Ja имам користено , одлична е за масна кожа , само мирисот ми сметаше (прејак за мене , општо си имам проблем со мирисите ) ако имаат тестерче нека ти дадат прво да ја пробаш
Aко преку цела година си користите креми со фактор, дали тоа навистина ќе даде ефект години подоцна да имате убава кожа. Секако, важно е да не претеруваме со изложување на сонце. Искуство?
Тоа ќе го дознаеме за 10-15 год. Ама верувам дека има разлика. Е сега зависи и од самата кожа не е кај секого исто. Изложувањето на сонце е неминовно, јас ако немам ставено спф 50 во лето поцрвенувам од кратко изложување на сонце( не мора да е директно имам изгорено во лицето од 1час возење во кола)
Јас сум го користела овој: Како што кажаа и на претходната страна, малку мрсничок е, така што е добар за сува кожа. Не сум сигурна, ама мислам дека портокалевите беа со алкохол, што значи „посуви“ се. Ама нека каже некој што ги користел .
Јас досега никогаш не сум користела креми со спф,а и сеуште се двоумам искрено. Прв пат тука прочитав од пред некое време. Некако форсирани ми се кремиве и преголемо значење им се дава (не дека не се важни и имаат позитивно дејство врз кожата)
А зошто се двоумиш ако и сама мислиш дека се важни и имаат позитивно дејство врз кожата? (Не те форсирам или напаѓам, туку ме интересира)
Искрено, не знам точно какво дејство и корист би имале за мојата кожа. (периодов баш читам околу тоа, ама не најдов некој конкретен одговор) Не знам, можеби грешам, ама последниве неколку години целата нега (лице, тело, коса..) ми е премногу комерцијализирана, само се нуди нешто да "шлакнеме" на лице... Може и ќе купам СПФ крема, ама би било од чиста радозналост
Хм, штом си читала, веројатно ќе го знаеш ова што ќе ти го кажам, ама не штети да се повтори: СПФ кремата е важна за секоја кожа, со цел да ја заштити од зрачењето на сонцето, кое пред сè, предизвикува стареење на кожата, односно сонцето ги оштетува кожните клетки, со што се намалува и производството на протеините колаген и еластин, кои се одговорни за изгледот на младешка кожа. Овие протеини и онака се намалуваат природно, како старееме, но сонцето дополнително допринесува кон нивно намалено производство, што не сакаме. Поради вакви процеси се јавуваат и sun или age spots, односно оние флеки што ги гледаме кај постарите луѓе на лицето, вратот (т.е. деколтето), дланките, па дури и долж рацете, како поистакнати делови од телото кои најмногу се изложени на сонце. Така на пример, кожата на внатрешноста на рацете е секогаш бела и „неоштетена“, т.е. изгледа помладо, бидејќи не е изложена на сонце. Ако на сето ова ја додадеме и заштитата од рак на кожата, мислам дека е јасно зошто толку се форсира. Сепак, многу важно е кремата да има филтри кои заштитуваат не само од UVB зраците (оние кои ти ја горат кожата), туку и од UVA зраците (кои се невидливи, не ги чувствуваш, но тие се оние кои ја „стареат“ кожата). Се надевам дека мојот одговор е добар .
Искрено, не би можела да ти препорачам од проста причина што јас имам сува кожа . Најдобро би било да ги разгледаш останатите страни од темава, и онака не се многу. Сигурно се појавило прашање како твоето или некој предложил крема што е за мрсна кожа, т.е. крема што не го мрси лицето дополнително .
Пред 3-4 години скоро сите вадевме шминка со влажни марамици, така да... Толку сме знаеле. Тренд можеби е, ама позитивен. Лани моја блиска ја оперираа од тумор на лицето. Причина бр.1 за појава- комбинација сонце+ цигари.
Јас добри 4-5 години, вадев шминка со влажни марамици, тоест делумно ја вадев, оти тие не чистат се. По некое време забележав ситни брчки околу очите, и пребарувам на интернет, читам марамчињата биле штетни, ја сушеле кожата и доведувале до појава на брчки. Баталив марамчиња, шминка мијам со вода, сапун, оти не сум сигурна дека некој лосион е квалитетен и безбеден. Сега помалку се шминкам. Мој совет, не пушете, не пијте премногу кафе, јас пијам и мана ми е, спијте доволно, не се нервирајте, хранете се здраво, и така ќе има бенефит и телото и изгледот. Инаку, многу хемија не верувам дека е добро. Моја братучетка купува се живо што ќе види во каталози на Орифлем и Авон, буквално за тоа работи, на тоа си ги троши парите, шминка вади со тоници, лосиони, и денес има повеќе брчки од мене.
Квалитетот и изгледот на кожата зависи во голема мера од гените. А и Авон и Орифлејм, па и не ми се некој синоним за квалитетна козметика. Не сметам дека крема со заштитен фактор е нешто што треба да се избегне, поради мотото “многу хемија не е добра”. Киселини, витамин Ц, хемиски пилинзи, ретиноли се нешта кои може, но и не мора да се користат. Ама спф- задолжително. Се одјавувам од темава, ко Јеховин сведок се осеќам со пропагирањево крема со заштитен фактор
Ок си е, се сложувам. И јас сум за креми кои штитат од сонце, затоа што можеме да си навлечеме рак на кожата. Инаку, мислам дека и шешир може да помогне доста. Што мислиш за шешир, шапка? Мислев за братучетка ми дека куп пари фрли по секакви креми, лосиони, пилинзи, тоници, и денес има брчки. Не секогаш купување на се и сешто значи и убав изглед.