Кои се вашите топ 5 производи без кои не можете да го замислите чистењето и одржувањето на хигиената во вашиот дом? Ова сретство не би го менувала за ништо.со него го чистам купатилото.откако ке исчистам санитариите се како нови ,како сега да се наместени. Ова е многу ефикасно сретство за одмастување инаку повеке го користам арисот но моментално ова го имам со авакс ги чистам плочките од овој течен детерген сум ептен задоволна 2 во 1 е преубаво мириса,и немам слика но за чистење на прозорците користам авакс. ајде сега вие сте на ред
Имам користено едно средство за плочки,многу убаво и мирисот беше прекрасен едноставно,ама ете сега не ми текнува како се вика,виолетово беше.Сјај за садови Feya.За во бањата Арф,ткаенината(креветот,тепихот) ги чистам со Глосс,а за мебелот политура Чисто.Инаку за домот освежувач многу е убав Блисс,многу убаво мириса.
Кај мене сликите не се отвараат, па неможам да ги видам средствата што ги предлагаш. А многу сакав, зошто се уште сум во потрага по најефикасни средства за чистење.
Три ultimate favorite средства за чистење Пулирапид - за ништо не го менувам. Го користам за чистење на санитариите и чешмите во купатило, одлично го вади каменецот. Некогаш со него ги чистам и фугите на плочките, особено кај кадата, зашто знае да фати „буѓа“. Имам пробувано и други средства за истата намена, ама пак се враќам на Пулирапид. Ганц ми е купатилото кога ќе исчистам со него, само што мириса јако и малку ме нервира што задолжително морам да носам ракавици ако чистам со него. Дури и да сакам само мијалникот малку да го поминам, не се осудувам со голи раце да го фатам сунгерчето. Арф - мирисот на ова средство секогаш ќе ме потсетува на кујна Овој Арф ми е омилен, има микрогранули и секогаш го користам за ептен мрсни садови. На пример денес за ручек имавме печена риба, а тавчето не може да се измие со обичен сјај за садови, па на помош доаѓа Арф Кога сум кај сјаевите за садови, јас не сум приметила некоја драстична разлика во ефектот, а сум купувала различни. Сите ми се горе-долу исти. Сјај употребувам за садови што не се толку извалкани, за сè друго користам Арф. Исто го користам и за чистење на шпоретот. Ајакс - омилен ми е зелениот, мириса прекрасно Најчесто го користам за „џогирање“ Ама ми се наоѓа и за други работи, на пример го користам како сјај на сунгерче, па со него ги чистам ванглите, или ги перам пластичните столици и масата на тераса. Не ми текнува сега за што сè го користам, ама стварно ми се наоѓа, не за џабе е универзално средство И за крај две работи што редовно ги користам, а не се баш средства: Чист алкохол - го користам за дезинфекција по дома, особено за плочките во ходник кај што влегуваме со обувки. Солна киселина - со неа одвреме навреме ја чистам wc шолјата, а некогаш истурам и врз плочките под кадата кај што знае да фати слој од бигор. Ништи сè, само една гас маска да си имате кога ја користите
Под број 1 го ставам прашакот за перње алишта...Моментално го користам Ариел,но од време на време менувам со Дуел планинска свежина. Под бр 2 го ставам Доместос.Ако без доместос не го исчистам тоалетот тоа не е тоа. Под бр 3 средство за стакло Ајакс ,обично зелено паковање. Под бр 4 влажните марамици на Пронто за ламинат.Кога нема време за генералка ми вршат работа. Под бр 5 сјај за садови.Неможам да користам каков бил сјај за садови.Прво заради тоа што не ми ѓи прима секој кожата,а и заради квалитетот.Како најзадоволна сум била од сјајот Ава ама неможам времиња да го најдам...Сега користам Феја од лаванда. И секако без омекнувач на алишта ништо не правиме....само од Ленор сум задоволна и само него ко користам бидејќи алиштата и од минатат сезона кои седат спаковани некој период сеуште мирисаат....а и облеката ја прави мека
De ziti baga kazi kako go upotrebuvas mister muskulo i kakva razlika primetuvas pred i po cistenje?Jas go upotrebuvam ama nema nekoja promena,duri mislam deka e slabo za cistenje.
