1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sunshinebabe

    sunshinebabe Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    6.794
    Пол:
    Женски
    Ova-zapocnuva-so-nas-predna.jpg

    Најновата од Колин Хувер - продолжението на Ова завршува со нас.

    Толку лесна книга што ја прочитав во еден здив, најдобро нешто од Хувер.

    Вреди да се прочита.
     
    На firequeenn и poi им се допаѓа ова.
  2. DonkaMakedonka

    DonkaMakedonka Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Сите од Елиф Шафак!
    Последно што прочитав од неа е "Чест"

    Вреди да се прочита
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Tomorrow, tomorrow and tomorrow - Gabrielle Zevin

    Книгава ја освои наградата за најдобра фикција на гудридс, па сакав да видам за што се работи.
    Прво, во книгава има многу гејмерки работи, многу описи на игри, на создавање на игри, па ако тоа воопшто не ве интересира можно е и да не ви се допадне.
    Додуша, и мене не ме интересира, но книгава сепак ми се допадна. Ми се допаднаа врските помеѓу ликовите и нивната комплексност, нивната љубов кон гејмерството и создавањето игри, нивната креативност.
    Не знаев колку многу работа и талент оди во креирање на една игра.
    Нешто поразлично од темите кои сум ги читала досега. Можеби беше малку предолга, но не ми се оставаше сепак. 4/5
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    Stiff: The Curious Lives of Human Cadavers – Mary Roach

    stiff.png

    Или во превод, try not to throw up challenge.

    Во рецензиите сите викаа дека книгава била хумористична и тоа ме натера да ја читам. Мислам дека е време да престанам да паѓам на „хумористични“ книги бидејќи испаѓа дека има само обид за хумор, што во генерала се трансформира во pure cringe.

    Океј, не беше толку лоша. :D Ама ме тепаше језа со секоја помината реченица, eдвај чекав да ја завршам. Дефинитивно дознав многу повеќе работи отколку што сакав да знам. Испаѓа дека откако ќе умреш сите начини на кои ќе решиш да се оттарасиш од телото се кој од кој полоши. Барем тоа беше мојот заклучок.

    Инаку вака оддалеку, стилот не ми беше баш по ќеф. Авторката ми се чинеше ко да пробува премногу сликовито да ги долови сите ситуации, а потоа исто така премногу пробува да го избалансира тоа со некои чудни досетки. Плус книгава ми даде премногу документарец вајб, ги содржеше сите елементи кои се причина зошто одбирам да читам книги место да гледам документарци. Ко, не ме интересира каква фасада имала зградата на институтот за неврологија, или па какви дрвја имало на ридот. И исто така фактот што се појави факинг доктор Оз во еден момент... крај. :D

    Anyway, да престанам да мрчам. :lol: Ваљда книгава не беше толку лоша колку што ми беше непријатна заради темата. Ако некој сака да знае како се дисектираат луѓе, како се замрзнуваат мозоци, како се басламираат мртви тела, кои течности излегуваат од нив, каква боја се течностите, како би се направило ѓубриво од човечки тела, како се трансплантира глава од еден мајмун на тело од друг, и други слични забавни факти, бујрум. :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Light in Hidden Places - Sharon Cameron

    Мислев дека се заситив малку со тематиката за втората светска, ама книгава ми го докажа спротивното.
    Приказната е базирана на вистински настани и личности, би рекла повеќе е вистина отколку фикција според обемното истражување на авторката. Се работи за Стефанија Подгорска и нејзината сестра Хелена, за нивната храброст и херојство во текот на војната.
    Има навистина одвратни сцени во книгава, а уште пожално е кога ќе се помисли дека сето тоа и се случило, а не е само измислица.
    Немам зборови за Стефанија и нејзиното херојство, ниту пак за нејзината малечка сестра која имала во тоа време само седум години. Барав и читав за нив по завршувањето на книгава и немам ништо освен восхит.
    Топла препорака за книгава ако сакате уште нешто да прочитате за втората светска војна, а е според вистински настани и личности.
     
