Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Не се секирам, муабет си правам, не сум на работа, а времево ми е бош за шетање.

    Знаеш зошто мајка ми би била "лоша" свекрва? Затоа што пробува, до душа веќе дигна раце, да ми кажува како да организирам дома. Затоа што јас сум похаотична, она е екстремно уредна. И затоа не може да разбере зошто поинаку од неа ги правам работите, односно онака за најмалце можно да се измачам.

    Пример. Немам тепих. Имав, го фрлив. Немам желба да чистам тепих, подобро ми е без него.
    5 пати ми рече да ставам тепих, на крај дури почна да се нуди ако немам пари да ми купи. А јас едноставно не сакам да чистам ич повеќе од што морам :D
    На работа некад идам со шминка, некад ми се спие и не идам. Ако случајно сфати ќе рече - можеше барем карминче!
    Да имам дете знам дека нема да го чува, си има своја кариера, обврски, друштво, живот..

    Итн. Ништо од ова не ја прави лоша личност, ама да сум и' снаа нормално дека ќе ме нервира, посебно ако живеам со неа и делам простор со неа. Како што сме се нервирале пред да живееме посебно, до последен ден на моето живеење таму ме замараше тепих да сум ставела во соба :D Или ќе дојде ќе размести растенија. Или зошто немам завеси.

    Да живеам со неа, да сум и' снаа, повеќе ќе ме нервира него како ќерка. Како ќерка ја знам многу добро, знам дека не е злонамерно, знам дека не и' е целта да се "меша", колку што сака (според нејзини стандарди) да живеам подобро.
    Ама ако сум и' снаа и вчера сум ја запознала, ќе мислам дека е арогантно мешало.

    Никој не е толку лош, колку што не сакаме сопствените маани да си ги согледаме :)
     
    На Nausicaa, andrejko82, baby-star и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Епа да и мајките и свекрвите се мешаат демек да ни помогнат за наше добро,ама не сфаќаат дека ние не трпиме така,само што на мајките можеме се да им кажеме .
    Исто и за завесите и тепихот од мојата соба кога ги извадив уште кога не бев мажена кога си бев кај моите,мајка ми ама како сега вака е така и реков и толку .
     
    На Billy Idol и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Што подалеку, толку подобро. За мир во куќа.
     
    На Malesia, Billy Idol, butterfly_91 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Нормално, затоа е важно мажењето со акл да е. Ретко овде сум прочитала вистински проблем со свекрва, 99% се проблеми со мажот и тоа што тој не знае да им стави граници, како што ние на нашите им ставаме.
    Секако има и мајки на снаи што се бетер од 3 свекрви, ама генерално од се' што сум видела, мажите се лигуши што не сакаат да се скараат пу пу со мама/тате.

    Пошто живеев со бившиот, барем за тоа не можам збор лош да речам, колку што јас на мојата и' ставав граници, дупло повеќе он на неговата. После нормално дека не може да ме нервира, и тоа што ме нервирало ретко одма било решавано.

    Баш тие немажените и младите треба да ја читаат темава како задолжително четиво пред брак :D Ако си го препознаеш мажот тука, бегај подалеку :D
     
    На Gosh, baby-star, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Реално у право се потполно @CameliaMiller и @Biljarkata, ако ти помогнат, па макар и минимално, не мора стан да ти обезбедат или спрат, целосно они да ги покријат трошоците, туку само да помогнат малку, после имаат и право да ти праат што сакаат, не треба да е така ама така е.

    Секогаш ќе ти го плескаат тоа у лице, дека ти помогнале, ти излегле у пресрет, на прва караница или несогласување ќе го тупнат тоа.
    Да не збориме и за други ситуации и проблеми, каде што пак имаат аргумент и причина да се мешаат, а демек посебно живеете, одвоено ама џабе, стресовите си се тука, пак се присутни, пак ги голташ.

    После па, што си имаат на располагање кој да ги чува кога ќе станат зависни од друг, ехеее па тоа бе должност ти е, ќе ти напраам "услуга" ама за возврат не само шо ќе ја платиш, туку ќе ја преплатиш повеќекратно таа услуга, на ваков или онаков начин, услугата мора да се плати, нема нишо џабе.
    Шо дека ти се родители, а ти дете си им, нема везе тоа. Услов си е услов, збор си е збор, си се согласил и нема назад после.

