Што е поисплатливо - да се купи стан на кредит или да се живее под кирија. Велат, кешот е закон, ама кај нас се ретки оние што можат да си го дозволат тоа задоволство, односно да купат стан во готово и да спијат мирно, без стресови секој први во месецот кога треба да се исплати ратата.Македонските граѓани, главно, живеат на кредит. Дебел минус на дебитните, а уште поголем е оној на кредитните картички, кола на кредит, ама кредитот за стан е убедливо најстрашен. Сепак, и покрај стресот, 90 отсто од становите се купуваат на кредит.„Подобро е да купам стан на кредит со висока камата и да го отплаќам и 30 години, ама барем знам дека еден ден тој ќе биде мој отколку да плаќам кирија. Така парите ќе одат во ветер, а и по 30 години плаќање месечна кирија во просек од по 200 евра, на крајот пак ќе немам ништо свое“Така размислуваат најголемиот број од нашите граѓани, кои заглавуваат со кредити до гуша за да имаат свој покрив над глава.Решавањето на станбеното прашање е еден од најтешките проблеми, особено за младите брачни двојки. Секој сака да дојде до свој покрив над глава, но прашањето е што е наједноставно и најисплатливо. Младите најчесто се решаваат да купат стан на кредит, но само доколку им помогнат родителите со пари за учество, па останатото го плаќаат сами од нивните скромни плати.
Од чисто економски - финансиски аспект, однос кирија према цена на квадрат во Скопје,далеку и без сомнение поисплатливо е да се плаќа кирија него да се купува стан. Но менталитетот и навиките на народот се друга работа.
Ова онака како фраза или пресметано е. Баш ме интересира еве математички кажи како изгледа тоа дека е исто?
Само треба да кажеш колку плати во готово? Битен фактор не секој ги има парите да уплати во готово. Инаку нема логика, толку е киријата можеби во Скопје , во повеќето градови од Македонија не верувам дека надминува 100евра.
Ajde nekoj stvarno sto zemal da dade dobro info. Kako e so kupi kuka kupi Stan.... Sto poveke se isplati sto vlozil kolku rata sepak znam zavisi od kvadratura Sega se treba da se zeme vo predvid no ete nekoj kratki matematiki ?
Ако немаш помош од родителите, ништо! Зборам за во Скопје, за др. градови може се смешна цена становите незнам..
Секако дека е попаметно стан на кредит,отколку кирија. Подобро 200еур за рата за кредит него ли исто толку за кирија.
Не е важно колкав е станот туку дали имало учество и колкаво е тоа учество. Простата математика вели овака 115евра рата ако е кредитот на 30 години тоа се 41000 евра кои се пола камата. што значи дека кредитот е на сума од 20000 евра. Ако становите во Скопје се просек од 800евра тогаш јасно е колку е уччеството. Факт е дека луѓе со помали примања а помали ги сметам под 20 000денари тешко доаѓаат до кредит. Во банка ти велат рата смее да биде најмногу 1/3 од плата значи на 300 евра плата 100 евра рата тоа е едниот и партнерот ако има иста плата тоа е уште 100евра значи доаѓаме до 200 евра рата. Ако е кредитот на 30 години тоа се 72000 евра дадени од кои најмалку половината се камата. За време на тие 30 години нема да смеете ниаков друг кредит да земете бидејќи ќе ви биде исполнет бонусот од 1/3 за рата. Па додатни трошоци за осигурување на станот, и разни други давачки. Предноста кај киријата е таа што нема банкарски гаранции, нема колку ти е плата, па 1/3 . Се знае ова не важи ако имате кеш за учество и ако платите ви се повисоки од просекот македонски
Ако 30години плаќаш по 200 евра за кирија, тоа се 72000 евра за 30год колку што најчесто се кредитите... Ако земете кредит од 43000 евра и го исплаќате 30 години, ќе дадете 72000 евра и ратата ви е 200 евра.. и на крај ќе биде ваш. Со 43000 евра можете да купите од 40 па се до 60тина м2 стан во СК ... Плус ако се земе во предвид дека се бара учество од околу 15-20%, излегува дека може да купите стан за околу 51000 евра... Ако немате за учество, подобро е кирија.. тоа е, жално ама вистинито Пресметката е од тутунска банка..
Многу нормално е да земеш стан со кредит, отколку цел живот да бидеш ќираџија и да му ја мислиш дали газдата ќе ти покачи кирија или пак да не му текне да ве избрка. Свое си е свое, слатки доме!!!
^^ Каква е предноста на киријата, извини, газда што секој момент ти виси над глава, се смета себе дека во секој момент е добредојден кај тебе, пошто нели тоа негово си е, уште ќе ти вика, сметките ги плативте овој месец? А, знае пр. дека редовно се плаќаат. Ама, ете му текнало да си "се прошета на гости". Кога му вртиш на тел. дека нешто се расипало и треба да се поправи, нигде го нема, не крева. А, киријата ако касне еден ден, рефрешира сметката и одма врти и се дере ко невоспитан. Плус, никогаш не си на сигурно, него во секој момент може да му текне да си го продаде станот, да си викне други кираџии за поскапа кирија, или он или неговите деца да си се вратат пак таму. Дека повеќе се исплаќа кредит, секако дека да, сам свој газда, подобро со банки ќе си имам работа, отколку со терсене карактери. Плус, твое ќе си остане тоа на крај.
Ако се нема кеш не знам колку е паметно да се земаат кредити на долг рок, не е ништо сигурно кај нас. Не знаеш кога може да останеш без работа, па после отиде хипотеката... Од друга страна под кирија е фрлање пари, без утре да имаш нешто свое.
Точно, денес и за било каков кредит ако не го плаќаш банката бара да ти се продаде имот за да си наплати. Да не правиме муабет ако фати криза и ја изгубиш работата или пропадне фирмата и останеш без приходи можеш да останеш со прстот во уста. Наизглед е така дека ако плаќаш кредит на крај имаш твое а ако си кираџија после 30 години немаш ништо. Сепак и кај кредитот вистината е малку поинаква. Купуваш стан вреден 40000 евра а плаќаш 72000 евра. По 30 години сигурно вредноста не му е 40000 и ако го продадат вашите деца оти нели не можат физички да годелат ќе го продадат за 30000. Вистината е дека истотака ти си фрлил 42000 евра во бунар за тој стан