Да ја финишираме необичната 2020 година со позитивни вибрации! По внимателно анализирање и пребројување на валидните гласови... ...Официјално @CameliaMiller е ФОРУМЏИКА НА ГОДИНАТА. Од срце ѝ честитаме и би сакале претпразнично да ја израдуваме со: Алка Calvin Klein: и Krups KP170131 White еспресо апарат: Благодариме на сите коишто се вклучивте со номинирање или гласање и на сите кои со ведрина го следевте изборот. Пред сè ви посакуваме ЗДРАВЈЕ во новата година, а и милиони исполнети желби! Славете безбедно! Убавите и позитивни традиции навистина вреди да се негуваат, особено во оваа турбулентна година која никогаш нема да ја заборавиме. Додека светот беше исправен пред огромен пандемски предизвик, стотици илјади искуства, ставови и совети ја збогатија Фемина Форум заедницата, а време е да дознаеме... ... која е Форумџика на 2020 година! Изборот ќе се одвива во 2 фази: 1. НОМИНИРАЊЕ (завршено) Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. За да номинирате, кликнете тука и напишете ги вашите фаворитки » 2. ГЛАСАЊЕ (завршено) 10-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. Можете да гласате за 3 форумџики (анонимно). Нема да бидат земени предвид гласовите на форумџиките регистрирани по 12.12.2020, ниту пак гласовите од дупли профили. Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2020 година и ќе добие подарок - изненадување.
Номинирав. Се надевам дека една од трите ќе биде Форумџика на 2020. Трите предложени беа активни по темите, а со ниту една од нив не сум на иста бранова должина
За 2020 ги номинирам : 1. @Yipman2 - брат, редно е да се најдеш на листата, ти си таков член што си немаш замерено со никој на форум и после толку години, плус имаш осет кон жени , на сите ни честиташ 8 ми Март , мала пажња. 2. @referentka - синоним на итра лисица на форумот, годинава посебно ти манијачев мислења - реков и си стојам на збор да те номинирам. 3. @Bridget - не знам оти многу членови не можат да те трпат, додека те читам те доживувам на скроз друг начин, тата мата праеш , за мене беше форумџика за 2019 година, но и оваа година те номинирам со надеж барем да се најдеш на списокот за гласање. Да бидеме реални, во текот на цела година најмногу низ темите ми шараа членките @CameliaMiller и @Biljarkata , кај и да отворев, корона, снаи и свекрви, домашни миленичиња, некои љубовни проблеми, цело време тие две членки беа најактивни во пишување. ----- праксата покажала дека никогаш на форум не победува членка што е активна, па затоа и не ги номинирам, оти се гласа најчесто од сожалување ако во текот на годината некој имал посебно некакви тешкотии, здравствени, проблеми у брак или слично. А за гласање , ако не се најдат на листа моите номинирани , ќе си ги гласам оние со кои најчесто си ставаме лајкови на форум
Не лижете гз па сеа Оваа година нека помине без глупостите од претходно Ќе номинирам.. жени што ги има таму каде што јас читам.. Жени, лавици, секогаш стабилни во ставовите..воедно и жени со срца колку М.Еверест и Арарат заедно Тие се за мене победници, ни избор не е потребно Гуд лак еврибади..
Зошто секогаш @Femina се појавува во ситни саати да ја отвори темава, хм. Ќе пишев јавно кои ќе ги номинирам ама пошто ова е тајно и оди по лп, ќе оставам изборот да ми биде таен. Понатака, кога ќе излезе листата, тогаш можеби ќе пишам јавно. Едната членка ми е избор затоа што е посебна и своја, доволно активна низ темите, ненаметлива, дискутира смирено, без да ја навредува другата страна, објективна е. Член на место. Втората ми е избор затоа што исто така е пријатна членка што знае да дискутира без навреди, иако помалку активна во дискусии. Мислам дека повеќе пишува во +/- 40, ама не ја читам таа тема. Ми се допаѓа некако каква жена е, од она што сум читала сиве овие години тука. За третата едвај се одлучив. Мораше од неколку да изберам уште само една. Креативна мајка, можеби не ни знае дека постојам на форумов но јас неа ја забележав и ми остави посебен впечаток. Заслужува да биде на листата. Мислам дека е релативно нова членка. Па ајде со среќа.
Предлaгaм oвaa кoрoнa гoдинa, пaрите штo се нaменети зa пoдaрoк дa се пренaменaт зa нoвoгoдишни ќесињa зa фoрумски децa. Сите штo oстaнaле без рaбoтa, финaнсискa кризa и сличнo, дa нaпишaт нa мoдерaтoр (кoј немa дa труби пo лични пoрaки) и дa им се прaти пo пoштa. И тaкa знaеме декa сo гoдини нaнaзaд немa фoрумџики кoи се истaкнaле сo нештo вистински знaчaјнo пa дa имa ствaрнo некaквa смислa избoрoт и пoдaрoкoт. Сaмo предлoг.
Јас номинирав три членки што им го сакам стилот на пишување, објаснување, дебатирање, што се спремни секогаш да помогнат.. Ги има на повеќе теми, не се ограничени на две-три и тоа дополнително ми се свиѓа. Обожавам што пишуваат на долго и на широко, со аргументи, примери, случки од евридеј лајф и така. Верувам дека бар една од нив ќе се најде на листата горе. Да можев да номинирам уште некој, дефинитивно ќе беа тоа: @Billy Idol и @Yipman2. Јипи го памтам уште од темата за Џи Би Ти, муабетите за Љубица и како ќе и го земел местото. И филм би било една година муж да победи, редно време е.
Јас ги номинирав @Lilit @LunaGrey @Billy Idol . Сите со непристрасна причина и зошто мислам дека придонеле форумот да е поубаво место. Посебно од Били сум изненадена.
Номинирав и јас. Се потрудив да бидам колку што е можно понепристрасна, а изборот беше тежок бидејќи најмалку уште неколку заслужуваат да се најдат на мојата листа
За прв пат оваа година нема да номинирам,само ќе гласам. Причина,си имам омилени кои не беа доволно активни оваа година,си имам такви кои и со еден пишан пост месечно ќе бидат мои Фурумџики засекогаш.
Номинирав,без пристрасност,искрено како што мислам.Многу членки/ви заслужуваат да се номинирани,но ете едвај за 3 се одлучив.Исто така би се сложила со @Bridget на тема подарокот
Јас годинава нема ни да номинирам, а би била благодарна и никој мене да не ме номинира. Крш ми беше истата, сеа на крај имам други проблеми и стварно сакам да не учествувам. Само сакам да помине и сите да ја дочекаме следната живи и здрави. Се согласувам иначе дека одлична идеа е да се даде онаму каде што е најпотребно. На државава особено годинава и треба покажување хуманост.