Друже, зошто бегаше од часови? Што чувствуваше/чувствуваш и од каде почна сето тоа? Мене ме интересира на ова прашање да пробаш да ни одговориш, оставајќи простор дека навистина имаш причина - пошто не сакам да верувам за никого дека пишува во ваква тема за внимание. А одамна трае ова од тебе со школово, мислам и други постари членки те познаваат дека не ти е ни прв профилов. Ги читаш ли воопшто добронамерните совети на сите твои отворени теми што сме ти ги пишале, си послушал ли некој од нив? Или имаш навистина проблем за кој ниту можеш целосно да ни се отвориш, ниту дозволуваш некој да ти помогне - или гадно нѐ тролаш со години, што е срамота и греота за вакви теми.
Абе дете не се занесувај оценки се поправаат,си згрешил секоја грешка се поправа во животот. Единствено вакви работи што ти се на ум не се поправаат. И ќе се самоубиеш така? А помисли што после тоа,како ќе им биде на твоите ммм,или ти е гајле за нив,и нивната болка која намерно ќе им ја нанесеш.
Пак ќе повторам, оној кој е во криза, има тешки проблеми, никогаш нема да бара совет по општи форуми. Тој никогаш и нема константно да се отвора за своите лични интимни проблеми на форум каде секој има пристап. И самиот ти кажа - верува дека сите го мразат - со ова се создава дури и еден вид на параноја да не биде одново повреден. Депресивци кои сакаат да извршат самоубиство, пишуваат само еднаш во темата, а тоа за жал, најчесто е за последен пат. Ова што го има дечково е далеку од депресија. Може да еволуира ако самиот не сфати дека со глупирање по форуми, нема да ја добие онаа лична сатисфакција која му е потребна, туку со промена на начин на живеење. Уште е во стадиум каде може сам да смени нешто, со мало насочување од некој негов близок.
@EvAngelos За твоја среќа, мислам дека немаш во животот блиска или подалечна особа било да е фамилија, другар или познаник, кој што извршил самоубиство. Чисто за да го споредиш пре суицидалното однесување со однесувањето на дечково. Од кога кука по форумов за тие оцени, мислиш на Харвард е запишан, а никако да превземе нешто во врска со тоа. Сме биле сите во средно, знаеме колкава попустливост има и дека една лекција да научи само ќе го пуштат понатаму . Тој се однесува како да е центарот на светот, сите го мразат, сите гледат да му наштетат, сите што му збориме му мислиме лошо. Лош филм. Еве ти испадна добар момак и му понуди помош ? Сакаш да се кладиме дека нема да прифати ?
Само тој ли има проблем со самодовербата? Да беше така лесно сите ќе си ја стават јамката на врат и ќе го турнат столот. И вистина е дека најголем дел од случаите се лица за кои никој не верувал дека можат да си сторат на себе такво нешто. @Rakometar ај размисли што ќе постигнеш ако се самоубиеш? Прва работа проблемите нема да се решат сами од себе кога ти веќе нема да бидеш тука. Друга работа размисли дека и животот на твоите родители ќе им го уништиш. Ќе мислат дека тие некаде згрешиле, па поради тоа си го сторил тоа. Туку фати си ја книгата бидејќи друго чаре нема. Завршува учебната година барем олесни си за подоцна да не ти биде пак тешко и да тресеш глупости на форумов. Ајде стави прст на чело и размисли и да не ти текнало на памет нареден пат вакво нешто.
Добро, тоа е веќе нешто подруго - но не треба да ти биде причина да го доведеш и успехот до тоа дереџе. Обрати се на педагошко-психолошката служба, побарај помош од психолог... Среди се и фати книга во рака - имаш надеж и за годинава, мислам дека има и во јули/август рокови за полагање. Никој не ти мисли лошо овде, ама стави си ги навистина во глава советите од овде и прифати понуда за помош... Не може да ти се помогне ако ти самиот не преземеш нешто со помош на возрасни што во реалноста ги имаш околу тебе.
@Someonespecial Moже ке грешам душа ама не му верувам ни на приказната за злоставувањето. Наиде на еден куп негативни коментари тука и пробува да ги омекне нештата, да фати на емоција. Погледни ја темата која сам ја отвори ( повторување година во средно ), прочитај ги неговите мислења и кажи дали мислиш дека дете со такво однесување е предмет на заебанција у школо?
