Форумџика на годината

Истрага за убиството на Вања и Панче

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 12 декември 2023.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.090
    Пол:
    Женски
    Спасовски: Истрагата за убиството на Вања и Панче не може да ја водиме во медиумите, туку во Обвинителството

    Истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не може да ја водиме во медиумите, таа мора да се води во Јавното обвинителство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во кои се бараа дополнителни информации за овие две убиства.

    „Со поднесувањето на кривичните пријави целата истрага оди во Основното јавно обвинителство (ОЈО). Сите овие детали се разгледуваат во ОЈО на основа на прибраните податоци или на податоци кои ќе ги прибере Јавното обвинителство. Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата заради тоа што не можеме да ја водиме во медиумите, таа мора да се води во Јавното обвинителство“, рече Спасовски

    Овде може да се продоложи со дискусијата, но ве молам без истите повторувања од другата тема. Споделувајте новости кога ќе има.
     
    На sunshinebabe, Splendor., Mila_Mia и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

    – Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.

    Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

    – Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.

    Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.

    По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски – Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо.

    Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.
    https://a1on.mk/macedonia/bubevski-...SXDkWCnHKqR1xCFSNrmCxJtonx-Yu1T9ONHyaiO7neJnU
     
    На sunshinebabe, _beautyy_, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.062
    Пол:
    Женски
    На sunshinebabe, simoncelicius, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20231211_091316_edit_8284506510692.jpg

    Вистинските виновници, со име и презиме, кои палчо го ослободувале минативе години.
    Повеќе детали кај новинарот Божиновски.
     
    На sj *O*, sunshinebabe и Viveki им се допаѓа ова.
  5. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    palco tuka zboruva tokmu za toa ..e sega kolku e iskren ne znam
     
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Колку и да не сакам да верувам, вечерта пред да објават дека девојчето е мртво, кога пишуваше оној Петар по Фб, излезе дека се што пиша е точно, потоа и спремните емисии на Снежана Лупевска и Миленко непосредно пред да се објави дека девојчето е убиено, ептен ми се сомнителни.
    Одредени кругови на луѓе знаат многу работи, кои ние обичните смртници, не сакаат да ги знаеме.
     
    На Harper, Gosh, DragonA420 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.062
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право.
    Само на крај, и ова ќе се забошотка и ќе се заборави. На кој му треба поени ќе си собере и никому ништо. А на нас обичниот народ, Господ да ни е на помош.
     
    На sunshinebabe, Amelia и Mnik им се допаѓа ова.
  8. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Вања НИКОГАШ нема да ја заборавиме. Ова нема да заврши без вистинските нарачатели и заштитници на убијците да си го добијат тоа што го заслужиле.
     
    На Liduska24 и Dilajla123 им се допаѓа ова.
  9. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    Точно,нема да ја заборавиме,ќе ни ги стега срцата помислата на неа,исто како и за децата од смилковско ,ама се согласувам со @Viveki ,исто и како за децата мили,се ќе се скрие.Се повеќе сум уверена дека позади овие случаи,стои,нешто многу валкано,големо и некој се ќе направи никогаш да не се дознае вистината.
     
    На Harper, sj *O*, Momichka и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, бара МВР до Собранието да достави Информација за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во која ке бидат опфатени сите аспекти поврзани со ликвидацијата на Вања и Панче, вклучително и активностите и мерките на МВР, како и на другите служби за безбедност.
    Само преку сеопфатна анализа може да се дојде до клучните оценки за поставеноста и дејствувањето на системот, превенцијата, системските слабости, последици од партизацијата, толеранцијата на криминалните и екстремни однесувања, политичката заштита на говорот на омраза, неоснованите напади на неистомисленици итн“, велат од Демократскиот сојуз.

    „Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт. Комисијата го прифати предлогот, при што го задолжи министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена да достави Информација до Комисијата за одбрана и безбедност“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.
     