Ајакс го обозавам и ја исто го користам за сешто по дома, Арф или Циф ми се одлични за купатило за вратите по дома ако ми се многу умачкани за столиците платични стануваат бели како тазе купени Мајка ми е болна па јас и помагам
Овие 5 задолжително,некогаш Циф го менувам со Арф,сега Орнел го сменив со Дуел жолт по препорака на колешка ама не ми се допаѓа,за купатило некогаш и солна киселина.
Go zaboraviv jas sredstvoto za staklo . Malku se 5 proizvodi.Plus sredstvoto za plocki,za parhet...ehee mnogu gi ima
Комлицирсно ми е од мобилен и слики да ставам али може и текстуално 1. Арис де грас- не функционирам без него и за во кујна и за флеки на гардероба 2. Глосс влажни марамици- откако ги открив мислам дека се збогував со впивателни крпи за бришење во кујна на површина, тв, лап топ, маса па и комода во купатило. 3.Доместос- името зборува само за себе 4. Ајакс за плочки 5. Бохор плав
Сода бикарбона и оцет. Еве зошто: Во Европа од освежувачите за простор и средствата за чистење годишно умират 99.000 лица Освежувачите на просторот и средствата за чистење се скриени убијци во домовите, училиштата и работните простории, а во најновиот извештај се тврди дека годишно предизвикуваат или придонесуваат смрт на 99.000 лица во Европа, објави британски „Телеграф“. Во Извештајот поддржан од страна на здравствените организации во Велика Британија, Royal College of Physicians (RCP) и Royal College of Paediatrics and Child Health (RCPCH), предупредува дека за лош квалитет на воздухот во затворени простории придонесуваат различни производи на домаќинството, неисправни бојлери, спрејови и освежувачи на воздухот, кои и како и средства за лична хигиена се посочени како најопасни, затоа што обично содржат хемикалии кои се течни или лесно испаруваат. Освен тоа, одреден мебел, ткаенини, лепило и изолациски материјал содржат формалдехид што испарува и што ги иритира дишните патишта, односно белите дробови. И биолошките материјали кои можат да се пронајдат во куќата како прашина, мувла и животински влакна исто така, можат да му наштетат на здравјето на човечкот. – Загадувањето на воздухот во затворена просторија може да има негативни факти на развојот на фетусот, особено на белите дробови и бубрезите на детето, може да предизвика спонтан абортус, срцев удар и мозочен удар кај повозрасните лица, а поврзано е и со астма, дијабетес, деменција, дебелина и на крајот рак, се наведува во извештајот.
Еве го мојот Топ 5 - Первол - за црни, за шарени алишта во последно време го користам течниот Первол и сум презадоволна. Ми се допаѓа како ги одржува алиштата, не ги избелува а ги чисти добро и ми мириса убаво. - Доместос - за wc школката е одговорен Доместос, некако нему најмногу му верувам кога е во прашање дезинфекција... непријатен мирис ама голема ефикасност гледам во ова средство. Често знам и цело купатило да го исчистам со Доместос ама после не можам да го одмирисам од тешкиот мирис - Циф - за чистење купатило, повеќе мрсни садови, рамна плоча,кујнски садопер, со него знам да ги зачистам и кујнската плотна и плочките. Добар е... и ми мириса на свежо. Го користам за свашта, иако често знам да го заменам со некое Арф или Авакс средство. - Дуел Жолт - многу време наназад сум верна на овој омекнувач, пријатен и траен мирис. Особено го сакам кога завесите ми се тазе перени па цел стан мириса на Дуел Жолт. Инаку одма го препознавам ако некој исто така го користи овој омекнувач. - Спин за стакло - секојдневно го користам за бришење на прашина од различни површини (иако е за стакло). Да не бев ограничена со Топ 5 ќе ги додадев и Глос влажните марамчиња, политурата Глос, Пулирапид и сл.