    Ја и на моиве не им судам секако, кај смеам, коа знам колку се измачиле низ годините и колку жртви имаат напраено ама им се чудам за изборот што го напраија на времето, (не за киријата), што прифатија да бидат играчка на некој начин во рацете на старите.

    Тешко, нетешко, неиздржливо требало малце поинаква тактика да се спроведе, само за мир у куќа и благосостојба каква таква, за ништо друго.
    Ама ај, у тоа време ваљда сметале дека таа одлука е најдобра и најправилна, заеби после тоа сите нервози и глупости, ќе се издржат, да, да...

    Ја да сум, не би постапила така у ниту еден случај.
    За се има решение ако се сака, освен за смртта ама треба малку поише храброст и решителност да имаш па и да ризикуваш.
    Со деца коа си, не малку, туку мнооогу е потешко и не е едноставно уопште да се преземе ризик ама не е ниту невозможно.

    Ама сеа ќе речете шо знаете вие, не сте искусиле на своја кожа, не сте у брак, немате деца..

    Си знам по моите многу добро како не треба, лекција ми е тоа па нема жива сила шо ќе ме натера поинаку да размислувам и постапам ако се најдам у слична ситуација.
     
    Последна измена: 17 октомври 2023
    На *Amethyst*, Anyshka, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Знаеш како, сите ги гледаме и успесите и грешките на нашите родители, па се трудиме да не ги повториме.

    Баба ми чатал, во куќа на татко ми почнала да кења дека нејзина била (нема врска, ни нејзина, ни на дедо ми, татко ми и чичко ми сами со кредити ја направиле - на плац што дедо ми од државата го добил, а при градењево веќе починат). И баш тоа презборела - "нејзина" била земјата (а тогаш уште било куќата е твоја, ама земјата е државна), татко ми и' рекол на мајка ми - пакувај се сега одма и одма си одиме, нека на мајка цела куќа да се шири, тесно и' е, а ние башка недомаќини. После ја намолила мајка ми и останале, не зборнала бабава веќе. АМА, ај како да бидам со маж што се плаши од татко му, кога ме растел татко што не ги фермаше глупостите на мајка му? Ни за жена, ни за дете, ни за куќа.
     
    На BellaBibi, MeowMeow, jacqueline.s и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Амин.
     
    На baby-star, Malesia, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Офф, ова е најстрашно, стравот и авторитетот од родителите да е присутен до тој степен што веќе почнува негативно да се одразува не само по твојот туку и по животот на твоето семејство и твоите деца и да станува ненормално токсичен.

    Разбирам стравопочит кон родител, само до одредена мера да биде, ако се претера обратен ефект се постигнува од кој полза никако нема ни самото дете уште помалку неговото семејство.

    А сите у фамилија си иаме по некој шериф, некој шо глуми газда, ти наредува и пробува да те командува, од него и потекнуваат сите проблеми, а па замисли поише исти такви да ти се у куќа.:drunk:
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.402
    Пол:
    Машки
    И свое да си купиш, и под кирија да седиш, ти секогаш ќе имаш сплеткарења со родители и свекор/свекрва. Едноставно, дел од животот ти се и несогласувања секогаш ќе има. Не може ти секаков контакт да прекиниш со нив. Па и во Германија да си, ќе ти дојдат на гости месец дена и ќе ги трпиш.

    Не за џабе рекле кај нас: "од кај ти е жената, од таму ти е фамилијата".
    Само во случајов е обратното.

    E сега колку си финансиски позависен од нив, повеќе имаат можност за контрола и мешање во бракот. И секако, колку ќе си допуштиш.

    Проблемот е што повеќето во Македонија на некаков начин се зависни од родителите, и скоро па невозможно е да имаш свој стан, без мама/тате да ти помогнат, или некако да собериш пари за кредит и да заглавиш во наредните 20/30 години.
    И тоа ако не го можеш, ќе заглавиш под кирија, до смрт. Како сакаш врти го, есапот е тој.

    И како мине времето, за новите генерации се потешко ќе биде да се дојде до свој дом.