    На sunshinebabe, simoncelicius и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Засега само една снимка, онаа од Фуркан излезе во јавност. Од приватен објект. Од "Безбеден град" ниедна, а изгледа дека нема ни да има. Што знам, за убиството на Тот веднаш излезе, со моментот на убиство, во процес на истрага. И после шпекулации, вака било, така било, нелогичности еден куп.
    Мене ми е уште нелогично зошто би им биле потребни две возила за извршување на злоделово? Дека кангото одело напред за да го затскрие другото возило, исто ми нема логика. Значи крадеш возило чиј сопственик го убиваш, и со него планираш да извршиш уште едно злосторство. Па и морон и најглуп да си, прво нешто што е логично да сториш е да му ставиш лажни рег. таблички. Полицијата а и "Безбеден град" системот, најпрво би биле алармирани токму заради табличките. Ама не, тие не смениле ништо, и знаејќи дека ќе бидат фатени на еден куп камери, си оделе со претходница, се до крајната дестинација во Бразда. Епа чекајте бе луѓе, не е ни полицијата дебилаана, па да не врзе два и два кога ќе го види кангото на камери цело време залепено пред компромитираново возило. Јасно е како ден дека "претходницава" е инволвирана во злосторството,и дека ќе го окрка. Како би се "испрале" тие во возилото после цел филм на камери, не ми е јасно?
    Многу пологично е ако само едно возило учествува во ова, со лажни таблички заради колку - толку "удобност" дека кобното утро нема да биде препознато исчезнатово и пријавено возило. На крај возилото го палат, убијциве одат пешки до одредена точка каде би ги превзел некој со друго возило, се враќаат по друг пат, и никој никогаш не би ги поврзал со злосторствата ниту нив, ниту возилото кое им било логистика.
    Ако веќе убиле ладнокрвно две лица, зарем не би помислиле на секој детаљ? Не е ова кражба на пиперки од пазар, па ај, ќе си дозволиме да бидеме и аљкави. Вака излегува дека баш им било гајле за доказите кои ги оставаат зад себе.
    Не знам, само барам логика во работите и гласно размислувам.
     
    На Harper, Skorpija25, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Тие 3ца помошници не се способни сами да смислат нешто, ни сами не биле свесни во што влегуваат. Едниот од нив, карате тренерот го знаеле во велес како чесен човек, човек од збор. Истиот само повторувал дека е наместен. И гледајки ги какви луѓе се, сигурно не биле свесни дека ќе бидат сведоци на убиство, само зошто ако се наместени не пријавиле одма во понеделник што се случило.

    Којзнае која е позадината на се ова
     
    На Sofi.ja, orevokrsacka и SigmaMan им се допаѓа ова.
  13. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    ма да сиротите они не биле свесни|( киднапираат девојче од 13 год. и жива да останела триста трауми би и навлекле...
    Сите они се тешки преступници за посматрање!!
     
    На Harper, Maca Macka, Skorpija25 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.802
    Пол:
    Женски
    Е да бе, го осакатиле детето уште во зграда, му скршиле раце, и живо да останеше кој знае колку повреди ќе имаше, ама не знаеле што прават..
     
    На Harper, Maca Macka, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Dimitar08

    Dimitar08 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2023
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Тоа за скршените раце и вилица е шпекулација на Миленко, не е официјална информација
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    И јас мислам дека не знаеле во што се впуштаат. Не знаеме ни каква прикаска им врзал Палчо, и на што точно биле сведоци, и зошто не пријавиле во полиција.
    Ама дека сите инволвирани се психопати кои после убиство на дете мува не ги лази, е тоа ми е мистерија. Психопати скоро секогаш дејствуваат сами, многу ретко во пар, а група психопати на едно место да се најдат ми е неверојатно.
     
    На Liduska24, tanjita, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    А не е доволно психопатската изјава на тој едниот дека делото го напраил како соучесник за да има пари за свадба? :?:
    Или шпекулација беше и тоа или пак така му е наредено да изјави?

    Глејте ги у лице какви се и се е јасно.

    Никој не вика дека главните монструми се и дека не ги изиграл и искористил Палчо ко куртони ама не ги правете невини ве молам, може глупи се ама невини не се.
     
    На Konfetka, Ivan4e04, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Јас можам да заклучам само дека Палчо е премногу интелигентна и многу информирана личност,оратор,има одлична физичка појава (не го знам од претходно воопшто,го истражував сега).
    Мафијаш со психичко нарушување! Личност за опсервација,предизвик за секој психијатар!
     
    На Maca Macka, Skorpija25, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    И манипулатор тежок, кој има моќ да си игра со луѓето, да убедува и да пере мозок. Не за џабе толку го следеле, нешто ко идол им бил на изветреаните уфилмани секташи.

    Многу го имаат потценето изродов, а сите ги вртел на мал прст.
     
    На Maca Macka, Sielo❤️, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  20. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    И ти веруваш дека навистина ова го изјавил? Какви чудесии се изнапишаа деновиве по медиуми, уште волшебното килимче не го спомнаа, се' друго што им текна си напишаа.
    Не верувајте луѓе на се што е напишано, често е тоа тенденциозно.
     
    На Dilajla123, Nataska123, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.