1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Omicron
    (1963)
    Филмот е италијански, жанр: sci-fi, комедија.
    Бестелесни вонземски ентитети планираат инвазија на планетата Земја, така што ќе ги заземат телата на луѓето. Пред тоа да го изведат, тие плаќаат еден свој, експериментално да запоседне земјанин и да пренесе искуства. Тој ќе направи многу глупости наоѓајќи се во човечко тело.
    На планот на вонземјаните се испречува човековата с(о)вест, но останува прашање дали совеста е ексклузивитет на обичниот жител од работничката класа.
    Мислам дека открив премногу околу дејствието.
    Оценка: 7
     
    Последна измена: 4 јуни 2022
    На simoncelicius, boomsleng и Bananki023 им се допаѓа ова.
  2. Savo

    Savo Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    upload_2022-6-4_23-55-8.jpeg
    Black Box-2021
    Иако трае 2часа и 10минути,го држи вниманите,предобра изведба,предвидлив но не досаден.Филм за авионска несреќа,за млад и амбициозен аналитичар кои ја следи својата интуиција без оглед на се.
    Оценка:8/10
     
    На simoncelicius, Mateja.Mat, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    7C83EE2B-2515-4DAF-BA62-3BC821709C0B.jpeg
    Summer of 85
    Жанр: драма

    адаптација на книгата Dance on My Grave

    Алексис е 16годишно момче кое ќе плови со чамец но ќе се најде на сред бура, во целата таа паника на негова среќа ќе му помогне младото момче Давид, сплет на околности ќе започнат љубовна и страсна романса.
    Давид е бунтовник, нескротлив, заводник, момче кое се многу брзо му здосадува и постојано бара нова авантура, животот трагично го завршува а Алексис е оној кој ќе се бори со самиот себе си, со чувството на вина и непребол кон саканиот.

    Филмот е француски и има доза на контроверзија, она што е фасцинантно е нивната маестрална глума која е толку многу природна и убедлива, чиниш си сведок на нивните случувања.

    10/10
     
    На simoncelicius, Cosmic Girl, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Виза на злото
    (1959)
    Старо остварување на македонската кинематографија, и ми се допадна. (y) Кога немав друго инфо освен насловот, очекував партизани, Бугари, Германци... ама пријатно се изненадив. Приказната потсетува на американски филм на моменти, а типично македонските мотиви од заден план придодаваат кон делото.

    Симон сака да се збогати учествувајќи во шверц со дрога (морфиум). Неуспешната зделка кратко пред својата венчавка, ќе му го уништи животот. Тој, заедно со свршеницата, неговиот криминален ортак, и неговиот брат, ќе тргнат во бегство преку граница и неочекувани работи ќе им се случат.

    6/10, малку предвидлив, а поуката шест децении подоцна, е нешто познато и видено на други места. Ама сум сепак задоволна од филмот.
     
    На Anah, simoncelicius, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Savo

    Savo Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    А lonely place to die-2011
    Еден од најдобрите филмови што сум ги гледал во последно време.Одлична замисла и реализација,одлична глума,акција акција.Без не реални спасувања.10/10
    upload_2022-6-15_11-45-20.jpeg
     
    На boomsleng, joy1, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Томе од бензинската пумпа
    (1979)
    Томе е 25-годишен, "вечен студент", кој работи на бензинска, каде се вљубува во муштерика која е поискусна, подобро ситуирана, и умее да заведе.
    Од друга страна, тука е неговата девојка која е многу приврзана за него, и останатите од опкружувањето кои се нешто налик типични Македонци.

    Ова е повеќе приказна за млад човек што го живее југословенското секојдневие, помеѓу крутоста на комунистичкото општество и македонскиот менталитет, и трендовите наметнати од културата на западниот свет. Вљубените се растргнати помеѓу реалноста и соништата.

    Па, на почетокот не делуваше така, но откако го догледав, ова е еден од македонските филмови кои најмногу ми легнале при срце. Има добра фотографија и убаво одбран саундтрак. И баш е 1979.
    Не знам дали претерувам, не ми се средени впечатоците се уште, но, 8/10
     
    На boomsleng, Dancewere и elimkd им се допаѓа ова.
  7. Love Elixir

    Love Elixir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    126
    Boxing Helena.Еден хирург е опседнат со една жена, ај да не откривам многу :D, трилер/романса е филмот и има многу добар plot twist :o
     
    На Snow_King му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Лазар
    (2015)
    Лазар е едно момче кое постојано се обидува да стане нешто што не е, за да се снајде некако во македонското општество и во животот, но не успева поради длабоко врежани принципи.
    Не е лош филм, има идеја, ама дефинитивно на македонските филмови им недостасува ефективност при поврзувањето со публиката и исто така како планот да бил да се сними нешто во француски стил, па се премислиле... сметам дека градбено требало да биде подобро составен.
    5/10
    Хрватот во насловна улога уште на прв поглед по физиономија се познава дека не е Македонец, ми личеше на Том Харди како помлад. :D
     
