1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Анкетата е поставена во соодветната тема
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.721
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam честитки:party: можеш да избереш нова тема
     
    На boomsleng, LivingGlam и nightingale им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    56.736
    Пол:
    Женски
    Ајде три опции, Даст ти одбери.

    1. sponge cake... Како би било на македонски - пандишпан, колач?
    На најобичен колач мислам, онаков сочен. :lol:
    [​IMG]

    2. Печено пиле (инспирирано од @ludoto19)

    3. Благо тесто (штрудла, козињак, Бабка, повитица, кроасани...)
     
    На boomsleng, theowndemon, Bubce38 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.074
    Допаѓања:
    167.733
    Пол:
    Женски
    Сега темата што е?
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.042
    Пол:
    Женски
    Ставајте сите рецепти да ви ги соберам и да ги пробам. 8-| Да видам како ќе сум со време викендов, па можи ќе ставам и јас. Некако накај кроасан ми оди.
     
    На marchi-cool, boomsleng и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    56.736
    Пол:
    Женски
    Благо тесто.
    Мојата омилена. :D
    Не знам ни што да направам викендов.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Milobebence, dunika, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.074
    Допаѓања:
    167.733
    Пол:
    Женски
    Ме фаќа мерак за кроасанчиња со мармалад.
    Убава тема(y)
     
    На boomsleng, H.VAGA, nightingale и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Баш кога решив да го намалам шеќерот и тестото, видете што ми правите ;(:sweat:
    Ќе пробам да не ѕиркам многу овде :tmi:
    Инаку да супер е темата, само јас си немам контрола со благово :D
     
    На boomsleng, Blue.Sky, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.042
    Пол:
    Женски
    @nightingale јас па уживам само во праење благо, викендов сакав мојов да го викам да прам нешто не- благо, ама oh well ... вечера можи да е и само десерт. :D
     
    На boomsleng, LivingGlam и nightingale им се допаѓа ова.
  10. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    И јас уживам и во правење и во јадење, ама и многу уживам :D И повеќе него што треба :D Ама ќе пробам да смислам нешто поприродно благо тесто со мед или некое суво овошје, ако успеам може и ќе се приклучам :)
     
    На boomsleng, theowndemon и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    56.736
    Пол:
    Женски
    Јас па ептен за греота. Не јадам тесто никакво, ама премногу уживам во подготовка и мирисот што го остава во домот.
    Последно се навлеков на Бабка, правам повеќе за да замрзнам во фрижидер, зашто мојов човек ги обожава за доручек. Ако не сте пробале, пробајте да направите, прекрасно рецептче е. :inlove:
     
    На zhap4e, Doozy, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.042
    Пол:
    Женски
    Јас не знам шо е, де напрај да ти украдам рецептот. :D

    Сега ми текнува дека за славата имавме многу банани, леб од банана да напрам, чоколаден или обичен небитно. :inlove:
     
    На zhap4e, Doozy, nightingale и 2 други им се допаѓа ова.
  13. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    medenjaci.jpg

    Медењаци од овесно брашно со цимет за диеталци :D

    Потребно:
    2 шолји овесни снегулки
    2 шолји мелени ореви
    1 шолја кршени ореви
    5 лажици зејтин
    5 лажици мед
    3 ќесички цимет
    вода по потреба (околу 3/4 шолја)
    малку сол, на врв на лажиче
    100 грама сецкани урми
    1 прашок за печење

    Постапка:
    Овесните снегулки ставете ги во блендер и мелете ги дури да станат како брашно.
    Ставете ги брашното, прашокот за печење, циметот, солта, мелените и кршените ореви заедно во сад и промешајте. Додајте ги медот, зејтинот и урмите и полека додавајте вода. Замесете тесто кое треба да биде малку лепливо, не премногу суво, за да ви се меки колачињата.

    Правете топчиња од тестото и ставајте ги на хартија за печење на во тавата во која ќе печете. Потоа секое топче сплеснете го со рака и ставете некое оревче или парче урма за декорација.

    Се печат отприлика 20-25 минути на 180 степени.

    Јас ги декорирав со наросен цимет :)

    Се надевам и ова спаѓа во категоријата благо тесто, иако нема класично пченично брашно и шеќер :) Ама се меси и благо е :D
     
    На Milobebence, Bibliophile, EMoonlight и 39 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    56.736
    Пол:
    Женски
    @nightingale, ептен убави! :inlove:

    Јас немав време за Бабки. :D
    Па нешто поедноставно.

    75474136_1081823535544981_3423039100406464512_n.jpg

    Kифлички со ванила крем

    Тесто:
    500 гр брашно
    100 гр шеќер (обично намалувам)
    8 гр сув квасец
    2 јајца
    Прстофат сол
    260 мл млеко
    50 гр путер (растопен, но не жежок)
    јас додавам и махлеб, а понекогаш и парчиња чоколадо во тестото на крај (овојпат немав)

    Топло млеко + шеќер + квасец - 10тина минути.
    Се додаваат останатите состојки и се меси тесто. Да стаса еден - еден и пол час.

    Додека стасува се подготвува кремот:
    4 лажици шеќер
    Ванила (или ванилин шеќер)
    2 жолчки
    3 лажици пченкарен скроб
    Рендана кора од лимон

    Се' се меша во тенџерче, добро се мати. Со маталка :D Се вари со постојано матење, добро да згусне.
    Се трга од оган, се додава 50 грама путер (на собна темп) и се мати. Покриј со најлонска фолија директно над кремот, за да не фати коричка. И остави да се излади.

    Се формираат кифлички. Околу 14 од оваа мера. Се мачкаат со матено јајце, и се печат на 200 степени 15-20 минути.
     
