Слики во вистински формат имам многу малку, и тоа само со сегашниот дечко, сите останати се од детството. Доколку дојде до крај на врската, не знам дали би ги фрлила, можеби на почеток би било болно гледајќи ги, но, сепак имам убави спомени кои ме врзуваат за тие слики. Од предмети не сум фрлила и нема да фрлам ништо. Ги третирам како и сите останати. Ако почнам да фрлам работи кои имаат некакво значење поврзано со бивши партнери, ќе останам со помалку од пола плакар, зошто секое парче облека што го поседувам има одреден спомен за мене од некој животен настан, колку и да е неважен, на пр.фустан што сум го носела на прв состанок со некој дечко, маичка и панталони што сум ги облекла кога прв пат бев во кино со сегашниот дечко... . Генерално, секое материјално нешто што го имам за мене означува дел од мојот живот, колку и да бил болен некој крај, предметот си го памтам само по одреден спомен.. а сите подароци се добиени во среќни моменти.
Не чувам апсолутно ништо, се замина во оган, дури и филмовите за развивање слики од на времето, и нив ги изгорив одамна, да не паднам во искушение пак да извадам слики од бившата љубов уживав дури ги кинев сликите и потоа ги фрлив во оган заедно со филмот. Малку е крипи знам ама јебига, пак спомените не бледнеат од умот
Чувам едно плишано мече со срце и Love You натпис гравиран на него од првата симпатија што ми го подари за Valentines. Пред можеби 15 години беше. Не ми е асоцијацита на врската или времето со таа личност, едноставно си го чувам од аспект на тоа дека во време кога не се сакав себеси ми помогна со самодовербата и да надминам некои чувства дека сум непосакувана личност.
Сме утнале. Сакам само да кажам дека поради темата побарав што сум зачувала, најдов некои писменца и си плачев до сабајле. Хм, интересно би било да има некоја тема да споделуваме и такви работи, дали со збор или фотографија. Ми се топи душата кога гледам љубов па макар и да завршила. Патем, за слики се изјаснив. А лични предмети сум немала, но и кога би имала би ги зачувала додека не почнат да држат место.
Благодарение на мајка ми, пред некој ден ја отворив кутијата во која сум собирала споменари, дневници и слики уште од најмала возраст. Јас воопшто не знаев дека сето тоа сеуште стои, уште помалку каде е, ама ете, таа случајно ги нашла. Споменарите ми се од второ па некаде петто-шесто одделение. Сигурна сум дека повеќето сме пишувале такви песни, стихови и имиња на симпатијата. Од тинејџерскиот период си пронајдов слики од една личност, за која сум мислела дека ми е голема љубов, па цела година сум водела дневник за таа голема невозвратена љубов и моето скршено срце. Кога станува збор за нешто посериозно, наидов на слики од бившиот и едно писмо, случајно, забутани во една фиока. Искрено, не се ни сеќавам дали ги фрлив или ги вратив таму, за да ги најдам заборавени пак после неколку години. Многу повеќе слики со сигурност имам во стариот компјутер кој со години не е вклучен. Јас лично, не гледам зошто би фрлила слики и пораки од бившите. Не ми значат повеќе ништо, а сепак се потсетник на еден дел од мојот живот, на кој би сакала да се сеќавам, без разлика дали било добро или лошо.
Слики до сега со ниедна не сум објавувал зошто немало потреба целвиртуелен свет да знае што ми се случува приватно. Но предметите што сум ги добивал си ги чувам. Сите ми се спомен, потсетник и искуство на целиот мој љубовен живот без разлика дали добор или лошо сум се разделил.
Имам предмети и подароци од бивши, од последната бивша имам најмногу работи бевме долго во врска, прво немав време и живци да се замарам да расчистувам. Сега кога се преселував сакав да ги фрлам мислев дека ќе биде проблем за сегашната девојка, ама таа не сакаше да ги фрлам и останаа. Немам никаква поврзаност со нив исто и во стариот телефот имам слики не ги ни гледам ниту го користам, ниту мене ми е проблем нешто од тие работи и слики ниту на неа. Девојка ми немала бивши па нема ништо, ама имала во средно некој тајно заљубен во неа што и оставал писменца во ташна и на клупа никогаш не открила кој е ама си ги чува и мене не ми се проблем. Неколку и заедно имаме прочитано и баш креативен бил и убаво украсени писменцата, штета што бил срамежлив. Штета за него, може да не бил срамежливи ќе била со него сега не со мене, за мене е добро тоа. Глупо е за ова да драмиме, ако некој има чувство за друг ќе има без да чува предмети, слики.. А вака ти останува спомен од минатото исто како што чуваме спомен слики од матура и основно од цел клас што сме си делеле слики... Ако прифатиш некој каков што е мора да го прифатиш и неговото минато и спомените од истото имал тој човек и живот пред тебе, нема потреба од непотребни драми и љубоморни испади без причина.