Читав по нет дека Garnier hair food маските (ќе) имале ново издание и конкретно маската со банана не била веќе иста, била скроз сменета. Мислам дека ова се новите.
Ги имаш пробано? Дали се океј? Не ми се даваат пари за прескапи продукти ми треба нешто пристапно што би делувало за посува коса
Супер се маскиве, ги имам пробано сите и најубава ми е оваа со банана. За хидратација одлична е таа со алое вера или лубеница. Банана или таа со макадамија се повеќе накај емолиентни маски, супер за обновување на оштетена коса.
Овие маски не се баш најприродни. Доколку сакаш Гарниер подобро земи ги маските од оваа линија кои е подобри, односно оваа со мед и оваа со арган Исто така многу убава а евтина маска е оваа со авокадо и мед 245 мкд и овие од бабушка агафија по 195 мкд.
Имам пробано неколку од таа линија на Garnier, само повеќе ми се допаѓаат hair food маските. Оrganic shop ми се пробани, но не можам да се сетам која ми се допадна најмногу, можеби авокадо-маслинка, не се сеќавам баш. А на Бабушка може да си ја имам на ум за некое следно купување.
Еве ги новите, само таа од ананас е старо пакување. Сите се фактички целосно во иста боја. Јас папајата ја купив пред некое време, мене иста ми е, не приметувам разлика во дејство.
Драга јас немасто маска би ти го препорачала овој спреј кој се остава на косата (не се измива) со кератин. Еден од најдобрите кои досега ги имам пробано без силикони секако.
Да косата е како свила откако ќе се нанесе. Јас го нанесував на влажна коса после миење, ама може и на сува. Од срце ти го препорачувам одличен производ и што е најважно без силикони.
Мене ова ми ја исуши косата и ми ја правеше покршлива. Општо лошо искуство имам и со други продукти од natura siberica, не знам дали е до мене.
Искрено подобри ефекти имале некои ефитни маски за коса или поекономични пакувања, за разлика од некои многу поскапи и познати брендови. Задоволна сум од онаа маската од авокадо на Арома што ја има по маркети или од мултивитаминската на Калос. Гарниер и Schwarzkopf многу лошо ми делуваат и општо како производи. Од првите косата утуткана, брзо се мрси а од вторите премногу сува коса.