    А сите знаат што е убаво. Колку подалеку од фамилијата, толку подобро. :)
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Точно до збор, тој што сака да се меша ќе се меша и во Германија да си, и ќе кажат да се прекине контакт, епа сега немаме сите исти карактери да прекинеме контакт со нив, јас би прекинала ако ептен се безобразни, ама тоа сум јас, какви сака нека се сепак се родители и не секој може да прекине контакт со родителите.
     
    На VDT2906, Billy Idol и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Само кај нас не може да се постават граници кои ни одговараат. Да, може да не ти се дел од животот ако одлучиш дека така е подобро за твојот живот и твоето ментално здравје.
    Не, не мора да дојдат и еден месец да ти седат ако не можеш да ги поднесеш.
     
    На Gosh, Maca Macka, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.849
    Пол:
    Женски
    Да знаеја сите, немаше да постои темава. :rofl:
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Абе си знаат, верувај. На никој ваљда не му е арно да седи таму кај што има несогласувања арно ама изборите што ги праат или не ги праат уствари се целата фрка.
    Само у даден момент некад не размислуваме со ладна глава туку импулсивно и набрзина па после се каеме.

    А стојам на тоа, дека решение има и може да се најде колку и да е мачно.
     
    На *Amethyst*, Anyshka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol а како ќе дојдат на гости ако не ги викнам? Не значи ако се родители дека можат да доаѓаат кога сакаат. Кога ќе си основам семејство, ме интересираат само мажот и децата. Другите се гости.
     
    На Gosh, bertold и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    А сопругот ако ги покани ?Има мажи што уште не се одвоени од сукњата на мама,па и да се секој сака да си ги види родителите и обратно ќе сакаат да си видат син,ќерка,внуци .
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Сопругот нека ги викне, ама ако денеска не можам да примам гости, ќе дојдат друг ден. Тоа важи и за моите. Не можам да му забранам да доаѓаат, ама не може секојдневно. А и он не би ги викал често. Сфати дека поретко гледање му е подобро.
     
    На Gosh, CameliaMiller, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Ок е тоа еве и ние пресековме дека неможат да доаѓаат секој викенд па и ние сакаме да прошетаме па и немора да шетаме може сакам цел ден да лежам и да сум по пижами не они ајдее се залетале,разгорававме со сопругот и им кажа дека неможе туку така кога ќе им текне да доаѓаат,дека и ние си имаме обврски и планови,да сакав да живеев со свекор и свекрва ќе живеев, јас зборам за оние што се во странство и еве снаата не сака,и синот ги вика и седат 3 месеци,јас би збеснала така за другите незнам .
     
    На *Amethyst*, Billy Idol и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Незнам зошто толкави есеи.
    Се кажува дома отворено пред маж - ние си имаме свој живот и ако толку сакаат да дојдат, слободни сме од сабота поплане до недела вечер ( на пример) и толку..
    Ако сопругот тоа не го сфати еднаш, ај...може неможе да ги одбие , можеби веќе тргнале т.е. се спремале.
    Па ке издржиш.
    Ама втор пат нема да има.
    А ако тој дозволи да има, тогаш не се проблем старите туку спопругот.

    Е сеа, ако и мајка ти доаѓа така како нив, да нема муабети овде.
    Реципроцитет.

    Вината никогаш не ја барајте во свекрвите и мајките туку во вас двајцата,
     
    На butterfly6223, Gosh, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Јас сум во странство. Ама они не сакаат да дојдат. Да се чудиш. Не го сфаќам тоа седење 3 месеци. Две недели и чао пријатно. Тој што има осет прво треба да те праша дали да може да дојде и самиот да е свесен дека не треба да заседне таму.
     
    На Mnik, Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Е баш да се чудиш, јас сите што ги знам што се во странство седат по 3 месеци,и тоа родителите на снаата,сестра,брат,незнам како им се седи толку,да неможат на раат ништо,има и мајки безобразни не само свекрви,а свекрвата ги гледа внуците кога доаѓаат во мк само .
    Никако на раат не се,нејзините ќе си дојдат па ќе отиде брат и,па сестра и со се сопруг и деца . Ова на сопругот братучедка,а се буни за золва и и свекрва и,свекор нема,може на сопругот му сметаат нејзините како што на неа и сметаат неговите .