    На Касија, CameliaMiller, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    All the dangerous things - Stacy Willingham

    Конечно. Коооонечно асален трилер. Го прочитав во еден ден, баш комплексен со одлично изградени ликови.
    Во центарот на случувањата е една жена, мајка, на која детето преку ноќ и исчезнува. Едно ипол годишно дете. Звучи како нешто веќе видено, ама не е така. Има многу ликови кои се вплеткуваат во приказната, многу емоции, што е нормално кога станува збор за исчезнато дете.
    Нема да откривам многу да не спојлам, ама ако сте во потрага по трилер, тогаш обавезно прочитајте го овој.
     
    На CameliaMiller, renata77, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    58763686._SY475_.jpg

    Се изнервирав што ја слушав!!!
    Пред да ја почнам, видов дека има висока оценка на Goodreads.

    Значи се велича манијак, опседнат со жена која ја силува во неколку наврати ама во исто време е претставен како херој кој спасува деца од трговија со луѓе.
    Па таа "врска" се романтизира и као голема љубовна приказна. Ми се згади!
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Женски
    Исто, толку ја фалат по booktok, а ми се згади од главниот машки лик, а и содржината воопшто не е толку интересна за да биде и толку извикана. Има и втор дел или повеќе, ама не фала.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    Sapiens – Yuval Noah Harari

    [​IMG]
    Една од најпознатите nonfiction книги во историјата. Ќе излажам ако кажам дека не ме фасцинира комплетно. Апсолутно ми ги надмина очекувањата иако ми беа многу високи бидејќи сите имаа убави зборови за книгава и ми ја препорачуваа.

    Книгава е токму тоа што го кажува поднасловот: историјата на човештвото, раскажана на убав, јасен и интересен начин.
    Многу работи ми оставија впечаток. Како за почеток, ме натера да почувствувам љубов кон човештвото. На пример, кога зборуваше за првичните човечки заедници и за тоа дека имале минимален број на сопствености, меѓу кои биле алатки за ловење, за сечење, ама и некои убави камчиња и школки, напомена дека иако поминале илјадници години оттогаш, нашите мозоци се сè уште истите од тогаш. Тоа ме натера да помислам на предметите кои ние ги присвојуваме како сопственост само затоа што се убави (ланчиња, обетки и друг накит) или затоа што имаме сентиментална поврзаност со нив. Не знам, ми даде поинаква перспектива за луѓето, како само обични животинки со мозоци на ловци собирачи кои пробуваат да опстојат во светот. :inlove:

    Секако, остатокот од книгата многу интензивно се погрижи да ја сруши таа слика со описите за сите катастрофи што сме ги предизвикале како вид, и на околината, и на другите животни, а и на самите себе. Главно, авторов дава огромен број информаци, факти, случки од целата историја, не само воената што ја учиме во школо. Мислам дека на многу од нас историјата во школо ни е досадна затоа што нè напнуваат со имиња и дати што и онака ќе ги заборавиме, а ги изоставуваат оние behind the scenes работи кои всушност ја формираат целата слика.

    Книгава е многу поучна. Нема некој што не би се здобил со еден куп нови знаења од неа, и тоа не зборам само за интересни факти, туку за објаснување на машинериите кои ни го управувале (и управуваат) општеството. Значи така темелно ги разјаснува принципите зад земјоделската револуција, градењето на цивилизациите, религиите, империите, капитализмот... И на крај завршува со mindfuck глава во врска со иднината на човештвото и поентата на животот. :D

    Многу е интересна. Ако се мислите што да читате, или ако сакате да навлезете во nonfiction, ама не знаете од каде да почнете, трк до Литература или Академска книга. Нема да зажалите. (y)
     
    На FridaKahlo, Angie1432, Касија и 6 други им се допаѓа ова.
  10. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Себастијан Фицек, Детето. Просечна книга во негов стил напишана.
    Едно дете со тумор на мозокот е уверено дека во својот претходен живот бил сериски убиец, бара Адвокат да го брани пред полицијата бидејќи сака да ги признае злоделата. Дали е реинкарнација или не? Дали детето е убиец или не.
    Малку неговиве книги почнаа да имаат се поголема фикција во истите така што не ми се допадна нешто премногу. Оценка 6/10
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.236
    61OSc6OMU9L._AC_UF700,800_QL80_.jpg

    Вистинска приказна, мемоар.
    Ако имате стомак да ја сварите... дефинитивно не е четиво за секого.

