Како сакате да биде сервирана вашата вечера ? Јас обожавам убаво средена маса со убави тањири ,чаршавче салфетки значи ситни детали ми се битни а најмногу ме воодушевува кога храната е убаво декорирана ,па затоа доколку имате некои слики или идеи како да се направи декорација слободно пишете зошто впрочем храната прво се јаде со очите нели.?
Да беше машки форум немаше да ме изненади ама ова никој од женскиов род да нема инспирација да направи нешто катастрофа се разочарав.
Браво јас неможам да прикачам слики ми се допаѓа ова вторава е пформална а првата е баш слатка ке пробам и јас да ставам нешто може и дома да сликате сто сте направиле баш би било супер . Таман се откажав од темата ме врати во живот :up:
Декорирање на храната Од секогаш уживам освен што ке биди зготвено да биде и убаво и интересно декорирано
Темава е супер, не знам како не сум ја заприметила , најмногу сакам да имам убаво декорирана маса и декорирана храна особено за домашниот празник, и за другите празници. Ќе ставам утре слики од некои мои идеи
Јас па немам многу многу живци за сервирање, ама па некогаш (ретко) кога ќе ми е ќеф, со се‘ што ќе најдам ќе ја издекорирам масата, на мајка ми после косата и‘ се крева кога треба да собираме
Најмногу ве молам ако знаете да ми кажете како се прават овие? На филмот брац има слични но со розово и бело. или барем како се викаат и овие