Предобри се за таа цена течниве кармини од Есенс. Скоро сите нијанси си ги купив. Трајни ми се, не ми ја сушат устата. Знам дека зависи на кого како ќе му се погоди, на инстаграм гледав и позитивни и негативни ривјус за нив. Мене ми се одлични. Конечно не изгорев на плажа годинава. Дали беше до кремата за сончање од Еуцерин или годинава бев "одговорна" на плажа не знам, битно ми вредеше оваа крема за сончање за секој денар.
Презадоволна од овој спф за лице, имав повеќе тестерчиња и навистина е супер, лесна крема, најидеална за мрсно лице, на почеток е сјајна ама потоа се упива кога ќе ми се потроши оваа што ја користам, ќе ја купам оваа на the wish list ми е. Miss Dior спреј за тело, прекрасен цветен мирис, би сакала да беше нешто по траен ама навистина првите два часа се чувствува особено ако се нанесе на облека. Тие што сакаат полесни мириси ќе го обожаваат. Balea гел tropical vibes Преубаво мириса, ќе си направам залиха од гелов
Јас искрено не сум користела гелови за бричење све со гелот за туширање ќе се напенам и ајт. Ама од колекцијава би го зела гелот обавезно (ако не е лимитирано и ако го начекам ) па у гелот за бричење, зашто да не. Траен им е мирисот и тоа ми се допаѓа Инаку да си споделам мои омилени производи. прво простете на непрофесионалната слика. Лакчињава ги нарачав минатиот месец од фармаси беа за 39 ден што значи навистина поволно ама вределе многу повеќе. Колекционер сум на лакови и се само купувам ама трајноста на овие е неверојатна. Има може 5-6 дена како сум налакирана и бојата стои не мрднува за разлика од други лакови кои веќе следната ден ја губат бојата а после 2 дена се лупат.
од металик лакот беа само две нијанси. А другиот glosy имаше и светли. Од фармаси се. Јас ги нарачав од кај една колешка. Види прашај некоја познаничка да не е зачленета. Нема да зажалиш. Јас ги зедов за 39 ден беа на попуст инаку регуларна цена им е од 99 до 119. Варира
И јас го имам од Heimish. оригиналниот чистач првиот пат кога го користев супер, следниот пат маскарата никако не ми излегуваше..мислам дека различна маскара користев...а го купив по препорака од другарка што беше воодушевена од него ама или јас не знам да го користам или нешто друго е..дали подолго треба да стои или...и на крај фатив со мицеларна да се дочистам...пример имав тестер одамна од Eve lom заедно со муслинско крпче, е таа комбинација ништо не ја победува мислам...тоа крпчето изгледа мизерно а вади шминка како лудо дури и да се чудиш...ајде споделете tips and tricks ако имате за Heimish-ов, можеби јас не знам да го користам
Да, муслинско крпче имам користено за вадење шминка, со чистачот од Боди шоп и навистина помага поубаво да се извади шминката. Некогаш и од маскарите ми зависи, не ми се вадат сите исто, за некои треба подолго триење со средството.
@doubleinfinity немам некоја посебна финта. Земам количина колку пола или третина од шпатулата и прво размачкувам низ дланки па после тријам лице на сува кожа. Можеби има врска и до шминката. Јас користам маскари на Лореал и Мејбилин, се вадат без проблем.
И јас користам Мејбилин маскари, првата беше Lash sensational, а сега вториов пат беше таа новата не знам како се вика..можеби малку чекав, ќе пробам со подолго чекање
Пилинг за тело со кокос 10ка, не треба одпосле но лосион да ставате. Лосион за тело на Лаура, преибав мирис нежен и траен. Биотен пилинг за лице од кајсија, незаменлив ми е! И кремата за раце преубава и миризлива. Се е од ДМ, предобро работи, си се мирисам самата цело време.
Нема поубави скрабови од овие на organic shop, секогаш им се враќам и пак ги купувам. Многу ми помагаат за поткожните влакна што ми се прават од депилација.
Морам да ги пофалам базата и top coat на Кетрис. Тоа од лево може да се користи и како база и како top coat а виолетовото од десно ги суши побрзо ноктите и плус е top coat. Aма ништо не го вади. Ги сликав плус и ноктите. Ова им е 6ти ден плус домаќински работи работење со рацеве.
Ме изненади производов од Балеа и ми е омилен производ од се ново што пробав неделава. Денес го потрошив и ќе си купам следно одење во ДМ повеќе пакетчиња. Скработ за стапала е многу убав, со убави зрнца и со турпија за стапала е одлична комбинација. Маската многу убаво мириса и добро хидрира. Стапалата ми се премеки после користење на маскава и скрабов за стапала. Проблемот е што многу е мала количината, за два пати, највеќе три пати користење може да стигне едно вакво пакување.
Јас спрејот од истата линија за волумен го купив. Како лак за коса е. Повеќе ја прави крута, мислам дека е добар како спреј за коса кога се тапираш некако..
Косата ми ја прави помека некако и волумен ефект малце дава. На мокра коса го прскам лосионов пред фенирање
1. Маски за лице од Хедера Вита. По препорака ги пробав овие маски и сум презадоволна. Ги имам користено маската од глина, маска против стареење и маската за сува кожа. Маската од глина не го чисти целосно лицето, меѓутоа го прави лицето многу меко. Маската против стареење ми остави најмногу впечаток и е за секаков тип на на кожа. Лицето го прави меко и многу хидрирано. Многу го освежува. Да напоменам дека сите овие маски создаваат мало пецкање кога се нанесуваат на лицето. 2. Креми за раце од Хедера Вита. Едната крема е со грозје, а другата со мед и млеко. Многу убаво мирисаат и лесно се впиваат на кожата. Рацете ги прават многу меки и нежни. Ми се допаѓа што се во туба со прскање, па мала количина од кремот е доволна. Овие поизводи се природни. Ги купив во Зегин и често ги има на акција.