    Ен (подоцна официјално менува име и презиме во Анеки Лукас) е жртва на педофилски круг, каде што ја продава нејзината мајка.

    Поради претрпените трауми, срамот и стравот, приказната ја раскажува сега, и тоа само 1 година (последната) во која е продавана.

    Тешко е да се опише чувството додека се чита, на моменти уште потешко знаејќи дека сепак е дете.

    За вистинитоста, нели, не може да докаже. Или и' веруваш или не.

    Страв и' е да кажува имиња (а и повеќето се мртви, се плаши од семејствата), нема намера да тужи никого.

    Јас ја препорачувам, ама со тригер варнинг искрено. Иако не е премногу графичка (за разлика од хорор книги и сл.) сепак знаејќи дека е вистинска личност, на сето тоа и дете... не е едноставно за читање.

    Од мене 4/5, нејзината сегашна животна филозофија ми е мех.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Hidden Pictures - Jason Rekulak
    Книгава победи во изборот на гудридс за хорор на годината.
    Хорори не читам обично, ама ај, ми стоеше интересна.
    Прво, книгава е далеу од хорор. Второ, смешно е дури што испадна на крајот. Трето, пишувањето е подпросечно.
    Една од книгите кои посакувам да не сум ги прочитала. Особено немојте да ја читате ако не сакате натприродни елементи.
    [​IMG]
    The Storied Life of A.J Fikry - Gabrielle Zevin
    Ова беше една претопла приказна. Ми беше малку подобра од Tomorrow, tomorrow and tomorrow.
    Ликовите беа поконзистентни,раскажувањето течеше без прекини, а имаше и некои пресврти кои воопшто не ги очекував зашто ме завлече приказната и не мислев дека нешто шокантно ќе се случи.
    Топла препорака за книгава.
     
    На Annath и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    C3778B76-9262-4567-9998-E001316AB6AF.jpeg
    Where the crawdads sing - Delia Ovens
    Ја рангирам книгата со највисока оцена затоа што Каја ака Катарина Клерк е лик кој останува запаметен, а пред се како се чуствував додека ја читав приказната.
    Каја е девојката од мочуриштето, која е напуштена од мајка и на шест годишна возраст, а накратко потоа од нејзините браќа и сестри. На 10 години останува сама израснувајќи се самата. Единствено место кое и нуди комфорт е животот во природата во мочурливиот дел од Северна Каролина. Набргу таа учи да не верува на никој и да зависи само од себе. Каја е храбра, љубопитна, паметна и многу осамена. Други ликови кои ја подржуваат Maple и Jampin , брачен пар кој се обидува да и помогне на било кој начин и Tate кој ја знае уште како мала и ја учи да чита и и помага во многу други работи.
    Како Девојка од мочуриштето е често пати исмеана како нечиста и неписмена и никој од местото не сака да и пружи помош.
    Се појавува лик кој тврди дека ја сака а на крај се жени со друга и и го крши срцето.Кога ќе го најдат неговото безживотно тело во мочварата, сите од градот ќе претпостават дека она е убиецот.
    Друг убав лик е еден човек во години, пензиониран адвокат кој се повлекува од пензија за да ја брани, бидејќи е осомничена за убиство. Предрасудата е една од главната тема а пред се е приказна за преживувањето. Каја е борец која нема избор и која го прави најдоброто од она малку што го има.
    Додека ја читав научив многу за природниот свет и различните начини на гледање на работите
     