  9. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    images (1).jpeg


    images.jpeg
     
    На boomsleng и sikica7 им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    F723BEA9-A36B-4569-BCDE-6303D73E5D73.jpeg
    the king of comedy
    Жанр: драма/црна комедија

    Уште еден одличен филм на Мартин Скорсезе и Роберт Де Ниро,
    филмот е стар од 1978год ама е вистинско уживање во секој момент, сатиричен, комичен, ироничен, брутално реален.

    Руперт е во раните 30ти години кој очајно сака да биде популарен комичар кој ќе оди во етер исто како познатиот Џери Луис, идолот на сите генерации. Очајнички но безуспешно постојано ќе се обидува да стапи во контакт со него, но се што добива е игнорирање и одбивање под изговор дека не е доволно добар во оваа работа, така безнадежен, единствено што му останува е да го киднапира, ете тогаш ќе ја добие својата слава благодарение на тие 5минути кои ќе му го променат животот….

    Better to be king for a night than schmuck for a lifetime

    10/10
     
    Последна измена: 17 јули 2022
    На boomsleng и Аргентина * им се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.765
    Допаѓања:
    32.874
    Пол:
    Женски
    The Gray Man (2022)
    8841F0EF-D8CA-4731-94C3-82DDE65F2B50.jpeg

    Одамна ме нема воодушевено некој филм. Љубител сум на акција и на Рајан Гослинг па не трепнав додека го гледав филмов. Те држи до неизвесност до самиот крај. Многу добро глуми Рајан тука, нема непотребни сцени, само фул гас и акција.
    Рајан го запамтив како да може да глуме само во љубовни филмови, сите го знаеме The Notebook, ама пријатно се изненадив како му леже и акција.:lol: И Крис Еванс да го пофалам, беше во лошите ама ептен е згоден во секоја сцена:inlove:, само тој мустаќот да му го нема ако има втор дел. :nod:
    10/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    The Visit (2015)

    maxresdefault.jpg

    Прв хорор што ме буквално остави без здив од што ми беше страв. Уште осеќам како ме сече во рацете. Буквално превртував сцени и спуштав слушалки од што не можев да гледам. Не само што случките во филмот се језиви, самиот концепт (кој не можам да го кажам пошто е спојлер) мислам дека ме највеќе плашеше. Ужас е филмот. Ама добар.

    Му давам 8/10.

    Препорачувам.
     
    На joy1 и boomsleng им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Од кога не сум пишала во темава. :tmi:
    Баш ми е криво што сè некако ја одминувам, омилена ми беше порано. Ај ќе се потрудам да зачестам, зашто филмови гледам скоро па секој ден.

    Redeeming Love (2022)
    [​IMG]


    Едно мало девојче ќе остане сираче и по сплет на околности ќе заврши во бордел. Во екот на златната треска таа веќе длабоко е навлезена во тој стил на живот и е најпосакуваната проститутка во регионот.
    Cringe alert: Еден ден кај неа ќе дојде тип кој очајно сака да се ожени со неа зашто не го интересира ниту нејзиното минато, ниту тоа кое што го работи, едноставно уште кога прв пат ја видел низ град, некој внатрешен глас му кажува дека таа му е судена и тој е спремен да направи сè што може за да го исполни ова.

    Во филмов се обработува една цела Библиска приказна, се опфаќа прашањето дали ако успееш да го излечиш срцето од сите рани ќе успееш да го отвориш доволно за да можеш не само да љубиш, туку и многу повеќе од тоа. The art of dropping your grudges, е така некако би го опишала јас.

    Очекував можеби малку повеќе од филмов, одвај го изгледав до крај. Премногу аматерски ми беше некако, а глумата еднаква на онаа во Hallmark филмовите. :D
    Преубави кадри имаше, ама до крај остана само на таа некаква естетика на која се задржале при реализација на филмот.

    Оценка што знам, отприлика 4/10.
     
  14. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    The Invisible Guest(2016)

    upload_2022-8-3_13-36-54.png

    Криминалистички трилер,шпанска продукција, одлична режија,филм што те држи во неизвесност до крај.
    Од оние филмови што остануваат во сеќавање.
    Оцена 8/10
     
    На fanfalla24, Beautiful Dreams, Astrum.Obtutus и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Not Okay (2022)

    large_not-okay-movie-poster-2022.jpeg

    Влегов во филмот незнаејќи ништо друго освен дека Dylan O'Brien e во него и не очекував да биде еден од најбизарните и најгенијалните филмови што сум ги гледала.

