Има ваква тема. https://forum.femina.mk/threads/Гатање-баење.79/ Инаку, тотална глупост се овие работи, лаги, само пари да ти земат и полошо да ти направат.
А што е разликата помеѓу тоа кога попот попрскува со „света вода“ и она кога бајачот попрсува со вода или со сол против уроци и слично? И едното и другото се суеверија кои немаат допирни точки со Христовото и апостолско учење.
Можеби на помладиве ќе им изгледа смешно или глупо но магијата т.е лошата енергија која се пренесува со помош на одредени магиски дејанија и ден денес функционира. Најчесто таквите лица кои се под магиско влијание добиваат дијагноза депресија и цел живот голтаат апчиња а всушност проблемот е од друга природа. Значи не велам дека оние кои имаат дијакноза депресија дека се под влијание на магија да не се разбереме погрешно, само велам дека денес младите не веруваат дека постои магија а можеби и самите се жртви на неа. Друга работа за која не се прави разлика е Бајач, видовита особа, и особа која се бави со црна или бела магија. Белата магија е всушност растурање на црната магија. За да апсурдот биде поголем оние кои се бават со црна магија заработуваат многу повеќе од оние кои се бават со растурање односно бела магија. Грешката која ја прават младите е што даваат облека на другарки а преку облека може најмногу да се влијае магиски. Мој совет е да не давате ваша обека да преноќи во туга куќа затоа што денес неможете да знаете кој ви мисли добро а кој не. За жел не постои заштита од магија иако претпазливоста кого пуштате дома и кому позајмувате облеа може да биде еден вид заштита. Магиските обреди поврзани со црната магиј најмногу се прават ноќта пред големи празници како Гурговден, св Илија, Веигден.... Освен преку облека магиски може да се влијаер и преку истурање вода во вашиот двор врз која претходно е извршен магиски обртед, или со поттурње на одреден предмет врз кој е делувано а тоа најчесто е јајцето. Исто така можете да налетате на магија и сосема случајно, најчесто на раскрсниците на улиците посебно во селските средини затоа што оние кои се бават со бела магија најчесто ги советуваат оние кои се нивни клиенти или луге на кои им помагаат водата со која се мијат за да се излекуваат од одредена магија да ја истурат на раскрсница за да се ослободт од магијата така што таа да помине на некој друг. Имам многу да зборувам на темава ама мислам дека е доволно засега.