10000 пати побарав и не најдов тема за мезиња и ако е дупла бришете, ако не вака: Колку пати ви дошле гости што не сакате да ги испратите само со кафе, а немате доволно време за салам нешто да приготвите? Или планирате да поканите такви а немате идеја што на маса. Давајте идеји за помош во такви ситуации. Јас, освен кикири, наполитанки, грицки и слично, пржам сурими стапчиња, печам печурки со кашкавал, во земјен мал сад ставам во рерна фета сирење, кечап и кашкавал, ако имам време пред тоа да ми се најавиле правам и мини пици, поховани зденки, кромид, маслинки. Последно и ова го правам: Чипс ребраст, пошто друг за вака се рони, за сосот малце павлака, малце сенф, малце мајонез и ситно рендани кисели краставички . Вие што ставате на маса за мезе?
Разни сирења и крекери, ако имам доволно пари за поубави сирења. Ако не, купувам чипси, мини кроасани, кикиритки, такви работи. Купените лиснати се практични, но многу лошо ми мирисаат кога се печат па ги избегнувам. Во Кам има убави готови лиснати, супер се за вакви пригоди. Спојлер: Овие За брз десерт правам пудинг со банани и Домачица. Океј е и топол (ко топло чоколадо му доаѓа), па супер опција ми е за ненајавени гости. За деца сецкам разни овошки, тоа што ми се наоѓа дома. Идејата за сосче со чипс ми се допадна, ќе ја крадам за нареден пат. А ако има доволно време, правам некое поубаво десертче, печам пици или кифлички... се трудам да е нешто интересно и различно од претходниот пат кога дошле.
Зависи од пригодата, доколку се најават за кафе, ставам апетисани и нешто благо доколку имам направено нешто ако не наполитанки или слично... А доколку се собереме друштво поголемо така за повеќе седење тогаш ставам сирење, кашкавал, нешто сувомеснато, маслинки, чипс со сос, смоки, соленки, апетисани, кифли или готови лиснати, благо... некогаш и нешто поховано (кога не ме мрази да правам) и така
Во Кам има готови пирошки, само да се испржат треба. Си купувам и чувам во фрижидер, кога идат гости само во тава, правам пахован кашкавал, паховани зденки. Кога имам повеќе време и печурки пржам, пилешки прсти со сос. Пудинг во чаши и во фрижидер да се олади одозгора малце шлаг, децата уживаат, овошна салата, некогаш правам и малце каша за палачинки и набрзина. Другото нешто сувомеснато, грицки и тоа е. Темава нека биде поактивна, така ќе може да разменуваме повеќе идеи.
Јас и мајка ми купуваме грицки,чоколади,бонбони и сок.За најавени гости спремаме јагнешко или пилешко месо.Кога имаме време спремаме цело пиле,кога не,ако има дома,пилешки прсти,плескавици или стек. Чат-пат и ракчиња.Често и тестенини и бисквит торта или пита од готови кори со вишни или јаболка. Сирење имаме секогаш. За ненајавени гости,од блиска продавница купуваме сок и нешто благо или солено.Ако сакаат да останат на ручек,спремаме тоа што имаме дома,салама,виршли,колбаси,домати,сирење и млад кромид или лук.
https://forum.femina.mk/threads/Јадења-за-сервирање-за-гости.20238/ Нема потреба да има многу теми за гости Кога ќе дојде @CrazyOne ќе ги спои, јас немам ингеренции во другава тема
Ние најчесто правиме даска со кашкавал, сирење, салами некои и маслинчиња на даската. Зимно време, туршија се знае и ајварче.А општо сезонска салата, шопска, таратурче, марула итн Апетисани во случај да пие некој виски. А за другарки мои ,,мезето” е кафенце со благо и грицки.Доколку е гладна некоја добива фул порција
Некогаш правам клуб сендвичи триаголници со чајна,кашкавал,корнишони,пилешки прсти,лиснатици иако не ги обожавам јас многу,кога ќе се најави некој може да нарачам пица или уштипци,салати разни со павлака,може да насечам нешто сувомеснато и кашкавал,сирење и корнишони,маслинки и благо некој кекс или ако имам време торта..ми се отвори апетитот со овие мезиња колку ги обожавам
Зависи од пригодата, од луѓето, и кој што пие. Но најчесто апетисани, пченкарен чипс со сос (павлака, мајонез, сенф, кари, оригано), печени мини пици, полнети лиснати за печење, коцки кашкавал, сирење со оригано, понекогаш нешто сувомеснато, крекери, солени стапчиња, сечено багет лепче со готови намази (овде има навистина преголем избор на намази, крем сирење со билки, намаз со лук, путер со печурки, топен кашкавал...) За благо обично некои готови колачиња доколку немам нешто направено од претходно. Генерално зависи што имаме по дома, или за што сме расположени, па правиме некоја комбинација.
Не знаев каде да прашам ама прашањево ми е поврзано со мезе и со гости. Што би послужиле на "пијанка" со џин?
Повеќе видови сирење и кашкавал, сувомеснато (пршута, врат, чајна) и два-три вида маслинки Јаткасти плодови и грицки не сакам.
Утре ќе ми идат многу битни гости па сакам да направам некои мезенца ама онака полесни па ако сте правеле дајте идеи нешто Сакав и нешто македонско традиционално ама освен ајвар не ми текнува друго
Зависи од поводот за кој доаѓаат и колку време имам за спремање. За блиски кои се на поминување и се најавиле буквално 10-15 мин пред да дојдат - кафе, сок, домашно благо ако имам или купено, грицки и слично. Ова најчесто се другарки, братучеди кои ќе речат во близина сме доаѓаме да ве видиме. Кога сопругот се собира со другари, за гледање фудбал и други натпревари можи плус лиснато, пици, пиво итн. Е сега доколку се најави некој навремено или организираме побитна дружба, за поофицијално вечера, салати (зелена, руска, пилешка), лиснато, кифлички, нешто сувомеснато, сирење, кашкавал, апетисани, нешто благо. @Ladybug98 , ако ти е замислата за "finger food" повеќе, јас ви направила солени мафини, проички, ќофтиња од месо, ќофтиња од тиквички, пилешки прсти. Сосови како тартар, сега ајвар или урнебес салата. Може и благи мафини/капкејкс или бомбици некои. Соленки со семиња. Ако е ептен за македонски јадења сигурно би им се допаднала пита (зелник), сепак зависи од време и буџет.
Пита со спанаќ и сирење; салата од фета (или урда), кисело млеко, краставица, ореви, лук и копар; пиперчиња со урда; феферончиња; пастрмајлија (ќе расечкаш на помали парчиња); слатко од смоква; пита со јаболки; сутлијаш во малечки чашки. Тоа ми е потрадиционално, сезонски и лесно за комбинирање. Иначе во последно време, мезињата за гости ми се ептен нездрави. Сè праам во air fryer: паниран кромид, крокети топчиња, нагетси, мантии, лиснати, итн. И комбинирам со фета, гауда, благи маслинки, итн.