Дали некоја од вас има користено Bonding шампони и маски гледам ги има кај нас ама се многу скапи па не ми се ризикува.. Некоја да има искуство за К18 или OLAPLEX?
Јас ги користам Olaplex неколку месеци (3ката, 6ката, 7цата) вредат за сите пари иако се бланширам косата не ми е воопшто оштетена Од линиите bond на Лореал би ги пробала наредно
Тука , продавницата се наоѓа на ул.Македонија https://hairshop.mk/product-category/olaplex/ Некои од производите ги има и во ДМ
Јас се утепав од барање ама Лореал линијата нигде неможам да ја најдам. Hair shop имаат многу избор, браво за продавницата ама многу се скапи овие bond repair линии. Нема ништо под 50е што вањда е ок ако функционира ама за проба не ми се фрлаат пари. По се што истражив Лореал е на исто ниво ама дупло поевтина. Ако некој овде знае кај да ги најдам ќе ми ја спаси косата
И Балеа имаат bond repair шампон, поточно цела линија е од неколку продукти, меѓутоа не знам дали се донесени кај нас. Читав дека шампонов е dupe на Olaplex. А овие од Лореал ги немам забележано по рафтови... Од нет е сликава, не е моја, да нема забуни.
Ја нема оваа линија во Мк се уште, сега за сега најблизу во супермаркетите во Грција можат да се најдат
Треба да ги поправи испуканите врвови и да ја направи косата сјајна. За шатирани, бланширани уствари за хемиски процесирана коса. Ги видов овие во ДМ само што некако незнам... Балеа не ми влева многу доверба кога се работи за продукти за коса ( можда сум јас терсене малку ) за купки и креми ми се ок. Ако некоја ги има пробано нека сподели
Бев го помирисав, мирисат на цитрон ама слаб е мирисот и сега се мислам дали да ги земам. Виолетовата линија со хијалурон на Лореал многу ми одговара, незнам дали да ја пробам и оваа, едино ова цитронот не ми се допаѓа, очекував од Лореал да имат пак некој убав специфичен мирис али....
Искористив по едно шишенце од шампонот и тоа како крем спулинг, јас сум задоволна, мека ја прават косата некако, имаат слаб мирис ништо посебно инаку мојата коса е природна не е третирана ниту фарбана точно нема мирис, односно минимално,ама не е лош
Да и јас се двоумам, прво ќе треба да го погледнам составот, па да видам дали ќе ми одговара на скалпот или не. Немам некои очекувања, ама некако порадо би почекала да го донесат тој на Лореал. Штом е без сулфати, мислам дека можноста да ми одговара би била поголема.
Јас ја земав Кератин Бомб маската (не знам дали е истава линија, вака по изгледот делува како да е од нив) и сум презадоволна. Другиве производи од сликата не сум ги пробала, брендов ретко ми фаќа око некако ги имав пробано тие со зелено паковање и не ми се допаднаа воопшто. Исто порано ги имав пробано и другите маски на Гарниер, таа со мед и една хербал некако беше но не ми беа ништо посебно. Оваа е одлична, не ми ја заплеткува косата и не ми ја прави леплива што често ми се случува со многу маски. Ептен ми ја прави мека и лелеава, сигурно ќе ја земам пак. Генерално од Лореал маските сум најзадоволна ама изгледа имам нив фаворит