Ич да не се плашиш за епидуралната воопшто не боли и после тоа ништо нема да остане белег ниту ќе те боли грбот. Јас се породив царски заради карлично бебе ама ако раѓав природно повеќе од сигурно ќе раѓав со епидурална.
Zosto bez epidural ... veruvaj deka bolkite se pregolemi 21vi vek sme nema potreba da se trpat tie bolki koga ima nacin i resenie ...
Не можат сите да си дозволат раѓање со епидурал во приватна болница, оти во државна епидурал е научна фантастика. И да, боли, ама од тие болки не се умира.
Тој начин и решение чини 2000 евра. Убаво е приватна, ама не може секој да си дозволи. А и плус нема секој толку јаки болки. Братучетка ми за три часа се породи и тоа болки појаки имала само кога се отворила 9 прсти.
Јас завршив на царски заради и добив спинална. Ништо не осетив кога ме боцнаа, нити имав белег после тоа. Не ме болеше глава после интервенцијата како што викаат дека боли. Јас се отворив 9 прста без скоро никакви болки. Нешто малку појаки од менструални, се зезав со маж ми дека ако вака ме болат почетни болки како ли болат за вистински пороѓај. Кога разбрав дека со тие болки сум се отворила за час и пол 9 прста останав зачудена. Се породив со царски заради други индикации ама болките за отварање мене ич не ми беа јаки или страшни.
Тоа е разликата. Јас имам висок праг на толеранција на болка ама тие болки што ги имав... страшни беа ( со пукнат водењак и вагиналета ) а бев само 3 прста отворена. Кај секој е различно.
Кога се отварав немав никаква анестезија. Се отворив до 9 прста за саат и пол без многу болки. КОга ме прегледа доктрот се чудеше како јас така смирена и со дишење ги поминувам болките а се отворам така брзо. Ме боцнаа дури во сала. Затоа добив спинална не епидурал (ако имав епидурал од претходно само ќе ја зголемеа дозата).
Јас пак воопшто немав страв од породувањето.Некако психички се спремив добро и реков дека нема да се плашам и паничам и баш така и беше,ме фатија болки,си отидов на болница одма во родилна и за неколку часа се породив.Болките си ги издржав со стиснати заби и дишење,глас не пуштив,беа појаки од менструалните ама издржлива сум на болка така да може и тоа беше пресудно.Искрено со породувањето не видов мака,ама после со епизиотомијата ,олеле мајко беше работава. Се на се ,треба психички да сте спремни за тој чин и мислете дека доаѓа нешто најубаво,тоа да ве води. А сега за второ мислам дека би имала поголем страв ,незнам зошто мислам дека веќе знам што следи
Јас се породив без епидурал и ништо не беше страшно. Болки си се болки. Не сакав во грб да ме боцкаат. Шиењето беше ок. Вториот пат како да не бев шиена. Ако се издржат контракциите, пораѓајот е гола вода.
https://www.epino.de/en/epi-no.html Ова е апарат со кој се вежба за породување од 36-37 недела. За време на породувањето велат ќе се чувствувате посигурни и поспремни. Продукт од Германија препорачан од повеќе од 50% од корисничките. За прво бебе верувам дека може да помогне во самодовербата особено кај трудници со низок праг на толеранција на болка. Плус пред породување се препорачуваат вежби Дамм масажа од 36 недела со кој се вежба мускулот на отварање. Толку од науката досега Ако и овие две не помогнат за надминување на стресот ( плус старата епидурална ) нема трето. Бебето секако мора да испадне на било кој начин.
13 месеци после пораѓај немам никаков несакам ефект од епидуралот, не се секирај нема зијан од него само тебе полесно ќе ти биде ептен на пораѓај. Со лесно
Исто како елчезелче немам несакани дејства по 26 месеци од пораѓај. Јас само имав несакано дејство кога ми го ставија ме чешаше многу стомакот а не осеќав ништо кога се чешав.Сигурно некоја алергиска реакција.Мене малку касно ми го ставија до дека фати јас се породив. Поарно беше отколку без.Со лесно
Поради болките појде на лекар или од контрола увидоа дека е моментот за раѓање? Други симптоми имаше?
Ми пукна водењакот дома. Отидов во болница до благи болки. Ме приклучија на ЦТГ и фатија јаки контракции на ЦТГ. По саат и пол веќе бев 9 прста отворена.
Мамички јас бидејќи треба да раѓам царски ми рекоа дека треба минимум 38 недела да сум за да нема никакви компликации со бебчето, ама овие денови почнав да имам силни болки и во половините и напред на левата страна долу кај препоните како менструални болки и не знам да не се контракциии. Бев претходната недела на контрола и ми рекоа дека не сум отворена но скратено било грлото, оваа недела пак треба да одам а 36 недела сум. Дали некоја од вас се има породено 36 недела и дали се било како што треба мн ме фаќа страв
Ако се сомневаш на нешто, оди на преглед, цтг. Подобро да си мирна одколку да се плашиш. И не се грижи, се ќе биде ок
Жената не се плаши од породување, се плаши од болки, од тоа дали детето ќе е ок. А зада нема болки треба да има уреден живот. Да пази на органите стомак, матка и сл. Да не пие, да не пуше, да избегнува стрес. Најважно е да е отпуштена најмногу што постпи додека се пораѓа, да мисли на тоа што излегува од нејзе. Бидејќи мускулите на матката се опуштаат кога таа е опуштена и има позитивни мисли. Размислува на тоа дека е мајка, дека ќе си го види детето. Кога ќе го прави тоа, нема ни да има болки и ќе нема потреба од царски рез и било какви компликации од тој тип.
@Телетабиска Некогаш има потреба од царски па колку сака опуштен да си Не е до тоа едноставно. @Mamacita00 Се родиле бебиња и пред 38 и со царски и природно што се супер така да не се паничи. Само смирено, ако имаш болки, контракции, јави си се на лекар, а во меѓувреме одмор, лежење повеќе и мисли како ќе гушкаш бебе за кратко. Во безбедна зона си, само секогаш гледаат што подолго да остане бебе во стомак, особено ако е прво. Со лесно!
Јас сум породена 36+3 дена ми пукна водењакот, природно сум, беше ситно бебе 2800, ама оценките му беа супер, еве го сега скоро уште малку дечко од 10години