Во оваа тема може да се споделат информации и искуства или пак да се поставуваат прашања во врска со постапката за донирање јајце клетки.
@tina2018 Ремедика ти било најевтино, ама и ,,најнепроверено,, со Димитров и се е можно. И сега кога ќе собереш 2+2 пак ќе си платиш колку што било во Систина. Сега и да идеш да се буниш џабе ти е се, знам како се функционира, џабе ќе ти е малтретирањето и стресот, мој совет тоа нека ти биде искуство плус, поука за утре. Појди пак Систина, Њуборн и збирај пари, дај боже во меѓувреме да најдеш донор кој и би ти подарил јк. И да легално е една жена да донира повеќе јк и да ги распределат на повеќе парови, легално е и во иста земја да е ,,тргувањето,, само нели не е секој спремен за донација и не секој размислува исто ^^ ајде сиктер на годинава, 2019та сите да се исчистите од овде, за жал нови ќе дојдат и пак нешто ќе се врти, ама ете Вие 10тина + што сте 2019та да е ваша, догодина ова време да сте со бебчиња во раце
Мислам заради тоа носат од странство. Имаше и некои правила колку пати може да се донираат ј.клетки. Ако го знаеш примателот е ок, ама еве @A&Z не знае дали се во мк или странатво. Малку чудна политикава на ремедика.
За Ремедика ова ми е новина, ич не знам како функционира. За Систина, Њуборн со сигурност знам дека ако донираш ги праќаат во други банки надвор од МК, а они повлекуваат од таму, како замена ќе му дојде. Секако ова доколку не донираш на Х особа, па потпишуваш согласност..
Таман работа ако од една жена на неколку ги распоредат јк во Мк. Зарем ќе ги бркаме децата и ќе бараме историја на зачнување и донори за да не дојде до вкрстување на ДНК ? ДНК е запишана во генетскиот код односно во самата јк која е носител на гени. Јас и затоа толку сум против и до последно се борам да не одам со донаторски јк.
Димитров ми го препорача матичниот, па му верувам, а имаше и многу гужва кај него. Мислам дека направи све, ама процентот е минимален на успех од 3 јк, само се надевав на чудо.
Ај да пишам и тука: ако има некоја жена со вишок замрзнати јк и ако сака да ги донира, ке ја молам да ме бара, се разбира во договор со сопругот. Мене ми е малце незгодно, и прв пат барам, ама тоа ме советуваа од болница уште пред 2 год. На сите ви посакувам успех
Процентот на 3јк е огромна можност, оно и на 1јк е голема, најлошо е кога нема ниту една. ОК си отишла, видела, дала шанса, не биднало, можеби е добро да прошеташ по друга клиника, не е битно матичниот каде те праќа и што ти посочува, колку гужва има пред врата, најбитно е ти во што веруваш. На крајот од денот и каде сакаш иди, само да има успех, но немој слепо да веруваш
Нема за што да ти е незгодно ќе се најде ваљда некоја со вишок јк. Јас ако нешто слушнам ќе ти пишам обавезно. А најмногу од се ќе ме радува ако ти се деси чудо па да си останеш природно. Имаме во форумов такви жени лавици.
И јас од петни жили се борам да дојдам до бременост со мои јк. Инаку уште во 2014 добив ваучер за со донирани јк. Но сакам прво сите можни опции да ги искористам па после да размислувам за со донирани јк. Добро што постојат банки за јк непознат донор за мене е најдобра опција. Сепак за инцест не ми се размислува валда има некаква заштита пр од иста донорка ј.клетките да не се донираат во иста држава барем се надевам дека е така.
Јас сум ЗА донирање јк и ми стои како план за во иднина откако ќе родам колку што мислам дека треба. Процедурата немам поим како иде а баш ме интересира. .
Мислам дека е зезнато и една јајце клетка од непознат донор од Македонија да се оплоди во Македонија. Мала земја сме. Размена меѓу болници од различни земји е сосема ок.
Најпрво треба да направи генетски испитувања цистична фиброза и бета таласемија во ману. Хепатит в и с Хив ,пап,хормонален статус на 3 ддн од циклус,микробиолошки испитувања и ултразвуучен преглед. После донорката потпишува на нотар согласност исто и нејзиниот сопруг. Парот кој е примател оди исто на нотар,правник и психолог после документите се испраќаат во министерсвото за здраство за да се добие дозвола за процедурата. После следи стимулација следење на фолекули пункција .
Да, ама и многу се согласуваат на донирање бидејќи една ј.клетка вреди и до 500еур па сега види дали ти се исплаќа Иако кај нас не постојат банки за донори можеш да се договриш со некоја членка за некоја сума да не ти биде и тебе малтретирањето џабе
A ако јас би донирала јакце клетки кој би ми ги дал тие пари? Жената која ги зема јајце клетките или некоја институција?