Што мислите за монтажните креветчиња од кај пластичарската улица? Дали некој има купено од таму и како е задоволен од квалитетот? Разгледував дека таму се поевтини ама не сум сигурна дали се од добар квалитет не само да го земам и одма да се скине, скрши и слично... :/
Јас немам, ама другарка ми си купи од таму и еве и второто дете спие во него. Сепак има различни модели, разгледајте убаво
A дали некој знае како се движат цените на ваквите креветчиња? Имаме дрвено, ама сакаме да земеме вакво што би ни служело и како оградица и како креветче за во викендица.
Најефтини се во Џамбо и на пластичарската, цената се движи од 3000 до 4500, во зависност од моделот и додатоците.
Vo jambo mislam deka nemaat na dve nivoa, tuku se samo kako za igranje.na plasticarskata imaat i dodatoci za presoblekuvanje, igracki i sl. I vo bebesupermarket ne se skapu, vo enci menci ima i za 6000 mkd.
Јас бев во бебесупермаркет и воопшто не сум задоволна од моделите, а цените се плафон. Инаку сите монтажни креветчиња се на 2 нивоа, па и тие во џамбо, а имаат и подлога за пресоблекување и играчки, само што за мој вкус се прешарени, дречави, а на пластичарската има навистина голем избор.
А што мислите за вакво креветче? Дали некој имал вакво или познава што имал? Дали е добро или оние другите монтажни се подобри? https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =333%2C500
Кога ќе почне да станува само, за да не падне се спушта на долното ниво, или после една година кога ќе треба да ставиме душек.
Drustvo zdravo, znam deka ne e soodvetna temata, ama bi ve zamolila da mi pisete nekoe transportno krevetce od koe ste zadovolni, ama da e od poeftinite, deka mi treba za preku den, dolu da mi stoi, pa ne mi se davaat mn pari. Btw si imame edno ubavo krevetce pa ova samo za drnsko spienje I za na odmor. Sekoj sovet e dobredojden. P.S. Ako imate iskustvo od onie od locco crocco so se 3390 i 3790 uste podobro. Fala odnapred.
Тоа од Џамбо ти е најефтина варијанта. Јас да немав ќе земев такво за во дневна. Имам креветче и во дневна и во спална, навечер си спие во креветчето во спална, дење во дневна и од прв ден така затеравме, супер ни е. Знам е наспано, како што треба, не се сеќирам да не ми падне, мераци.
Не знам за кој модел точно прашуваш. Јас имам од Чиполино, Јасмин. Лани го зедовме од Локо Кроко околу 3900 ми се чини. Во глобала задоволна од креветчето. Ова го зедов за кај мајка ми, а дома имаме Хаук кое е за нијанса постабилно, но за парите си вреди и ова.
Okej e toa od Jumbo, jas vo Bansko kogaa bev minatata god takvo mi donesoa vo sobata za da nana sinko, super si bese krevetceto (sareno vo site boi e, imase jumbo nalepnica pa valjda e istoto). Imam slika ako sakas da go vidis, go slikav sinko vo nego tamu
Јас имам Чиполино Јасмин и сум задоволна! Реално повеќе го користевме како кош за играње, и уште го користиме како кош каде ги собираме дел од играчки, ама имаше период кога беше бебе и преспиваше дење во него! Јас го земав 4500 денари пред 3 години! На две нивоа е, има дел за пресоблекување кој не го користев баш и има перде кое исто остана ниту еднаш неупотребено! Можеби сум грешка, ама мене некако сите тие креветчиња ми се исти, па мислам дека не би се направило посериозна грешка во изборот. Единствено да се запази да биде на две нивоа, а другото мислам исто е кај сите монтажни креветчиња!
Jas imam slicni ssmo e dr marka kako bese onaa bugarskata bertoni mislam. Ok e vtoro dete isteravme so nego ama si imam i dusece plus. Vyoroto nivo e mn nisko pa jas i stavam 2 jorgana odizdola i e tamam na nivo na spalna