    На Kaja991, riba79, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    FD911F6B-6EED-4474-9654-BB50D444D7E8.jpeg
    Ilconvento dei segreti - Giada Trebeschi
    Приказна сместена во Сицилија 1699 во која вентрален лик е Агата, која како малечка е принудена од родителите да стане монахиња, за да го зачуваат богатството во фамилијата. Родителите остануваат до крај глуви на нејзините молби итаа е принудена да стане Сестра Immacolata.Конвентот е место во кое секој што ќе влезе е речиси невозможно да излезе. Но Агата не е обична во неа тлее вулканот Етна и никој не успева да ја припитоми, другите или ја мразат или и се плашат. Нејзината Братучетка Елизабета не пропушта прилика да ја престави во лошо светло за да биде казнета и понижена од Бадесса ( главната и одговорна). Со доаѓањето на сестра Марија Грација животот на Агата се подобрува, се раѓа убаво пријателство, нивната взаемна доверба расте, постепено се отплеткува тајната на Марија Грација која може да го доведе животот на двете во опасност.
    Марија Грација не е таа за која се кажува, се крие од опасен човек кој ја сака мртва. Во нејзина заштита доаѓа Giorgio кој и е брат по млеко и кој по секоја цена ја штити.

    За тие што сакаат историски романи и стил кој лесно навлекува ја препорачувам.
     

    Прикачени фајлови:

    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    What July knew - Emily Koch
    Книгава беше океј, брзо се читаше, имаше интересни пресврти, ама не можам да кажам дека е нешто што би го запамтила и би се навраќала... Читаш, забавно ти е, ја оставаш и продолжуваш со следната.
    Онака, океј приказна и ликови.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    The Corset - Laura Purcell

    [​IMG]

    Конечно ја завршив по два месеци. :whew:
    Заклучокот е дека дефинитивно можела да биде и пократка. Имаше некои скроз непотребни делови кои никако не допринесоа нешто повеќе за самата приказна, ниту пак им одеа во прилог на дел од ликовите.

    Дејствието се случува во Викторијанска ера, а приказната за необичната мала шивачка Рут започнува така што таа (младо малолетно девојче) по низа настани е пикната во затвор, а надлежните сметаат дека не е добра со паметот, но и покрај тоа треба да си плати за злоделата кои ги направила. Меѓутоа, ќе се појави една Доротеа која е дијаметрално спротивна на Рут и нивните патишта ќе се спојат на интересен начин. Доротеа ѝ доаѓа во посета на Рут затоа што има за задача да спроведе едно истражување, па ќе успеат и подобро да се запознаат онолку колку што им дозволуваат условите.

    Имаше преубава замисла, романов е готски трилер со елементи на хорор и навистина е уживање да се чита Лoра Пурсел. Tолку сликовито пишува, не можеш а да не си направиш филм додека читаш, тотално обзема атмосферата која таа ја креира. Имаше и некои премногу језиви моменти, баш да ти се смрзне крвта. Не би рекла дека книгава е хорор, ама сфаќам зошто е наведен како еден од жанровите. :worried:
    Има и причина зошто романот се вика корсет и навистина сè околу ова ми беше супер осмислено. Првата половина од книгава беше чиста петка. Одлична. Толку магичнa, необичнa и уникатна, башка приказни за кројачки секогаш имаат посебно место во моето срце, ги читам со огромно љубопитство и за книгава си реков - ова е тоа, нова омилена.

    Но...секогаш има некое „но“. Од друга страна кога ја сумирам во една целина, сфаќам дека реализацијата не ѝ беше најсилна страна на книгава. Барем не овој пат, зашто навистина имав доста работи кои не можам да кажам дека ми сметаа, но ми имаа влијание. Како прво, губеше фокус и ептен се чувствуваше разлика во текот на нештата. Првата половина динамична и полна со адреналин, а втората блуткава, анемична сè до пресвртот. Некако ептен расплинети беа одредени делови без некоја вистинска потреба за тоа, а други работи протрчани толку набрзина, ми изгуби од убавината книгава поради некои такви навидум минорни детали. Затоа и толку време ја развлеков, стигнав до една слепа точка и ме смори, ми требаше мала пауза од книгава. Инаку, во други околности, мислам дека би ја прочитала доста брзо зашто е сериозен кандидат за binge read.

