Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    4.229
    Пол:
    Машки
    Паметните луѓе...секогаш изгледаат лудо, во очите на глупите луѓе.
     
    На Blue.Sky, Amellie13, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.292
    Ако е некој психички болен, не значи дека е глупав.
    Колку само научници страдале/ат од некаква психичка болест.

    Тоа 'ненормална/ен/ни' е само стигма кон психичките болести.
    А стигмата се раѓа кога нема доволно информираност за тематиката која се стигматизира.
     
    На sweet-cherry, flawless_, annii и 18 други им се допаѓа ова.
  3. nikibi

    nikibi Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Хахахаха момент на афект беше тоа, не важи :D:rofl:
     
    На *Amethyst* и piksooki им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.234
    Денеска е убав ден :sun: Природа, сонце, пролет, љубов :f: Ми требаше вакво полнење со енергија :f:

    Кога човек е исполнет со убави мисли и чувства, негативноста нема каде да се смести :sun:

    [​IMG]
     
    На Love 83, annii, minne992 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Повише од лажење и доцнење мразам само 24/7 позитивност.
    Значи |(

    Или коа некој ќе рече ама СаМо ФоКусИрАј Се На УбАвиТе раБотИ и РаБотИ нА сЕбЕ |( Да, еве сега одма ќе сменам цел мајндсет преку ноќ пошо баш ти се најде да ми кажеш.
    Исто ко на страсен пушач да му кажеш да ги остави цигарите преку ноќ.
    Мрш.
     
    На Annahhh, sweet-cherry, Gosh и 20 други им се допаѓа ова.
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.931
    Пол:
    Женски
    Се осеќам како магаре. Како магарето од Шрек.Предните заби што ми ги ставија воопшто не ми се допаѓаат. И така немав самодоверба кога се смеев ама сега ми е на нула ниво. Па одозгора на се треба да ми дојде и се чувствувам нервозно. И да гладна сум а уште еден час не смеам да јадам. И што да јадам кога нема ни што да се јаде. Се е гадно блак. И исто се чувствувам како @Sejfullai кога ме убедуваат дека стојат убаво а јас упорно гледам дека не ми стојат. Ќе полудам.
     
    На annii, buba4e89, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.082
    Допаѓања:
    173.934
    Пол:
    Женски
    Оддамна ова го имам на ум, ама денес да речиме нешто се скрши во мене и морав баш денес да го напишам воглавно зошто ми е блиску до „дома“. Сакам да зборам за депресија и ако ете темата ве погодва на кој било начин, ве молам да прескокните мислењево зошто е многу сензитивно, ве молам, ако мислите дека темава е премногу за вас, ве молам, ВЕ МОЛАМ прескокнете ја. Конкретно за важност на „хемија“ во терапија.

    Disclaimer 1: Значи мислењево не одобрува земање лекарства на своја рака, ни пак пиење нешто без врска. Туку збора за препишана терапија од стручно лице препорачана за моменталната состојба на пациентот, и тој одбива да ја земи пошто ... е хЕмИјА.

    Знајте дека кога пишам нешто детално сакам да го организирам во секции, така да прво сакам да разбивам митови и легенди во врска со медикаментозна терапија поврзана со психолошки болести.
    • Да - можи да створи зависност, но најчесто при злоупотреба. Добар психијатар нема да дозволи непотребно долго да ги пиете.
    • Да - никој не сака да пие лекови, не само за менталното здравје туку и за физичкото, но стигмата околу менталното здравје не ни дозволува да пиеме лекарства за менталното додека зошто физички осеќаме болка од физичкото прифаќаме терапија за тоа. Поентата ми е, ист чоек кој пие цела рака лекови за да негува физичко здравје, одбива да пие уште една таблетка или две за да си го негува менталното. А многу од нашите физички болови настануваат баш поради неприлагодено ментално здравје.
    • Не - не можите да се извлечите од депресија со добри мисли и спорт и сличен хипи булшит. Можите само да излезите од депресивна епизода на овој начин. За ова подетално подолу.
    • Не - депресивните луѓе не се слаби, само затоа што не се среќни. Ова го споменувам зошто често слушам дека некој е океј, не бил слаб. Бу, факинг, ху.

