Не најдов ништо слично,па ја отворив темава,ако не е во ред бришете. Сега се случува еден од најголемите и најубавите настани во Европа, кралската свадба.Преплавени сме од информации за венчавката на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон,па би сакла да прокоментираме малку за идната принцеза. Мене лично оваа девојка ми е премногу убава,симпатична и сигурна сум дека го живее сонот ,Која од една обична девојка станува принцеза. Мислам дека ќе биде достојна наследничка на својата прерано почината свекрва,Принцезата Дијана. Нека им е со среќа.
Kate Middleton Jaс си пишував за нејзиниот стил на мојот блог па еве го линкчето да не се повторувам. Воедно и да не ги копирам сликите од нејзните комбинации, од колекцијата шапки, чевли, чанти, акцесорис.... и вереничкиот прстен. http://the-fire-inside-me.blogspot.com/ ... -kate.html
Kate Middleton Значи како прво не подуа со свадбата на принцот Вилијам, но си имаат право вакви свадби не се случуваат секој ден. Е вака за идната принцеза морам да кажам дека си има стил кој и одговара на една принцеза. Многу ми е симпатична и прекрасен пар се со принцот Вилијам. Предобро се облекува девојката на која и се оствари сонот за кој сонувааат безброј девојки, од обична девојка стана принцеза
Kate Middleton Mногу ја сакам Kate,прво зрачи со добрина,милина абе срцка е,за стилот нејзин ми се допага,елегантно,софистицирано,со еден збор права дама Tолку од мене
Kate Middleton Многу ми е симпатична и слатка прва срцка ми е со еден збор се соглaсувам со wolf4e преубав пар ми се со Принцот Вилјам девојкава дефинитво има прекрасен стил им посакувам многу среќа и се надевам дека ќе останат заедно до крајот на животот .
Kate Middleton Иначе од утре темава да се преименува во Catherine Middleton, зашто откако ќе стане принцеза никој не смее да и го крати името и да ја вика Кејт или Кате по нашки Сериозно ова, дури и кралицата потенцирала од утре е она Кетрин и точка А она ми е слатка, дури сеа и се проубави, алал да и е си го бркна принцот, али реално принцезите немаат нималку бајковит живот, посебно кога би живеел и би ти била баба Елизабета Кетрин не смее да работи, единствено во добротворни и хуманитарни организации, стилот ќе и е исклучиво класичен, нека си ги заборави кратките фустани. Али мене па во последниве слики што ги имам гледано од неа баш е добро средена, како на пример тука Али не да не напнаа со свадбава. Како и да е ќе пуштам утре да видам што фустан ќе носи. Најинтересно има обложување во Англија колку се шансите она утре да побегне од пред олтарот? Мислам да она со 50 кг венчаница, со принц од Велс под рака, со дијамантски веренички прстен од 1,5 милиони долари и со златна кочија пред црквата ќе избега. Аха рајт!
Kate Middleton Мислам дека го прочитав врвот - ќе се "пакувал" во шишиња и продавал воздухот од свадбата Какви бизарни работи смислија околу венчавкава.... Ова стварно звучи ко бајка да станеш принцеза, ама јас не би сака баш ваков живот. Нормално дека би сакала ваков лукзус де, да не се лажеме...не дека би го одбила принцот ако ме бара али прстен од 1 милион и тотално затворен дух и живот полн со правила, однапред све испланирано, несмееш да мрднеш.....хм, не баш ^Јуле, ако несакаш труење, не е задолжително отварање на тема. Можеш слободно да ги читаш само оние теми што ги сакаш, не е според правила читање на секоја тема на форумов Feel free да ја рипнеш секоја статија посветена на кралскиве персони
Kate Middleton 1. Не е Јуле...читај подобро... :geek: 2. Не морало да ми реплицираш...можело и можеш да ме скролаш т. е. да ги скролаш моите коментари или постови... 3. Имам право и јас да про мрчам за нешто...нели Се извинувам за офф топик коментар...Толку.
Kate Middleton Многу фама се крена,а воопшто не се интересни во никој поглед,се е според некои правила и принципи,а не како што тие двајца сакаат,за мене тоа е многу глупави,ама сепак е кралско семејство и мора така нели?Не ми се воопшто интересни ни за гледање.Девојкава ми е симпатична,ама од принцов и од татко му погрди суштества не сум видела,немам коментар,никогаш немам навика да вреѓам некого за тоа дали е грд и јас може на некого сум му грда,ама луѓе ова како изроди се не знам што да кажам
Kate Middleton Тоа дека се крева голема фама,да,но ова е кралска свадба и настан што не се случува секој ден. Профитот од кралската венчавка во Англија се проценува на огромни суми, и сега се е во знак на тоа. Спојлер Во Лондон дури се продаваат меѓу многуте сувенири, и кеси за повраќање,доколку на некои им се слоши од лигавоста на настанот. Од утре е официјално Кетрин,незнам народот колку ќе го применува тоа,зашто Принцезата Дијана ја викаа Леди Ди.