    Последна измена: 23 ноември 2019
    На eli25, EMoonlight, naturally и 36 други им се допаѓа ова.
  15. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    На boomsleng и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Моето банана колаче за тука ли е? ^_^
    Со класично тесто не сум баш многу вешта па еве една модификација и од мене, ако се важи.
    IMG_20191123_233600_135.jpg

    Рецептов ми е така од око.
    • 4 банани
    • 2 шолји брашно
    • 1 кесичка ванилин шеќер (не е задолжително)
    • 1 кесичка прашок за пециво
    • 1 лажица путер од кикирики
    • 1 лажица кокосови трошки
    • 1 лажица овесни снегулки
    • 1 шолја млеко (јас ставив кокосово)
    • 1 шолја вишни
    Се гмечат бананите, се меша сè додека не се соедини, се става во тавче.
    Одозгоре се додаваат вишните чисто така за декорација; ги исеков на половинки и ги валкав во смеса од 1 лаж. кокосови трошки и 1 лаж. овесни снегулки (поим немам зошто, така ми дојде идеја во моментот) и оди во рерна на печење.
    Се пече 20-30 минути, во зависност од рерната.

    Сакав сабајле да ставам фотки од расечените парчиња зашто светлото во кујната ми е катастрофа, ама ова како што ми изгледа нема ни да го дочека утрото. Ми останаа уште две парчиња па нека си стои вака цело тепсивче, пофотогенично испадна. :tmi::D
     
    На eli25, EMoonlight, *Ench@nted* и 29 други им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Што е тоа козињак, Бабка и повитица :?: ?
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.042
    Пол:
    Женски
    Козињак го знам како благо тесто со суво грозје и општо сушено овошје. За Божиќ имам сетено сите го прат и онака се меси и се врзва како плетенка па се печи. Другите две абер немам шо се. :D

    Инаку моето се лади, до после ставено ќе ми е. :makeup: Неќам да ми се куби дур го сечам. :')
     
    На boomsleng, g8lQQk и nightingale им се допаѓа ова.
  19. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    @nightingale @LivingGlam
    [​IMG]
    Преубави се само на изглед. Баш ќе ги пробам да ги направам
     
    На boomsleng, LivingGlam и nightingale им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.042
    Пол:
    Женски
    IMG_20191124_124742.jpg
    Ова уствари ми е микс од два рецепти за леб од банана, чисто пошто имав многу банана и посекако ќе праев поќе од еден леб, па ова е комбинација.


    ЛЕБ ОД БАНАНА

    Состојки
    • 2-3 презреани банани
    • 1/3 шолја стопен маргарин
    • 1 лајче сода
    • малку сол
    • 3/4 шолји шеќер
    • 1 јајце
    • 1 лајче екстракт од ванила (ова е вака по оргинален рецепт, јас многу често го заменувам скроз со ванилин шеќер или пак и екстракт од ванила и ванилин шеќер)
    • 1 1/2 шолји брашно
    Подготовка
    Се гмечат бананите со вилјушка. Се тура стопениот маргарин и се меша.Се додава сол и сода, се меша па се додава шеќерот, јајцето и екстрактот. Постепено, со постојано мешање, се додава брашното.
    Се печи 50 минути до 1 час, 170 степени. Се тура поголемиот дел од смесата ама околу три лажици остајв за да шарам другиот колач.

    ЧОКОЛАДЕН ЛЕБ ОД БАНАНА
    Состојки
    • 2-3 презреани банани
    • 1/3 шолја стопен маргарин
    • 3/4 шолја кафеав шеќер
    • 1 лајче сол
    • 1 јајце
    • 1 лајче екстракт од ванила (исто како горе, јас го земенвам со ванилин шеќер)
    • 1 1/4 шолја брашно
    • 1/4 шолја горко какао
    • 1 лајче сода
    • 1/2 шолја сецкано чоколадо (не мерев ова вака со шолја како обично, ставив два реда чоколадо со цели лешници насечкано од пионир)
    Подготовка
    Се блендира (или гмечи со вилјушка) бананата и се прави пире. Во бананата се додава маргаринот, со мешање. Се додаваат кафеавиот шеќер и солта. Јајцето се бие па се додава заедно со екстрактот. Во друг сад се мешаат брашното, какаото, содата. Полека, со постојано мешање, се додаваат сувите состојки во течните. Се додава и меша чоколадото.
    Се печи 50 минути до 1 час, 170 степени. Се тура поголемиот дел од смесата ама околу три лажици остајв за да шарам другиот колач.

    Белешки
    Во врска со печењето, пишам 50 минути иако оргинално е до 1 час печењето, ама према калапите мои максимумот ми е 50 минути. Денес прв пат користев и друг калап, помал, и го извајв на 35 минути, па остајв другиот калап да се допечи уште 10тина. Штом збуфни не значи дека е готов, треба да се расцепи во средина и да преврие, и дупете го за проверка точно во средината во пукнатината. Ако пукнатината вади чиста чепкалка - печено е. А страните многу рано во печењето дава дека се печени.
    И уште нешто, тие лажици кои оставив настрана од секоја смеса, ги ставив кај другата и ги разнесов со чечкалица да изгледа шаренко, нормално, пред печење ова. После печење да не ми беа различни калапите немаше да знам кое е кое се дур не секов. Скроз исти беа горе шаренки ама сечени се доста интересни.
    IMG_20191124_124315_HHT.jpg
     
    Последна измена: 24 ноември 2019
    На eli25, EMoonlight, *Ench@nted* и 21 други им се допаѓа ова.