    Второ, ќе збораме за должина на пиење на лекарства. Со класичен антидепресив, најчесто, пиењето антидепресив е долго. И тоа е нормално. Замислете земате нешто толку кревко како нашата ментална состојба, и го клукате со лекови наеднаш и очекувате наеднаш промена. Не. Нема да се случи. Ако би имало промена на еднаш би било катастрофално и тоа би било кога би требало да одбиваме медикаментозна терапија. Ама затоа е прилагодена да има минимално негативни ефекти, иако има, минимални се и тоа во почеток на терапијата. Мора долго да биди. И ќе се осетите добро, но се преќинува само при совет на психијатар. Поќето грешат шо сугерираат преќин кога не е време, или пак оставаат лекарства на своја рака. И под долго се пијат, не си играм мајтап. Од кога немате веќе симптоми, зависно од терапија, пиете уште 3-6 месеци, додека немате симптоми никакви, пред да можи да ги исклучите постепено или пак да ве префрли психијатар на терапија која се пие после антидепресив.

    Следно, има едно правило под пиење вакви лекарства - it gets worse before it gets better, или во превод „станва полошо пред да стани подобро“. Нека не ве плашат негативните ефекти во првите две- три недели, впрочем во тој период ќе бидите блиски со психијатарот и ќе увидите дека не е нешто за кое треба да се плашите ама многу луѓе се обесхрабруваат и преќинуваат баш тука, на почетокот. Кога лекарствата сеуште не ни дејствуваат. Пак ќе речам, сетете се како од нигде никаде да ставаш лек кој ви контролира расположението. Нормално е да има период на прилагодување. Никој лек не е совршен впрочем, ама секој лек е причина зошто проживуваме подолго.

    Трето, никогаш, никогаш не ја потценувајте психотерапијата. Во ситуации кога треба медикаментозна терапија, не значи дека треба да се занемари и психотерапијата. Напротив тие се како две страни на иста паричка - се надополнуваат. Со психотерапија се бара „зошто“ во проблемите. Штом се најди „зошто“ можи да почни да се работи на него. Некогаш наоѓање на коренот на проблемот е тежок, тоа нека не ве обезхрабрува. Овде веќе ќе дам лично мислење, кога бев мала го прочитав ова нешто и некако ми стана како лично мото, „Проблем не е проблем ако нема решение, и ако нема извор. Секогаш барај го изворот на проблемот за да стигниш до решението. Поврзано е.“ Секој проблем има решение, и коренот на проблемот носи директно кон решението. И за тоа е задолжена психотерапијата.

    Тука сигурно сите знајте memes, она со мразот каде мал дел е на површина, а огромниот дел е скриен под вода. Така е и со нашата психа, со корените на проблемите. И мора да се изнајдат, и штом се изнајдат да се работи на нив за да се решат. Или пак замислете дека се што правите, трга едно конче во мозокот. И секоја акција трга конче, од како си го помина денот, до поважни настани, до свесен дел и несвесен дел. И со психотерапија се изнаоѓа коренот на тој проблем, се оди конче по конче дур се стигни до таму каде што уствари „боли“. И боли толку многу што излегва на површината толку силно.

