Неизвесност до крај. Се преброивме и констатиравме - за првпат имаме не една, туку две дами кои ќе ја понесат титулата „Форумџика на годината“. Браво! Со задоволство им подаруваме и на двете таблет Lenovo Tab4 7 Essential: Им честитаме на сите кои се најдоа на листата на номинирани и им благодариме на сите кои се вклучија со номинација, глас или коментар во изборот. 2017 година се ближи кон својот крај и време е да ја избереме и израдуваме со подарок ФОРУМЏИКАТА НА ГОДИНАТА! Изборот ќе се одвива во 2 фази: 1. НОМИНАЦИИ (завршено). Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. За да номинирате, кликнете тука и напишете ги вашите фаворитки » 2. ГЛАСАЊЕ (завршено). 10-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. Можете да гласате за 3 форумџики (анонимно). Нема да бидат земени предвид гласовите на форумџиките регистрирани по 16.12.2017, ниту пак гласовите од дупли профили. Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2017 година и ќе добие подарок.
Ама плус и тефтерче со ознака Фемина и пенкалце исто така,да си запишеш коа си подалеку од лаптопот што си имала да кажеш на форум. Така да се знае кој е кој.
Чекајте малце другари, без @Yipman2 не можат да почнат избори Ајде бе друже Јипи, појавувај се, време е штаб да собереме море еј! 
Мoментaлнo oн е стaвен кaј пребрoјувaње нa нoминaциите. Мoрaше некoј нaш дa стaвиме, зa дa имaме пoвеќе нaши луѓе нa листaтa, пa aкo oди и се пo плaнoт и нaш пoбедник.
Насловот на разговорот е "номинации 2016", една забелешка до поставата на Фемина. И останува да видиме кои топ десет ја одбележале годината според номинациите.
Мислам дека некое ауто ќе биде годинава, можда бе ем ве. Им рипна стандардот после Лино, не се брукаат тие со лаптоп. Другата година може авион ќе има за награда, тогаш ќе се активирам малку поќе.