Го осудувам насилството врз жената и секоја жена , мајка која има сериозен проблем со тоа мора да биде заштитена од општествето. Сметам дека треба да се донесе еден подобар закон каде ке има кривична одговорност за мажот. Значи жената да биде свесна самата да пријави доколку тој проблем е нерешлив. Мора да има построги казни за насилиците за да не си дозволуваат така лесно да се се однесуваат. А мора и некој доколку од блиските насетат дека има проблем да и помогнат на жртвата или блиска пријателка.
Мислам дека добар дел од младите девојки се свесни за дискриминацијата врз основа на пол. Сами си го одбираме партнерот. Дали ќе биде стандарт на мама синчето маШ или малку помодерен зависе од самата жена. За мене лично идеално би било да си ги делеме домашните обврски. Јас ако сум жена не мора дека по дифолт мора да сум домаќинка ни па сакам да сум домаќинка. Друго, не би можела да сум со некој што за да не ги извршува обврските ќе се пере со тоа "жената треба да му служе на мажо". А го чујам тоа, мојот мозок автоматски ја става таа личност во на дедо Ное времето. Друго, милион пати сум била сведок на префрлувања и кажувања секакви зборови. Желби на "случајни минувачи" секојдневно. Еден беше толку запечен во глава што до дома ме следеше и му се заканив фино лепо дека ќе го пријавам. Го пријавив и кога кажав кој е ми рекоа "девојче не можеме ништо ние там". И искрено сето овоа е ср*ње мажите како ги понижуват жените. Али, почесто е жена да напаѓа жена. Коментари од типот "види ја како се облечела", "сама со дете", "мажо и е пет години помал. Срамота како го мота" итн... Од тие излава најголемата дискриминација. Место жена со жена да се поддржува они се напаѓат. Испаѓа како со свој камен по своја глава. И мене неколку пати ми се има случено да ми кажат гости, роднини и такви рандом фаци "ееее каква домаќинка ќе бидеш ти на маж ти?". Прво ич не ми е во план домаќинка да станам. Второ, who knows. Можеби никогаш нема да се омажам
Дневна доза македонски невести: Еднава слики од мало девојченце има на фејс. Многу ме интересира каков ќе биде ставот на госпоѓите ако нивно дете го силуваат, дали вака publicly ќе шејмаат жени. Оф мори мајко мила.
Истиве вакви жени анонимно бараат помош во групи/на форум затоа што им е срам да ги знаат дека се во брак со насилници. Ама важно јавно да плукнат се први. Ко со девојката од Куманово..
Нека Ви е честит 8 ми Март,драги Феминки! Верувајте длабоко во себе и во правото на еднакви можности без разлика на полова, сексуална,религиска и друга определба. Не се откажувајте од битката! Смешен ми е само моментот, на денешен ден многу женски организации во светот и други борци за човекови права излегуваат масовно на протести,нашиве жени одат на шопинг или се пијанчат у кафана а вчера изела дебел ќотек од муж и или газдата сексуално ја тормозел за пишани 200 евра.
https://www.facebook.com/groups/571954476550421/permalink/868813706864495/ Ова видео го видов, кај нас се случило во Штип, се изнервирав се поддув од склет! Ах да сте ми само во раце сељаци џаболебари, има да ве горан со пржен зејтин дури кучето ми ви ги кине тоа смрдливите газови!!!!!!
https://www.facebook.com/1514084682041288/posts/2751529918296752/ ПОЛИЦИСКА ТОРТУРА ЗА ОВИЕ ГНАСИ! КОПИЛИЊА
Не можам само да разберам како можи да не пријават такво нешто. Никој не треба да трпи такво нешто ни заради срам, ни заради децата, ниту за било што друго. Ако некоја девојка има насилен дечко треба да го остави одма затоа што тој никогаш нема да се смени, а не е касно ни за оние кои се во брак. Постои развод. Само не ми е јасно како се справуваат оние девојки кои имаат психички пореметени партнери кои се спремни да му го уништат животот ако му се спротистават. Да ќе го пријават, но не може полицијата постојано да биде покрај нив. Кое е решението за ваквите случаи?
Девојката на видеото е од Штип, јас не успеав да ја препознаам, ама сега ми кажаа која е.. Два пати претходно мислам дека била жртва на силување.. И на видеото кога гледав многу жал ми падна, воопшто отпор не им пружеше, се сокри во ќош, а овие како лудаци маваат по неа.. Ми се лоши и ми се гади од психопативе..
Леле, страшно. Многу ми падна жал за девојчето, ни видеото не го изгледав... А зошто ја истепале нешто велеше дека била бремена или?
Па не знам, и јас не разбрав. Едниот ја прашува дали е бремена од него, и го зеде телефонот и и го искрши. Исто ја притискаше да не кажува на никого, јас така сфатив, и велеше “ќе јадеш ли гомна а?” И девојчето плачејќи одговараше дека ќе му го заборави и името и никаде ништо нема да спомене. Нешто ја прашуваа кога требало да и дојде менструација, она кажуваше датум 15ти мислам слушнав. Не се разбира убаво целиот разговор, девојката потресена и преплашена зборува некако неповрзано.
Страшно е тоа што можно е идиотиве да се извлечат само со мерка притвор или како што прочитав 1 година затвор им се заканува. А можно е девојката и да не ги тужи и така да си останат..
Добро, па девојчето секако дека има и родители па тие секако ќе направат се што треба и ќе ја заштитат..
Сега треба вака и нив да ги испеглаат да видат како е леле кожава ми се крена.. Девојкава изгледа е бремена пошто едниот ми изгледа како да држи тест за бременост. Ако е така тешко неа ако е на еден од овие лудациве треба да и се помогне на девојкава некако.
Леле, како бе само една година затвор... Вака испаѓа и да ги тужи, ќе излезат по 1 година и после тешко неа. Како да сака да ги тужи кога ваков ризик би ѝ тежел над глава? Другарка ми не сака да сведочи за кражба против една ненормална жена (а има и јаки врски во МВР) од страв дека после казната ќе биде малтретирана, не пак со вакви насилници... Како не се свестија властите низ годините да направат построги казни за вакви работи, тоа најмногу ме нервира, не можеш да си мирен и да фатат и казнат некој од можноста со лесно да си поминат и потоа уште полошо да ти се врати... Па како може толку случаи да има и да не се свестува државата
Тоа е најстрашно. Ќе се исплаши и нема да ги тужи.. А таа секако што ќе си добие после ова не знам... Од една страна добро е што се дозна и што ќе се преземат некакви мерки, од друга страна е лошо што е премногу понижена, сите го видоа ова и ќе биде предмет на осуда од некои..