    Четврто, стигмата околу менталното здравје. Знам дека ова мое мислење е повеќе концентрирано на медикаментозната терапија и има причина зошто е вака ориентирано ама тоа е нешто за кое не сакам да зборам јавно. Ако случајно некој сака детално на друга тема од психологијата да прочитате нешто вака, кажете ми, пасија ми е, за која тема и шо мислите дека е важна - јас сакам да зборам. Психолог е нешто што треба да го има секој како што има матичен лекар, гинеколог и заболекар. Зошто така ќе имаме здрава нација, а сега немаме затоа што секој се срами „што ќе речи комшијата“ и не се грижи за своето ментално здравје. Истиснување на проблеми околу ментално здравје, и игнорирање на истите нема да реши никаков проблем, туку напротив, ќе го продлабочи.
    • Влошување на состојбите: Мислам, ова е јасно како ден и е нешто што се случва во секој случај со било што кое останува нетретирано. Ако претходно си се осеќал уморно, сега нема да можиш од кревет да станиш. Ако претходно си имал промени во расположение неколку пати на ден, сега имаш почесто. Поентата ми е, симптомите нема сами да си одат ако не се работи на нив. Ќе станат полоши. Знам дека е лесно да верваме дека нештото едноставно ќе помини, ама шансите за то да се случат се помали, додека поголеми се дека ќе се случи спротивното - состојбата ќе се влоши.
    • Психосоматика: Многу нетретирани ментални болести резултираат со - психосоматика. Психосоматика е состојба кога поради менталното здравје страда физичкото. Значи при депресија, анксиозност, зголемено ниво на стрес и слично, тој неадресиран проблем, кој се истиснува, негде мора да избие и да излези на површина. Најчест издувен филтер: висок крвен притисок, дијабет (believe it or not), главоболки, вртење, дерматитис, улцери, импотенција, фригидност, тензија, болки на различни делови во телото и слично. Многу од физичките болки уствари настануваат ради психички фактор, но никогаш не се адресира психичкиот срамот во нашето општество зошто е „срамота“. Не е. Страдаме. Подобро е да продолжиме да страдаме или пак да го решиме проблемот во коренот и да живееме добар, здрав живот?
      Следно на темава шо сакам да прокоментирам, еден човек кој пие медикаментозна терапија за своите физички проблеми, но одбива за своите ментални проблеми, зошто? И ова зошто, навистина ме интересира. Што ако проблемот поради кој имате физичка болест е уствари психолошки? Зошто не би го решиле? Зошто би одбивале терапија за едно, а не за друго? Само зошто е ментално здравје во прашање, не значи дека сме цареви над истото. Подеднакво важно и деликатно е психичкото здравје како и физичкото.
    • Влошување на меѓучовечки односи: не знам дали тука вреди да пишам believe it or not АМА многу нормално дека при незадоволителни состојби на расположение, ни страдаат меѓучовечките односи од многу очигледни причини - сакаш да си повеќе време сам на пример, или пак ако имаш чести промени во расположение ( еве ќе бидам искрена, јас има(в)м ненормални промени во расположение и другарка ми има забележано дека некогаш кога ќе се изнервирам или влезам во лошо расположение многу често само пари оставам за кафе и си заминвам, од нигде никаде ни зошто, и нормално дека само таа ми е блиска зошто кој друг ќе ме толерира со такви промени? А таа знај и зошто настанват и колку и дали работам на нив и воглавно зато ме толерира, нема да ме долерира до безкрај), или пак што има друго, ако едноставно не ти се збора со луѓе и не одговараш на повици, и одбиваш излегвања. Поентата ми е, сите некогаш се имаме така осетено и океј е. Ама ако е ова нешто што трае, мора да се побара помош. И мора да се прифати таа помош. И мора да се прифати дека се има проблем и дека бараш помош за тој проблем. Пак ќе повторам, како што би отишле кај матичен за физичка болка, треба да се оди на психолог за нашето ментално здравје.
    • Намалување на квалитет на живот: од самиот умор многу често страдаат оценки во училиште, квалитет на работа и општа желба за живот. Страда професионален и личен живот. Тоа се причини плус зошто треба да побараме помош.
    Неќам да одам во премногу детали пошто мислам дека категориите кои ги претставив опфаќаат многу. Само ќе спомнам место да ги коментирам во детали, нетретирање на нашето ментално здравје не прави подложни да бидиме манипулирани, искористени како жртви, да бидиме под ризик за злоупотреба на наркотици и склоност кон завист и, за жал, суицид.

    И за крај, не потпаѓајте под мислења дека не ви треба медикаментозна терапија дека некој друг успеал без неа. Тој некој друг можеби немал толку длабок проблем или не оставил проблемот да му се задлабочи туку реагирал на време па затоа и потребите за решавање на проблемот се од помал размер. Тој некој друг можеби немал небаланс. Тој некој друг можеби не ни имал депресија туку блага депресивна епизода, што е најчесто случај, и пошто се извлекле без медикаментозна терапија, а во многу случаеви самодијагностицирани и без психотерапија, не значи дека и од депресија така тип топ се излегува. И сите вие самодијагностицирани, и сите вие хипици против хемии кои во меѓувреме маваат тешки дроги ама битно не пијат хЕмИјА ве молам воздржете се од коментари насочени кон личности кои мораат да си ја пијат терапијата. Пошто можеби нема да преживеат без неа. И знам дека не го сфаќате оти кај вас не било така, или можда не ни имате искусено на своја кожа ни блиску нешто такво, и затоа ве молам, престанете. Впрочем мотивација за се ова што напишав се вакви луѓе.

    Заклучок: Ова мислам дека е само доказ дека нетретирано ментално здравје можи да има катастрофални последици и затоа е важно штом се препознаат одредени промени во расположението кои траат и не се повлекуваат - да се побара помош. Не е срамота да се побара помош. Да, за жал ќе има луѓе кои ќе ве осудуваат, ама вие ќе излезите посилни од ова како луѓе кои се приоритизираат себеси и се грижат за себе и за своето ментално здравје безразлика на се.