    Неодамна излезе нова книга од авторкава и да пројде малку време, би ја читала повторно без двоумење. :mm:
     
    На FridaKahlo, Lella и RainBow им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    The Marriage Act - John Marrs

    Во не толку далечната иднина, во Велика Британија, е воведен закон за брак, кој им дозволува на веќе венчаните двојки да направат апгрејд на својот брак, а истовремено на оние што се сингл им дава финансиски и други мотивации да се венчаат. ВБ, после Брегзит, после пандемијата е уништена економски и барајќи начини како да се покрене доаѓа до тоа дека на луѓето им е подобро во брак од секаков аспект.
    Затоа и се воведува овој закон. Оние што ќе се апгрејдуваат во овој Паметен брак ќе добијат живеалиште во подобра населба, со еден збор, се ќе им биде подобро. Што, нормално, доведува до голема поделба на оние што ова го прифаќаат и оние што не го прифаќаат.

    Е сега, оние што го прифаќаат ова, имаат вештачка интелигенција во нивните домови која рандом снима нивни разговори. И, ако реши дека има некакви проблеми во врската го става парот на Ниво 1, каде што парот добива известувања за тоа како да ја подобри врската. Ако ова не успее, парот оди на Ниво 2 каде што советник доаѓа и може да живее со нив и до осум недели за да ги оправи. На крајот, Ниво 3 е суд кој може да го разведе парот, дури и ако парот не сака.

    Книгава е раскажана од 6 гледни точки ми се чини, што некако ми беше премногу, почетокот ми беше неинтересен со постојаното менување и требаше прилично да помине додека некако не се вклопат коцките.
    Премисата на книгава е скокотлива, но недоволно добро изреализирана.
    Предолга беше, а крајот пребрз некако.
    Во оваа книга се спомнуваат и претходните негови книги, како во некој негов универзум се случуваат работите.

    Не беше лоша, но само последниот дел малку ја извади. 2 2/5 од 5.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    The Demon-Haunted World – Carl Sagan

    demon.png

    Очекував да биде потеоретска ама не беше, и тоа ми се допадна. Имаше многу примери. Мислам дека заврши одлична работа во тоа да покаже која е идејата зад научниот метод, што е уствари наука, зошто постои и како се разликува од другите работи што многу наликуваат на неа и што можат да нè излажат дека се „научни“.

    Навистина ми се допадна што обрна внимание на важоста да им се всади навика за критично размислување на децата најрано што може, зашто многу е лесно за завршат во вртлогот на псевдонауката, што со себе си повлекува низа непожелни странични ефекти, како на пример неписменост, антиваксерство, верување во Бил Гејтс микрочипирање итн. Впрочем, многу е лесно децата кои по природа се љубопитни да се свртат кон вакви ствари бидејќи не им била презентирана вистинска наука за која можат да се интересираат. Јас како мала обожавав да читам за астрологија, Бермудски триаголник, Лох Нес чудовиште, вонземјански цивилизации кои ги граделе пирамидите и слично. Многу е нормално децата да се интересираат за ова, ама важно да се префрлат во вистинска насока во задоволувањето на таа љубопитност.

    Исто така убаво покажа дека луѓето кои паднале во оваа замка не се индивидуално криви, туку се производ на атмосферата во која израснале, и тоа е нешто што може да се промени. Карл Сејган е многу оптимистички настроен, ама и по дваесетина години од издавањето на книгава не можеме да се избориме за создавање плодна почва за научната мисла во училиштата, практично никаде во светов.

