Дали и кога ви се појави прв пат колострум за време на бременоста? Мене прв пат ми се појави во 7 ми месец, еве ме сега сум на почеток на 9ти месец, некако повеќе ми истекува, еве вчера да не речам од едната града во текот на цел ден 3-4 пати по 2-3 капки си течеше, и баш флеки на маицата ми направи. Дали е тоа нормално, и најбитно- дали доколку се појави колострум за време на бременост е сигурен знак дека после пороѓај ќе имам млеко за доење, или ова не е никаков репер за тоа?
Mene mi se pojavi nekade koga bev 4-4,5 meseca... stalno.si tece od togas gradnicite majcite bodinjata mi se so beli fleki i mi propusta preku majcite pa i na pizamite imam golemi locki.interesno mi e sto osekam koga tece..se izv za lat od mob sum
Јас пред некој ден приметив како прозирни капки беа, а до сега не ми тече мн, да ми ја валка облеката
Јас сеуште немам такво нешто....Значи од градите ништо не ми течи....Се надевам дека ќе имам ама во мали количини хехехехех но како и да е има начини како да се справиме барем во денешно време....
А тоа треба да протече додека си бремена или нема врска може и кога ќе се роди бебето па тогаш да потече??
Колострумот кај некои се јавува при крајот на бременоста, а кај некои после породувањето. Се е индивидуално.
Јас вчера читнав случајно дека во поголем број случаи колострумот се јавува веќе во 7 месец од бременоста и дома проверив, се притиснав по градата и потече белузлаво топченце течност. Нека кажат оние што искусиле дали е тоа знак дека откако ќе се породиме тоа значи дека ќе имаме доволно млеко за доење?
Мене првпат ми протече после пораѓај,во текот на бременоста немав никаков исцедок од градите. А и како што знам колострумот не е проѕирна течност,туку е жолт и густ
И мене првпат ми потече после пораѓај, кога сестрата проверуваше дали имам млеко. И веднаш го стави син ми на града за да повлече од колострумот.
Белузлава проѕирна течност е заради тоа што телото се припрема за пораѓај а во бременоста тоа не е млеко туку да речам некоја почетна фаза која после пораѓајот ќе премине во жолтеникава и погуста течност и тоа е всушност колострумот и е најбогат со витамини па затоа новороденчињата веднаш ги ставаат на гради да цицаат.
Јас освен жолтеникави корупчиња на пупките немам забележано ништо друго до сега. Шубе ми е да ги стиснам градите уште сега за време на бременоста, се плашам да не си направам некоја компликација. Претпоставувам дека баш тие жолтеникави корупчиња се резултат на колостралното млеко кое можеби веќе го имам, или не?
Јаготче и јас имам жолтеникави корупчиња на пупките, не знам дали се тие почетен знак на колострум ама јас случајно се стиснав, не бери гајле сосема нежно ќе ја фатиш градата и околу темните кругови над брадавицата нежно ќе се стиснеш со двата прста (палец и показалец). Ако имаш белузлава течност е знак дека твоето тело е веќе припремено, ако не, и тоа не е страшно, ќе ти се појави покасно, секој организам е различен. Немој да ме сфатиш здраво за готово да се стискаш постојано, еднашка провери и толку, да не си направиш некоја компликација.
Женски, дали и кога почна да ви тече колострумот од градите? Јас сум 18+ нед. и денес кога ги претиснав брадавиците ми излезе млечно бела течност. Мислам уште рано е, дури и се почудив.
Мене мислам околу 16-17 недела Прво имав проѕирна течност, а еве сега во 24 недела веќе е бело, но е малку само на боди приметувам кога не носам градник низ дома, и како флеки ми се познава.
Денес за прв пат почна да ми тече од левата града течност случајно приметив кога маицата ја повлеков ми беше залепена и имаше флека по некое време и го осетив течењето. Сега на допир малку ме боли градата дали е нормална болката?
Сега сум 27 недела и од пред 2 недели кај градите стално ми е влажна маицата како флекички има. Што може тоа да е?