    Disclaimer 2: Осеќам потреба пак да напоменам, ова мислење не одобрува медикаментозна терапија по секоја цена туку само во ситуации кога е потребна и препишана од стручно лице. Ова мислење крајно осудува земање лекарства на своја рака, дали биле за физичка или ментална болка, осудува преќинување на терапија на своја рака и осудува неконсултации со стручно лице. Поентата на ова мислење е ако барате помош, да ја примате со отворени раце, да останите во константни консултации со своето стручно лице и да се сфати важноста на медикаментозната терапија, која е препишана и задолжителна, пошто многу пати наивно се отфрла. Да, медикаментозна терапија не е нешто навино, ама во одредени случаеви крајно неопходно.

    едит 1: Од кога пуштив ми текна дека и месец Мај е уствари месец на менталното здравје па мислам дека баш соодветно дојде. Баш и би сакала на други теми во врска со ментално здравје да пишам во иднина, ама се во свое време.

    Thank you for listening to my TedTalks.

    [​IMG]
     
    На Bojana890, sweet-cherry, LejlaD и 28 други им се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Многу ми е лошо, секој ден полошо.
    Едвај чекам да падне мрак и да се стуткам во кревет што ми е како комфортно катче и да се исплачам без никој да ме слушне.
    Немам желба да станам од кревет, најубаво ми е кога спијам, не мислам на ништо.
     
    Последна измена: 8 мај 2020
    На piksooki, annii, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    11.603
    Пол:
    Женски
    Верувај, ова ти олеснува ситуација колку толку.
    Јас немам сили ни да се исплачам.
    Со месеци немам плачено, загрижувачко е веќе.
     
    На piksooki, annii, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Биг Бенг Тиори момент со комшиката плавуша што сама живее од карши.
    Улета во станот да праша кој ќе и го поправи компјутерот, не можел на интернет да се конектира. Ние сите со активностите:
    еден игра игра некоја,
    другиот Данџнс енд драгонс,
    третиот се спрема вештачка интелигенција да програмира :D

    Бев, видов, пробала да се конектира на нашиот интернет, затоа не работел :D
     
    На Regina.Phalange, LejlaD, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    186.250
    Наградно прашање-кој ќе биде Леонард?:D:?:
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Си го направив меракот денес и тамн ми е. Утре на работа.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    На глас се смеам :rofl:
     
    На *Amethyst* и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Или насмеј се и кога ти се плаче :devil:
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Од сите во станот јас најголеми шанси имам да бидам Леонард. Веќе изразив желба да се подружиме и сега интернетот и го местев.
    Другите прокоментираа: „види, ко што тргнало ќе мора и со комшиите да се дружиме“ :D
    Инаку, нова комшивката, скоро доселена :D
     
    На Regina.Phalange, *Amethyst*, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Животот ти е убав, има и полошо!
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.608
    Допаѓања:
    161.270
    Ко ќе пише некој "Заслужен одмор 8)". Одма знаеш дека е се освен заслужен. Со исклучоци де.:!:
     
    На LejlaD, sierra, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.234
    Е во врска со постов погоре, ми даде инспирација :D

    Јас не можам да си ,,дозволам'' одмор се' додека не ми се завршени сите обврски што сум си ги зацртала за тој ден. Некако имам грижа на совест и не можам да одложувам, чувствувам како нешто да ми тежи и не можам да одмарам со мислата дека ме чека работа подоцна во текот на денот :)
     
    На poenta, Cherry blossom89 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    186.250
    Наидов на еден твит
    upload_2020-5-9_1-46-5.png
    Сега ми е јасно зошто ништо не ми е јасно. Па јас сум останала затуцана со предрасудите од недемократскиот систем од СФРЈ, цел ренесансен период на ново-барокна лепота сум пропуштила, веронаука не сум учела :tmi:
    До вчера литија не знаев дека постоела, оно да ти била света 750 годишна традиција, која никој и ништо не може да ја спречи... и која традиционално се одржува по трет пат(facepalm)
    Па јас сум живеела во back to the future:drunk:.

    СДК, ако случајно не се разбираме, тоа е затоа цивилизациски сме се промашиле... во меѓувреме времето отишло во рикверц:(
     
    На Regina.Phalange, Herrera, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Сите мачки вака, бетер од пмс се. :rofl:
    EB9755C1-3A07-4C18-96F2-9AE968DF9068.jpeg
     
    На Indiegurl, Regina.Phalange, Gosh и 13 други им се допаѓа ова.