    Главниот лик, Дени, е најреалистична претстава на една просечна личност која просто не е добра, и воопшто не е штедиле да ја напишат таква до крај. Како проаѓаше филмот, не ми се веруваше дека ги прави работите што ги прави, yet, дел од мене што некогаш бил несигурен и чувствувал потреба за валидација, се препозна во мал фрагмент од неа и чувствуваше емпатија.

    Ептен е комплексен филмов. Чувствувам емпатија за Дени која навистина си има свои проблеми и тоа е валидно, ама прегази преку толку многу луѓе со вистинска траума што нема како да се оправда. Прикажан е контрастот меѓу луѓе кои имаат вистински ПТСД и добиваат панични напади од тоа, и сцени во кои навидум Дени има ПТСД, ама нема, пошто она си го створи стравот од комфортот на својот дом.

    И за крај, прикажана беше злобата на cancel culture која те тера да се запрашаш дали е тоа само „оправдан“ cyber bullying или навистина е заслужено? Јас си го донесов својот заклучок и морам да кажам дека филмов ми даде една нова перспектива. Многу ми се свиѓа што ме натера да размислувам и да си донесувам заклучоци.

    Од мене филмот има 10/10. Освен што има добра порака, би рекла дека е преинтересен и уникатен и го препорачувам на секој.
     
    На Tsukinory и boomsleng им се допаѓа ова.
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    4.585
    Пол:
    Женски
    https://www.imdb.com/title/tt4614584/
    MV5BNzI4ZTAwNzEtNTk5YS00ZWJmLWI1ODMtOTU4MTM5MzQ4OWM0XkEyXkFqcGdeQXVyMTEzMTI1Mjk3._V1_.jpg
    Преубав филм се изнаплакав , хаха. Двајца млади стапуваат во брак поради взаемен интерес. Ако продолжам да објаснувам натаму ќе откријам нешто што ќе ви го расипе гледањето. 10/10.иако знаев како ќе зврши сепак доста интересен.
    https://www.imdb.com/title/tt2119532/
    MV5BMjQ1NjM3MTUxNV5BMl5BanBnXkFtZTgwMDc5MTY5OTE@._V1_FMjpg_UX1000_.jpg
    Филмот е на вистински настан базиран. Млад дечко како дете несакајќи во тепачка со братот за малку ќе го убиел, подоцна бранејќи ја мајката од насилниот татко исто ќе се случело и со татко му одземајќи му го пиштолот едвај се контролира да не го испука. Знаејќи дека убиството е грев (верува во Господ) се пријавува доброволец во втората светска војна, но како болничар и си ветува дека нема никогаш да користи оружје. Што понатаму се случува оставам да видите. 10/10.
     
    На Cosmic Girl, mesecar и boomsleng им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Wedding Season (2022)
    wedding_season.jpg

    Ако сте љубител на романтични комедии и тоа квалитетни... морате да го гледате филмов.

    Аша и Рави одлучуваат да се преправаат дека се пар за да се отарасат од притисокот на нивните родители за брак. Заедно како фејк пар одат на 14 индиски свадби, но полека се јавуваат вистински чувства.

    Прекрасен беше. Ликовите се многу likeable, имаат премногу хемија, преубави се и двајцата, филмот е предобро снимен, преинтересен во секоја секунда, релаксирачки хумор... вака!! се прави романтична комедија. Да лигав е, да бејсик е ама многу го сакам.

    10/10.

    Препорачувам да го гледате трејлерот ако не ве привлеков со текстов, затоа што постерот е одбивен и никако не му прави правда на каков е филмот.
     
    На senjorita-v и Dang им се допаѓа ова.
  18. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Има многу добри филмови од шпанска продукција. Гледај го The Body/El Cuerpo. Прејак.
     
    На plava.90, warrior, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    54.921
    Пол:
    Женски
    Prince of Persia (2010)
    [​IMG]
    Млад посвоен принц е лажно обвинет за убиството на неговиот татко (кралот) и заедно со принцезата од освоениот град се во бегство со цел да ја заштитат специјалната кама да не падне во погрешни раце и да го уништи светот.

    Не сакам да раскажувам многу бидејќи филмот премногу ми беше јак и воопшто не сакам случајно да напишам побитен спојлер. Многу ми се допадна бидејќи има елементи на авантура, мистерија, акција, историја, фантазија.
    Дефинитивно премногу вреди да се изгледа, многу интересен и во ниеден момент досаден.

    10/10
     
    На Cosmic Girl, Dang, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Добар е овој за тепање време, како Back to the Future со Персијци :D или поише би му дошло Back to the Past. Од мене има 8.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.