Дали користите нешто за под пазуви, знам дека стикови и дезодоранси се штетни но дали од хормониве многу мириса потта по три пати на ден се мијам. Има ли нешто што е дозволено
А ти тоа озбилна си ?! ств прашуваш ова стварно не користиш ништо ?! кој успеа да ти го стави тоа во глава како може да не користиш ништо ами да беше лето користи си слободно и дездоранс и парфем немој да зезаш штетно било ајде сега сиг некој ќе почне што содрже па навлегувало у тело одело на каде .. Секоаш прво земете се себе дека сте жива здрава и дека нашите мајки сиг не читале форуми видеа гледале нз што јаделе све и свашта па ништо не ни фале
Ако сподели некој позитивно искуство(освен туширањето) и јас би сакала да прочитам. Кај мене беше страшно, двата пати, со месеци. Потоа магично само од себе го снема. Будењето во текот на ноќта по икс пати цела испотена како некој кофа да ми истурил и неконтролирано потење со јака миризба и преку ден ми беа секојдневие.
Само често туширање. Секако додека е мало миење гради пред секој подој ( јас се муев со истото што бањав бебе) и ќе измиев и мишки. Ако одев надвор ставав стик и миев дома пред подој. Тоа беше потење чудесија мислам дека се што бев отечена пред пораѓај излезе преку пот.
Мајка ми е фрик за парфеми и секогаш за да мириса убаво. И мене и сестра ми по над 20+ месеци не доела. Во врска со дезедорансите и парфемите во текот на доеничкиот стаж, кога ја потпрашав и го спомнав муабетот кој тука го имав на времето прочитано....жената само се изнасмеја. Па имаме најмалце 20деца во друштво и како за чудо сите доени, истово прашање на сите го поставив и верувале или не ме направија луда од кај вакви информации и глупости. Ене ги израснаа деца некој и по над 16г се веќе. Еве ме 9+ дојам и уште во болница бев со стикот или дезедорансот. Па реално боље беба кога цица со носето да дише миризливо и убаво нешто отколку киселина/пот . И млеко за тело користам, освен што не го мачкам регионот околу и самите гради. Освен ако се мачкам со кокосово органско тогаш и гради мачкам. Сепак и за брадавиците кокосовото е најдобро. Го учам синко мој да сака миризливи жени хахаха да не мисли дека е нормално да се смрди па да ми донесе некоја смрдлива снаа Во однос на потењето. Првите 3месеци па и лето се погоди мослев ќе се стопам. По 4-5 пати се туширав. Нормално е потењето сепак сеуште хормоните се хаос. 4тиот месец од пораѓај добив и одма се регулира препотувањето, надуеноста, нервозата итн.
Користев и јас за испаѓање, но не успеав да најдам нешто што ќе наутрализира мирис, а не да се измеша...но можеби некоја мајка има позитивно искуство со некој конкретен производ. Да си знам за нареден пат. За дома секогаш го практикував она што го спомена Цка. Мене лично ниту таа мешавина на парфем/део со потта не ми беше идеално решение. Но нели, најидеално нема, посебно во таа фаза од доење. А за туширање и одмивање...не знам по колку пати ни јас. Машината само вртеше, де за мене де за бебе .
Кај мене ништо не помагаше, ни дезодоранс ни стик. Се измивав во вода и сапун и пак малку ми мирисаа пазувите. Скоро 4 месеци минаа од пораѓај и дури сега малку се намали потењето и тој мирис.
Само Нивеата (48ч заштита ) ми беше од корист, влажните марамици од синко ( памперс бели ), стик ( но, германски ) и обавезно талк пудра ставав Бекутан. Талк Бекутанот ( пудра во прав ) е најдобро за да не се потиш. Мада искрено јас немав голем проблем со потење под пазуви и миризба. Но, талк пудрата ми беше спас. За следен пат пробај со пудрата во прав на Бекутан
На школата за трудници каде што одев жената која ги држеше вежбите рече дека овај стик е безбеден при доење. Лично искуство немам со стикот, не знам дали сама си правеше маркетинг затоа што го нема по продавници туку се нарачуваше преку неа.
Аииии не сум била сама со потењево.. кај мирисам уште и се потам од срам кога се мешам со луѓе/на лекар кога одам. Ништо не помага. Хормони работат. Ако некој има чаре нек каже.
Нема чаре. 15 минути после туш почнуваш да смрткаш ко недела дена да не си бањат Не се срами, сите сме го прошле тоа, ми текнува цимерката во ремедика колку мирисаше...абе да се онесвестиш. Не е да и се смеам, и јас бев иста.
Во болница не смрдев. Дома смрдам последниве 2-3 недели. А нели ненаучена да мирисам на пот, уште поинтензивен го осеќам мирисот.
Е баш напротив, за бебето е БОЉЕ да го чувствува мирисот на мајката (без разлика дали тој мирис е непријатен за возрасен човек), бидејќи сетилото за мирис им е најразвиено и во првите денови само на тој начин си ја препознаваат мајката. Тоа е природа и постои причина зошто е поинтензивен мирисот на потта, и не може хемии и екстра ароми да се подобри за бебето. Се друго верувам дека му пречи на бебето само што штета тоа не може само да си каже. Во право си мајка, стикови и дезодоранси се штетни за бебето, кожата е пропустлива и се што ставаме на неа влегува во крвотокот, а со тоа и во млекото. Имаш среќа што си родила зимско бебче ко мене, па колку толку потењето е понеинтензивно за разлика од летниот период. Потруди се барем првите 3 месеци да не ставаш ништо, туку само почесто одмивање и туширање. Исклучок можеш да направиш кога ќе излегуваш, нели нормално никој не сака да се појави смрдлив во јавност. Јас користам спрејче на Алверде кое е природна козметика без алуминиумски соли.
Na edno predavanje Sajkovski rece vo prvite meseci da se koristi samo dezodorans a mleka, parfemi i slicno da se izbegnuvaat poradi toa sto bebeto si ja prepoznava majkata po nejziniot miris
И јас имам така слушнато. И кога се користат некои средства, секогаш да биде исто, баш поради тоа препознавање. @Lolipop23 го имам и јас користено, баш поради причините кои ти ги наброја. Исто и од себамед имав најдено и користено.
Породена во август...може да замислите колку си смрдев не можев да се поднесам себе си додека не се истуширав и ставев дезодоранс. Значи на мириси не реагирав во бременост како сега. Туширање по три пати дневно и искрено смрдлива не сакаав да го дојам бебето. Се чувствував неудобно и нервозно дека си се осеќам како смрдам. И како тоа е добро за бебето, на кое му треба спокојна мајка?? Нормално дека туширање и дезодоранс беше и е задолжително. Кога се чувствувам удобно и убаво се е поинаку. Ибаку и по пет месеци се препотувам навечер. Среќа преку ден престана. Па таја продолжив со два пати туширање на ден. Дезодоранс користам од старт само не го менувам за ете да не го бунам со сменет мирис. Млеко за тело мачкам секаде освен на гради и рамена врат за да не му мириса и не ставам парфем ни за излегување, пред се, бидејќи а, го допрам напарфимирана одма и тоа замирисува и жал ми е да се гуши во парфем. Мразам кога место на бебе мириса на парфем и кога некој друг предозиран го зема и гушка така но тоа е, одма потоа рибање во корито хаха