум научена од никој ништо да не барам и да не чекам, секако оваа ситуација е поинаква, станува збор за партнерство. Јасни ми се на теорија некои работи, но ви пракса секогаш наоѓам изговор за да не применам некои совети
Во очи ми падна дека си пишала не ми помага со малата, ама нема што тој тебе да ти помага туку ќе го научиш да си ги делите родителските обврски околу децата, тие не се само твое задолжение па тој тебе да ти помага. Очигледно тој од збор не се разбира, си пишала сте разговарале ти вели ќе се смени и ништо тој пак си тера по старо, затоа ќе си почнеш со дела да му покажуваш, го учиш и превоспитуваш. Не е ученик на летен распуст по враќање од работа, ќе си учествува во се околу децата и домот. Друго што ти е грешка, ти се правиш самата или со помош пиша од друга личност или мајка ти и тој знае дека секогаш друг ќе ги заврши неговите обврски, па престани со тоа се да средуваш. Остави на него, пример му кажуваш дента утрото треба тоа и тоа да се среди. Доаѓа тој дома одмара, потоа ако не го сработува задолжението и гледаш си седнал на компјутер културно го потсетуваш. Пак не те регистрира му кажуваш ќе остане несработено затоа што ти, жената или мајка ти нема да го направите тоа што е негова обврска.