@Rakometar дете, прво разговарај искрено и отворено со родителите, не се плаши да им ги кажеш СИТЕ проблеми, бидејќи какви и да се верувам дека во никој случај не би сакале да ти се случи нешто лошо Школото и паѓањето година е најнебитната лоша работа што може да ти се случи во животот, не потпаѓај на првата препрека Верувам дека барем за 2ки можеш со многу малку труд да научиш, секој може Ќе биде се' во ред на крај, да знаеш
Јас па мислам дека можеби повторување на година во друго школо би било подобро за него.. Ко прво ќе смени околина ако е вистина дека му досаѓаат, ко второ ќе си фати со ред да си учи од почеток. И ко трето можеби кога имаш реална последица на твоето однесување во минатото ќе размислиш следен пат како да размислуваш и да постапуваш за да не дојдеш пак на исто место. Уште една недела има до крај на школо, не знам дали е воопшто можно да ги поправи сите оцени до крај на неделава.
Ниеден професор нема да те остави да повторуваш година ако покажеш желба да ги поправиш оценките. Послушај го советот на Евангелос и остави нека ти помогне. А самоубиство - поголема грешка нема да направиш.
@Rakometar Абе дете,ај не туку тропај глупости,ќе се самоубивал и тоа за оценки Ако беше самоубиството некакво си решение,веднаш при најмал проблем сите би посегнувале по себе. Јас убаво те разбирам дека си во депресија и во некоја си фаза како си сам и сите се против тебе,ама премногу си млад за да се откажуваш лесно,ајде земи таму загреј ја столицата малку,ете и помош ти се нуди дури... Колку и да е тежок животот,се е минливо,ќе дојдат и поубави времиња,ова ти го кажува личност која се бори со депресија,ама не се откажува
Може нема да ти се допаѓа одговорот, ама ако паднеш година нема веќе да бидеш со соучениците кои те малтретираат, ќе ти бидат други професори... Тоа е што е, ако веќе нема назад и нема друга опција тогаш барем гледај на посветлата страна. Твоите ќе се лутат некое време, а ти со памет во глава и нови сили од септември ќе им се искупиш со тоа што ќе имаш добри оцени и нема да бегаш. А ако не сакаш да се случи горенаведеното, тогаш загреј столица, побарај помош од некој и научи добро за поправен. Верувај, колку да те мрази некој професор, кога ќе види дека си се потрудил и си научил, нема да може да те бутне. Не губи време, фати се за работа и се ќе биде ок. Во животот понатака ќе се среќаваш со многу посериозни предизвици, дури смешни ќе ти бидат овие средношколски маки.
Аман бе луѓе, сакате чоек да се самоубие од муабетите, де тролал, де лажел, ако сакал да се самоубие не пишел толку пати. Ок. Се читате? И да лажи, не можиш да знајш и се однесуваш како ситуацијата да е реална. И да бара внимание, кој не бара? Јас знам дека сум како Тинкр Бел и без внимание ќе умрам. Искрена сум, бидете и вие. Не ми е место да ве замолам да не коментирате ако не можите да ја мотивирате лилноста која пиши, ама бар прочитајте три пати шо пишите. @Rakometar ја прифати ли понудата на @EvAngelos ? Размисли и оди, ваква понуда нема да добиеш друг пат. Не само за оценки што ќе можиш да попрајш, туку и знаење ќе добиеш кое ќе ти служи многу во иднина. Следно, која година си и која е причината, према тебе, поради која те малтретираат соучениците? Колку што ми се допаѓа, толку и не ми се допаѓа идеата на @Avery - вистина е дека ако повториш година или одиш во друго училиште ќе се оддалечиш од проблематичниот клас и ќе имаш мир. Ама, секогаш има ама, ако не знаеш коренот на проблемот, зошто те малтретираат, како реагираш на тоа, да не е случајно во тебе - истото ќе се повторува каде и да одиш. Дали имаш одено кај стручно лице? Не е ништо страшно, само разговор. Пишувај почесто, со само пишување ќе ти олесни. На секој му годи разговор.
