Го земав и кремот за околу очи215 ден.,од сношти почнав да го употребувам Кремите да толку се,пиши кога ќе е готова статијатајас се мислев за тој за комбинирана. @Mishela ќе пишам. Моментално имам некои гнојанки со маслото од чајно дрво ги лечамда поминат малку па ќе почнам со серумот
Долго го користев серумот за лице од роза на Алверде и више готово, недотрошено ќе го фрлам. Само за да пробам друго, не дека не ми се допаѓа. Серум ставам само во пределот околу очи и гледам да е некој помалку маснен, пошто сепак се слева по лицето.Додека читав по темава, се двоумев меѓу серумот за лице од Авон и она што сте го пишале на Конопка. И случајно по блоговите дур читав го најдов ова масло од лаванда, со пипета што е, го видел ли некој кај нас? Цела колекција ми се свиѓа. И ја сакам. Кога ќе ми текне дека имавме идеја за проект со ист дизајн, не на шишето, туку на тонерите,со гранче внатре, ха. Лимонова трева не звучи ич лошо.
Го има некој користено овој серум? Како е задоволен? Овде го има намален па се мислам да го земам, имам многу сува кожа и досега го користев Витамин ц но воопшто не сум задоволна
Кое масло од роза го користиш и ако можеш да ми кажеш точно за која намена се користи и кои се придобивките од него, цена ? Бидејќи до сега не сум користела а сакам да почнам.
Наминав на темава да пишам за еден серум што го купив неоддамна. Се мислев дали да го земам тој на Clinique smart serum или на Dior capture youth mattifying serum , па поради зборчето mattifying се одлучив за вториот. Го користам две недели и навистина сум задоволна како ја одржува мат кожата. Исто така гледам и разлика во тенот од претходно и сега.По структура е со средна густина, светло розева боја, лесен и многу брзо се впива во кожата. Има и многу пријатен мирис на цвеќиња Е сега за анти ејџ состојки, приметив во составот дека нема ,по што серумов можат да го користат сите возрасти. Го најдов на попуст за некои 30% поевтин од 97 евра на 65 , ако го најдам во иднина повторно по таа цена би го земала повторно без размислување
Сакам да ми препорачате серум за мојата кожа која што е комбинирана со масна Т - зона. Инаку имам 20год. И сакам да Ве прашам, во кој период од денот го користите серумот?
Јас колку што ми кажа една продавачка, серумот се користи пред користење на дневната крема. Беше тоа штанд на Lancome и кога ми даде да пробам на раката стварно имаше разлика. Од тогаш сум добила неколку ама не ми се допаѓа, на мене серум или не ми одговара или јас не можам да видам некоја разлика. Сега го добив на поклон Shiseido Ultimune Power Infusing Concentrate (мислам и ова дека е серум) и планирам да го фрлам без да го пробам. Иначе тогаш ја прашував и за која возраст е соодветно таа ми рече дека нема одредена возраст зависи од кожата.
Офтопик е малку, се извинувам, ама зошто би фрлила серум за лице? Можеш во секој случај да го пробаш, па ако ти прави проблеми и не ти одговарам можеш да го продадеш или подариш...штета е да го фрлиш Серумите за лице се користат и наутро и навечер, има разновидни. Важното тука е да се нанесат на чиста кожа, пред да се стави дневна крема со спф, или ноќна крема.
Дали имате препорака за серум што ќе ми го живне малце лицето? Имам комбинирана кожа, образите ми се посуви и црвенки (не се рапави на допир, ама едноставно немаат никаков природен глоу) па се прашувам дали со користење на некој серум ќе може да се промени тоа и да добијам малце природен dewy look. Дневна крема ми е Мелиса од Хаушка и океј е, ама не ми дава таква живнувачка хидратација ко што ми треба. Ќе одам во Германија за еден месец, така да не мора да е нешто само тука што го има, може од таму да го купам ако имате некоја ептен добра препорака
Уф, предобри reviews читам, ама соленка цената... страв ми е да не ги дадам за џабе парите и да нема ефект. Ти за која цел го користеше, каква промена примети кај себе? Мене ми треба значи за пожив изглед, природен сјај на лицето и нежна хидратација (постојана).
Jas go koristev sekojdnevno i gi imav dite efekti koi gi napisa. Ti tvrdam deka ima efekt, a najmnogu kozata izgleda porcelanska cista, duri i nemas potreba od pudra.
А дали некоја ги има пробано серумите на It's Skin во DM што ги има? Корејски, колу 1000 денари се, и околу 10 вида има мислам. Искуство?
Како си задоволна од серумот и од кремот за околу очи? Доколку ја купи и кремата ме интересира мислење и за неа.
Серумот пред некој ден го потрошив,искрено wow ефект не добив ама и не очекувавне ми се истакнуваа сувите делови,не го мрси лицето,веројатно само хидрира,потхранувакако и да е би го купила пак т.е ќе го купам следната недела Од кремот за очи имам уште,не можам да кажам за ефект,не гледам некоја разлика битно се шлакампа кад-тад може ке се забележи нешто Крема немам користено,ама ќе ја земам наскоро веројатно