проодност на јацеводи Најверојатно прашуваш за хистеросалпингографија со која се испитува проодност на јајцеводите. Ако го дефинираш подобро прашањето можам да ти одговорам, не знам што поточно те интересира. Иначе е инвазивна метода со која се вбризгува контраст во јајцеводите и се проценува нивната проодност.
да за таа метода со која се испитува колку и дали се проодни јајцеводите.за скопје знам каде се испитува но во битола освен во болница на приватно не знам.споделете некое искуство за тие што поминале низ оваа постапка.особено ако се од битола.
И јас сум од Битола и колку што знам нема на приватно никаде. Ова не е амбулантска процедура, туку мора да се изведува во добро опремена болничка установа со хоспитализација најмалку од 24 часа. Не знам провери во Плодност кај Таше евентуално ако почнал да ја изведува, бидејќи тој и се занимава со проблеми во зачнувањето.
извини златуско,ама дали ти ја имас правено оваа постапка во болница? или знаеш за некој како поминал низ оваа постапка?
Не, јас сум студентка на медицински факултет во Скопје ја имам гледано постапката и знам како се изведува. Затоа и ти реков да прецизираш што те интересира, па ако можам да ти помогнам или да ти разјаснам некои работи .
ХСГ е метода за испитување на проодноста на јајцеводите. Јас цела година собирав храброст да ја направам, бидејќи слушав разни искуства дека болело, не се издржувало и сл. Ја правев во Систина, а претходно, бидејќи многу се плашев, се напив дијазепам и ставив чепче кетонал против болка. Мене искрено ме болеше, но се издржува, со оглед дека јас имам многу низок праг на толеранција на болка. Знам случаи на мои пријателки, пак, што ништо не почувствувале, исто како обичен гинеколошки преглед. Во секој случај, не е толку страшно. Само напред и не се секирајте!
Ме интересираше што е ова HSG и читкав навака натака ... искрено ... јас никогаш не би го направила ова испитување, не постои жена што не напишала дека е пеколно болно, јас болка не трпам за ништо во животов, никаква, мене ме болеше земањето на брис за пап тест, така да ова .... не не не попрво ќе се обесам, одкако прочитав низ какви болни процедури се поминува вклучувајќи ја и оваа,изгубив секаква желба за дете по секоја цена, ако се фати добродошло а ако не ич не се замарам ќе си го живеам животот, каков таков, со или без деца. Можда некому му звучи себично ама јас ни по цена на мојот живот не би се подложила на таа болка.
Ќе си живееш цел живот со кучето? А што мислиш, и да останеш природно бремена, заборави на породилните болки? Заборави на тоа каква бременост може да имаш? Болни процедури. Се работи за дете ало?! Па нема поболно нешто од тоа да не можеш деца да имаш, а ти зборуваш не ќе си можела да истрпиш болка од 5 минути што се вика. Душата би те болела целиот твој живот ако немаш деца. И не зборувај пред време, недај боже да имаш проблем со забременување, ќе те видам тогаш како ќе се обидуваш по секоја цена да го добиеш, па макар морала и најголемата физичка болка да ја истрпиш. Детски муабет.
Баш детски муабет. знам дека секој си има свое мислење за се па така и за ова, но јас не би согласила дека само од стравот од болката ке се оставис без деца. Јас ја поминав цела таа процедура, и ХСГ правев не е тоа толку страшно, со оглед на тоа што желба имаш, затоа што детето неможе да ти го замени ама баш нисто на овој свет. ЈАс си знам барем по мене и мојот случај.
Зошто сте ме нападнале? Јас дури сега видов ... Да, јас не трпам болка за ништо и тоа е мое право, дали ќе живеам со или без деца е моја работа. Нормално дека си сакам да имам дете и ќе имам и тоа без да трпам не знам какви големи болки, ке си се породам со царски на приватно пред терминот и завршена работа, ако треба да правам ХСГ во животов на привано прават со целосна анестезија ако сакаш. А болка да трпам нема шанси тоа ... Јас можеби себично ви звучам, ама животот нема реприза, а и никому не му должам живот.
Сосема си во право , ако не трпиш болка и ако се плашиш сама ке си одбереш што сакаш . Дури и да сакаш цел живот да живеш за кучето твое право си е. Не сите сакат исти работи. Незнам зашто вака те нападна , знам како ти е и мене ме напаѓат за различно мислење иако на никому лошо не правам. Секоја жена одлучува сама низ што ке пројде во својот живот некои се похарабри некои не а со тоа не се лоши жени.
Девојки јас да ви кажам за на државно незнам како е, а за приватно еве конкретно за битола во плодност кај Таше испитуваат хсг, значи на приватно кошта 6000 ден плус ако сакате анестезија се доплаќа уште 2000 ден. вкупно 8 000 ден кошта и мислам дека уште истиот ден си одиш дома. јас прашав бидејки имам проблем со зачнувањето и правев повеќе испитувања кои се во ред и треба уште за хсг да појдам да проверам. поздрав
Кој може да сподели искуство околу HSG - проверка на проодност на канали? Се спремив психички за инвитро и сега докторот ме праќа да го направам и тоа испитување. А, немам време за чекање, во "сериозни" години сум. Дали е неопходно за инвитрото? Колку што знам, тоа е дијагностичка процедура.
Дaли некoј знaе кaкo дoaгa дo зaтнувaнје нa кaнaлите?И дaли oд нискoризичен хпв вирус мoже дa дoјде дo зaпушувaње?
Јас денеска правев HSG и да кажам само дека ВООПШТО НЕ Е болно. Јас не трпам болка, викам и при депилација, така да верувајте кога кажувам дека врска нема, не боли ич! Тоа „пеколно болно“ што пишуваат по интернет направи само да се тресам цела пред да влезам. А уствари, повеќе ме боли ПАП тест од ова
Девојки јас утре сум кај Толовски на проверка на канали...малку ме фаќа страв но едвај чекам да помине... некој совет?