    Во секој случај, книгава ми остави добар впечаток. Голем број работи не ми беа познати, како деталите за НЛО-а, вонземјани, паранормални дешавки, како и нивните еквиваленти во текот на историјата и тоа што восхитувачки следат одреден шаблон.

    Единствена негативна страна на книгава ѝ е што беше painfully long, и не баш најзабавна за следење, што ја прави непристапна до еден голем дел од нејзината таргет публика. (Особено последните две глави што се занимаваа со американски политики...)

    Од мене добива 4-ка само поради последнава причина, а инаку сметам дека е навистина добра и корисна книга. (y)
     
    На RainBow и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    Someone Else's Shoes - Jojo Moyes

    Почетокот на книгава делуваше ветувачки, ме вовлече приказната и баш беше забавна. Негде до средината каде што стана монотона и се оптегна бескрајно. Немаше потреба да биде 450 страници, едно сто страници комотно може да се исфрлат.
    И крајот ми беше
    преубаво спакуван, сите среќни и задоволни.
    Машкиот лик кој беше љубовен интерес беше скроз еднодимензионален и совршен, како во YA книга.
    Премногу работи беа нафрлани, а истовремено ништо доработено некако.

    Накратко, две жени си ги заменуваат по грешка торбите во теретана. Во едната има прескапи лобутинки и шанел палто, во другата, подпросечни кондури и маица.
    Ми се допаднаа пријателствата во книгава, иако едната од двеве жени ми стана благо одвратна до крајот.

    Три од пет, само поради тоа што беше забавна до некаде.

    Amari and the Great Game - B.B Alston

    Ја довршивме и Амари, вториот дел заврши со cliffhanger, па сега мора да си чекаме до септември и излегувањето на третата книга.
    Вториов дел на ќерка ми и се допадна, иако јас можам да најдам куп мани и нелогичности, ама сепак, не сум јас таргет публика, за среќа.
    Забавна беше сепак, не ми беше мачно да ја читам на глас.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.933
    Пол:
    Женски
    The Unfolding of Language – Guy Deutscher

    Screenshot_20230312_145747_Chrome.jpg

    Во The Code Book многу ми беа интересни лингвистичките делови во анализата на честоти при пробивањето кодови и решив да читам нешто поврзано со историја на јазици. Книгава ја ископав со свои сопствени раце од некои мрачни длабочини (chatGPT ми ја најде :D), и не бев сигурна во што точно се впуштам ама за среќа ептен ми се погоди. Баш тоа што го барав го најдов.

    Книгава е за развитокот на јазикот од почетните стадиуми на само неколку зборови, преку комплексните антички јазични системи, па сè до модерните јазици. Многу убаво беше илустрирано како преку ерозија се создаваат нови пократки зборови, завршетоци на глаголи, именки и придавки, па со потребата за хиперболизирање се создававаат нови предлози кои евентуално пак еродираат до само еден збор. Многу беше интересно да се види од каде потекнуваат тие мали разлики меѓу јазици што имаат исто потекло – работи што ги приметуваме ама никогаш не сме размислиле подлабоко за нив.

    Исто така дава поинаква перспектива за јазиците и ,,правилата" во нив. Правилата несомнено ќе се променат, а зависат од она што најчесто се користи во моментот. Сите конструкции кои во моментов ги користам за да го пишувам ова ќе се сменат во иднина, можеби и до степен на непрепознатливост. Зборовите ќе добијат нови значења, старите ќе се заборават, и најгорчливата вистина од сево ова е што нема ништо лошо во тоа. :D Едноставно така функционира светот. Ова те тера многу да се замислиш колку се оправдани напорите за ,,зачувување" на разни јазици, дали можеби се кочница за природниот развикот.

    Како и да е, многу убава книга. Ми фалеа само повеќе примери од словенските јазици, кои ги немаше. Фокусот беше на латинските и семитските. Во секој случај, ја препорачувам на секој што се интересира за лингвистика. :*:
     
    На Annath, FridaKahlo и SeaMermaid им се допаѓа ова.