Ме интересира што мислите за оваа комбинација. Дали ја одобрувате и дали сте носеле хулахопки со сандали? Јас ја практикувам доста често, знам дека е faux pas според многумина, но ете гледам дека во поново време дури и на модните писти е се почеста.
Сандала е летна обувка. Ако ми е ладно носам салонка или балетанка. Хулахопки носам ако ми е ладно, значи зимско парче е. А зимско и летно не се меша. Автоматски дефинитивно НЕ. Или сандала и гола нога или хулахопка и салонка!
Кога е лето не носам хулухопки но сега зимата е ладно а и мислам дека добро стојат со сандали а и со штикли да се носи
Колку и да е модерно или тренди мене сандала со хулахопка не ми иде. Хулахопки со салонки или евентуално со оние само со отворен прст, под услов хулахопките да бидат напред без раб и да не се кај прстите во два слоја (се надевам добро објаснив). Сандали на боса нога, што подразбира и екстремно негувано стапало и лакирани ноктиња.
Хулахопки и сандали. Не Никако има тенки хулахопхи кои завршуваат кај зглобот и стапалото е слободно. Ова ептен ако мора да се носат хулахопки Освен тоа на отворена сандала ако се носат хулахопки ногата се лизга и како на јајца да се гази За хулахопки има салонки, затворени чевли, но сандали не!!
Па добро, знам дека повеќето се против ова. Али, сега скоро бев на една свадба, јас носев хулахопки и сандали (скоро секогаш на свадби така идам). Секогаш гледам да бидат кожа боја или као сунчани хулахопки, али ако баш сакам да носам црни тогаш обавезно црни сандалки. Но на свадбава бев далеку од единствена. Имаше доста девојки и жени кои беа така облечени. Дури имаше една храбра девојка што носеше сребрени сандали со црни хулахопки и да ви кажам право многу слатко изгледаше и привлекуваше многу внимание кон себе...
Хулахопки без раб (ако мислиш на шавот од шиењето кај прстите) не постојат. Сите се шиени таму. Постојат едни многу ретки најлонки кои кај нас никогаш ги немало и шиењето е фактички испод прстињата али ипак го има. Али ако збориш за појачувањето кај прстињата, тогаш... ако немаш хулахопки без појачување, лесно можеш да си го подгазиш појачувањето и да не се гледа
Не се ретки ги има во секоја чорапара И јас не сакам на свадби кога ќе видам тенки хулахопки и сандали.Сандалата е за лето. Не е за зима, па да ги носиш на зимски свадби. За зимски свадби е салонка! Иако е топло во ресторанот сепак не иде да искочиш и да зашлапаш снег со сандала А ова е новата мода хулахопка дебела и сандала. Џабе и тоа не ми се свиѓа. Иако јас сум за прекршување на модните правила, ама сепак не го прекршувам она поделба на зимска и летна чевла. А сандалата е летна. Таа не оди со зимска хулахопка! Или ова
НЕ! Ништо нема поодвратно од тоа да видам некоја девојка/жена облечена во сандали со хулахопки... Луѓе, не чини, едноставно не е убаво!
Нема шанси мешање сандали и хулахопки. Една јавна личност од мојот роден град постојано летно време носеше сандали и хулахопки ( и тоа во боја ) и ми делуваше како грдата Лети штета ниту еднаш не ми текнало да ја сликам едит: сандала и гола нога, салонки/чизми без голи нозе .
Имам носено комбинација од црни високи сандали и црни дебели хулахопки. Инаку најчесто претпочитам или сандала на гола нога, или салонка со хулахопка. Има и рима.
Никогаш не сум носела сандали во комбинација со хулахопки,од причина што мене ми изгледа неубаво.Подобро сандали на гола нога,отколку со хулахопки според мене
Имам носено хулахопки само на салонки напред со отворен прст, ама на летни сандали хулахопки-не, и не стои убаво според мене, а и не верувам дека во зима би носела сандали, па да морам хулахопки да облакам, а преку лето нема потреба од нив.
Лошо многу лошо, ако ти е ладно стависи чевли и онака има многу свечани па оди кај со сакаш, ама сандали НЕ НЕ НЕ
Ако генеразлизирам ќе кажам дефинитивно НЕ! Одвратно ми е кога ќе видам девојка во сред зима, со отворена штикла и проѕирна хулахопка. Делува многу невкусно. Се знае по дифолт во зима се носат затворени чевли. Е сега сум видела и исклучоци кои многу добро знаат ова да го носат. Ја имам забележано Палермо како носи, ама толку умшено што нема шанси да ја декларирам како модна утка. И тука на пример не ми делува лошо: Е сега има и уште една дилема тука. Чорапи и сандали!! На модните писти ми изгледа баш шик, ама јас не би се осмелила да носам.
Не, јас не би носела. Ми изгледа смешно, невкусно. Навистина во последно време оваа комбинација е се почеста на модните писти, меѓутоа мене лично не ми се допаѓа. Во краен случај може да облечам, ама сандалчиња затворени напред, никако отворени.
Не знам како да убедам многу жени у мојава околина дека не оди!Ми е гајле ако се специјални без раб и здебелување напред кај прстите,изгледа ко да имаат меѓу прстињата кожички како жабите што имаат за полесно пливање.Ниту оние компир-ципелици не би се осмелила да ги носам со вакви хулахопки...бљак.