Kate Middleton Баш пред некое време се расправав, да речам, со еден Британец кој воодушевувачки ми кажуваше детали за свадбата и за оваа Кејт (Kate who? whoever that woman is ) и јас, малку некултурно од моја страна, признавам ама што да правам - р’же не се држе, му се с’снав и почнав да му удирам малку потценувачки дис, но едноставно не ми е јасно што толку оргазмично ја дожувуваат некои Британци свадбава?! Конкретно од него сакав да ми каже реален аргумент зошто имам чуство дека ќе прсне кога и да ги спомне Вилијам или Кејт. Ама, стварно. Која е оваа Кејт па да се зборува за неа? Принцеза? Е каква принцеза? Таква што цел живот нема пипнато веројатно ни чинија, и нема ни да пипне и ќе живее од парите на милиони Британци кои горди на кралското семејство (патем да ти се плукнам у таквото семејство) си даваат пари од својот џеб директно во џепчето на Кејт и компанија. Епа ете и го стилот. И ја би да имам стил со такво педигре Што правиш маме? Еве собирам парички, уште од оние од Ливерпул да ми стигнат па одам да си купам костумче какво што ми таксала баба. Не знам. Ај доволно негативистички звучев, да не ме затепате Само сакав да доловам колку навистина не можам да разберам како некого го фасцинираат вакви персони кои ништо друго во животот не направиле освен тоа што се свршиле со еден принц. Немам намера ниту да ја следам неа ниту начинот на кој се облекува. Имам милион прекрасни девојки во моја околина кои повеќе заслужуваат моја пофалба за тоа што достигнале отколку ова Катево
Kate Middleton Извини julie77, нареден пат ветувам дека ќе читам подобро, впрочем ќе проверувам по 2пати Не ти рециплирав, само ти дадов надобронамерен совет, како да останеш незатруена, за твое добро. Немам потреба да ги скролам твоите постови, воопшто не ми сметаат. Не те труеме ние, сама се труеш со читањето. И последно, нормално дека имаш право, никаде не ти го ускратив....само ко што кажав погоре, совет ти дадов
Kate Middleton Зошто секој британец на ваков начин ја доживува свадбата? Затоа што веруваат и се крстат во својата кралица.Таму членовите на кралското семејство се личности кој секој ги сака и ги почитува.Таму постои почит кон монархијата. Нешто што не е типично за нашево поднебје. А Дијана беше на широко позната по својата улога како хуманитарка,иако ништо не работеше. За некого ова сето е патетично,за некој симпатично.
Kate Middleton Колку невпечатлива фаца има, тоа е чудо. Ги изгледав сите слики, и пак нема да ја препознаам ако видам друга. Убаво се облекува. Ништо не знам за неа
Kate Middleton Алиске овај што го смислил ова е многу паметен. Ќе си купи шишиња, ќе го "фати" воздухот од свадбата, ќе потроши едвај некоја фунта, а тоа ќе го продаде за цена колку буџетот на Р.М Будала, ај да не велам будала, сонце ќе го наречам е тој што ќе го купи. Замисли одиш негде на гости и ти вели Паааааааааааази го тоа шише. И ти што има внатре, а потоа добиваш одговор јаглеродниот диоксид што Вилијам и Кате го издишиле на свадбата Што нема да му текне... Смајли што се чеша како мајмун за семки едно триесетичетири пати
Kate Middleton Јас па си викам а ќе има ли шишенца со нивните прдешки, да си купиме едно такво да видиме како мириса кога некој аристократски ќе ослободи гас?! Баш денес еден колега ми ја прокоментира оваа Кејт, кој инаку долго има живеено во Лондон - For a British she's averigely OK - и баш така и си мислам. Ајт нека им е со среќа а и на неа секој нов шешир. Ах, да тело има гром, ама што е и тоа битно Забегавме со темава малку се извињавам, толку од мене
Kate Middleton Леле што прашина се крена! Нема програма да пуштам,а да не слушнам Пренос во живо од кралската венчавка...Романтичниот пар....Филм за прекрасниот пар...Принцезата Едноставно не ми се допаѓа! За стилот ти нема д аимаш стил кога ќе бидеш удавена од пари па ќе можеш да купуваш облека од славно познати дизајнери и тоа ти е стил?! Please... И таа и принцот (смајли што прави со прстите наводници) ми се едноставно без врска тој ќелав таа згодна, веројатно не ја има шармирано со своето кралско однесување(или разгаленост) туку таа си има пеено од Џеси Џеј само поинаква верзија на Прајс Тег Money,money,money, we really need your royalty money, forget about the price tag just get me what I want heyy!
Kate Middleton Вилијам и не е толку гадно суштествие,мене дури и ми е симпатичен.Ех кога е прост,можеше мене да ме земе,стварно крал да биде,а не вака,чисто протокларно,декларативно и невистински! Зашто па да не бе?!Па што!Шансата на оваа и беше една во три милијарди и не е мала работа во реалноста да ти се деси дизниева бајка,не?! Мене ми е благо антипатична,веројатно зошто ме потсетува на онаа Камила,а од друга страна не и е лесно мајке ми.Што ќе и пари,што ќе и сВе,кога не може да си ја прчи онака како што неа и одговара!Никогаш нема да има нормален живот,ниту пак ќе може да се изнаужива во благодетите на богатството,а сакале или не сакале да признаеме,богатството е задоволство!Ќе глумата хуманитарка.Мене дури и Лејди Ди не ми беше нешто особено,особено затоа што неа и беше дел од описот на она што принцеза мора да го прави,а не затоа што сакаше.Неа многу и беше гајле да се слика со црнче со колера,ама мене не ми е сеедно,мајке ми.Мене ќе ме остаат да умрам,а може и третокласна вакцина да ми дадат пред настанот. Ал интересно е,зошто да не! Поинтересно ми е,него ли да слушам за Авганистан на тв и слични срања.Сепак и реалноста може да биде некогаш колоритна ако имаш доволно среќа и се најдеш на вистинското место во прав момент како оваа цуцава која патем ми делува како да трие рачиња,а не е ни свесна шо ја чека сеуште. Ај,Хари ќе го ловам,ако е жут,јас сум убава! Ќе им дадам малце македонска убаина у кралското им семејство и плус! ќе го направам крал,толку многу ќе ме засака баба му,а оваа со се Вилијам ќе ги испратам у летната колиба од 1000 квадрати да живеат таму до крајот од животот!