Одамна му имаат пишано на ракометарчево многу загрижени феминки, но он не ги послуша нивните совети а ниту нашите шаливите, безобразните, саркастичните..епа, ракометарче, касно стиже Јанко на Косово поље!! Нема време веќе за поправање оцени и ниту е фер да ти се поправат, не си заслужил( е сега ако вујкоти е владика, може тогаш) Фино лепо. ќе си ја повториш годината(ниту си прв ниту си последен понављач во светов) и ПАМЕТ ВГЛАВА Нема потреба да се малтретира @EvAngelos[/USER] , ти треба во училиште да одиш редовно и таму да учиш како велат, што си посеал тоа ќе си жнееш За лошата намера и мисла што ни прераскажуваш, на жалост. овде на форумов неможеме да ти помогнеме..оставаме судбина во твои раце
Јас толку се пронајдов во овој текст буквално сум во иста ситуација што ми доаѓа се и сешто на памет,цела година ко безвеза се вртев по школо исто бегав ништо неучев и сега кога се наредија еден куп единици последна недела одговарав како луда,но за џабе одредени пофесори ми се закануваат со поправен.Дома сите ме нападнаа дека јас сум виновна за мојата ситуација,да и јас сум си виновна и свесна сум но неможам да вратам ништо назад.Сите ми вршат притисок, јас сум од позната угледна фамилија одстрана слушам навреди "на кого сум личела ваква како не ми е срам"Секој се радува што се завршува школска година мене ми се плаче ми доаѓа на глас да се дерам што ми преостанува веќе се ми пада на памет камо да можам да отидам негаде да се изгубам толку сум скршена срам ми дома да ги гледам мојте родители се затворам сама во соба по цел ден неизлегувам.Јас девојче срамота е за девојче ваква ситуација секој ми го кажува тоа а јас сум многу чуствителна и како од сето тоа трауми имам толку трагично ми е во овие средношколски денови,сите ги викаат ова се најубавите години а знаете ли јас јас како ги доживувам овие средношколски годнини во стрес нервоза плачење се затворам сама во себе толку ми е тешко а никој не ме разбира сите ме мене обвинуваат сега сите се радуваат што завршуваме а јас јас незнам на што сум дали годината ќе ја поминам уште некој кога ќе ми префрли "ти си луда девојко како не ти е срам" зарем тие немаат чуство дека тие зборови ме погодуваат мене... Кога би помислила да умрам на никого нема да му биде жал. Што ќе изгубат мојте родители?дете кое само проблеми им прави,дете кое не вреди ништо да тоа сум јас...
Прочитај го тоа погоре што го напишав за него важи и за тебе. Јас не знам како поради лошите оценки да не ви се живее тоа не можам да го разберам. Инаку родителите знаат да бидат нападни во такви ситуации и наместо да ви помогнат тие уште повеќе ви штетат. Се обиделе родителите да ти помогнат и да те прашаат каде е проблемот и што ти е тешко да се потрудат да ти објаснат? Или зафатени се и пари прават па немаат време. Размисли само дека останатите луѓе имаат поголеми проблеми од мене и од тебе и се надевам дека ќе најдеш мотивација и сила да се избориш со проблемот.
За секој од нас нашите проблеми ни изгледаат најголеми иако гледани од страна и од друг агол можеби изгледаат смешно,но тие се присутни и за нас се најтешкото бреме,што го живееме..кога ке помине време може и ке се чудиме и смееме за што сме се нервирале,но во моментот не е така.Овие деца не ги виделе проблемите што ги носи животот,затоа проблемите кои сега ги имаат реално за нив се голем психички терет,Јас дур учев,во мое време , во мојот град имаше баш неколку самоубиства од основци или средношколци од страв како дома ке поминат со лошите оценки.Затоа не се потсмевајте со лошите чувства на децата,и самоубиството е само момент кога ке се победи стравот кој секако постои од смртта.Сите ние сме помислиле дека ни е преку глава од се...од животот разочарани и кога не гледаме излез,мислиме смртта е решение,но ретко кој има храброст да посегне по себе.Ние кои имаме на кој да се пожалиме , ке се искажеме на некој близок,а детево очигледно нема каде и форумов му е место за да се искаже и издише,и добие мисли кои би го охрабриле дека вреди да се живеее дека се е минливо и таков е животот на сите ,по дожд изгрева сонце,по бранови морето се смирува.по зимо иде лето.,..животот е тркало кое ги менува ситуациите. Секогаш вредноста на некој се мерела со степенот на школување со имотната состојба...Но по некое непишано правило,најслабите ученици кои учеа со мене денес се најголемите бизнисмени,ние што учевме едвај поминуваме месец...не е се во школото,но сепак е големе помош за иднината ...Така да нема правила,ова ке помине ке стиснеш заби ,ке го издржиш притисокот зашто можеби иднината спрема нешто убаво за тебе...а ова ке ти е голема лекција за догодина,за да не го поминеш истото што и сега...Утре е нов ден секое чудо за три дена ке помине и ова ...Животот сепак е убав вреди да се живее...
Sega doznav za edno masko sto se samoubilo poradi slaba ocenka. Imeno, tatko mu mu rekol ako ne gi popravi edinicite ke go obesi. Detevo i pokraj site obidi ne uspealo da gi popravi edinicite pa se obesilo samo. Greota se potresov, mlado masko 16godini. Neka pociva vo mir
Каде го прочита ова? Браво за таткото што му ја уништил психата на детето. Не ми се верува со кои се’ го делиме воздухот што го дишеме. Доказ дека не секој заслужува да биде родител.