Прекрасна книга, пласитана е во моите топ 5 дела !!! Се работи за животот на млада девојка која поради несреќата во нејзиното семејство (татко и ослепува) мора да оди да работи како слугинка во едно богато семејство на познат сликар. Во целата куќа е лудница и едниствено во ателјето на господарот (кое треба да го чист) наоѓа спокој. Со тек на времето таа ќе развие некакви чувства кон својот господар, но незнае точно што сака... Нема да ви кажам ни збор повеќе, НО КНИГАТА МОРА ДА СЕ ПРОЧИТА!!!!!!!!!!!!
Мислам дека и фали еден клуч на темава, има многу вакви теми !!! Спојлер http://forum.femina.mk/literatura-i-umetnost/preporacajte-kniga-t1081/380.html?hilit=%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B8#p418346 literatura-i-umetnost/posledna-procitana-kniga-t852/520.html?hilit=%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B8#p416969 literatura-i-umetnost/momentalno-citam-t2186/1020.html?hilit=%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B8#p415290
Пред некој месец ја прочитав, и не знам како ти оставила толку голем впечаток . За мене беше тотална катастрофа книгата, толку навлезена во детали, не се случува нешто посебно за да те заинтригира. Не ми се допадна
Јас од дамна ја има прочитано книгава. Просечна е, не е ни толку лоша, а не е ни нешто посебна. Исполнета е со детална анализа, додека ја читав книгава ме исполнуваше чувство на гнев. Убаво е да се прочита.
Од сите дела на Трејси Шевалие ова ми беше најдосадно, а прво го прочитав. Најголем впечаток ми оставија Девствено сино и Пламен сјај, а и Паднати ангели не беше лоша. Ама оваа едвај ја дочитав.
Jас филмот го имам гледано,и не ми остави некој голем впечаток,онака просечен а книгата не ја имам читано
Книгата ја добив на поклон од мама ,и е преубава ја имам читано 3,4 пати,закон е ,инаку мислам била 35оден ,ја купила мама од три.на сите ви ја препорачувам
Прв пат слушам за книгава ама ми се чини интересна Дали знаете дали ќе ја има на саемот на книгата и ако ја има колку чини?
^ Цаци побарај ја на штандот на Три. 199 денари пишува дека е на страната на Три Иначе мене книгава не ми беше интересна. Очекував од неа многу повеќе божем бестселер. Ама просечно, онака трогателна приказна, но не ме остави нешто многу импресионирана.
Ја прочитав пред некое време и цело време чувствував некоја тегобна напнатост додека ја читав.После толку позитивни книжевни критики,очекував дело што ќе ме бутне од столче, ама ништо посебно.Далеку од тоа дека сум разочарана, ама цело време се опишуваат детали од нејзиното одење на пазар, чување на децата и чистење на атељето.Монотоно чувство,без бранување на емоции,да не речам еквивалентно на здодевност.
Ја имам прочитано девојката со бисерна обетка, дури и филм има за неа, не е нешто посебно барем мене не ми остави голем впечаток бидејќи постојано се опишуваат дејствија кои се монотони за на крај да ја добие обетката како наследство од господарот во кој е вљубена кај што беше слугинка и да се омажи за месар итн
Јас очекував многу повеќе од книгата се согласувам потполно со Геа истото чувство го имав и јас, монотона........
Се согласувам целосно со Gea. Ништо спектакуларно, добра но не и одлична книга. Нешто слично како чувството кога го гледав Notebook.
Не сум ја читала и мислам дека нема ни да посегнам по неа. Како и повеќето бестселери, претпоставувам дека не е ништо посебно и дека само ќе се разочарам, па потоа ќе треба да пишувам мислење во темата „Книга која не би ја препорачале“, а искрено не сакам да пишувам мислења таму. Затоа се држам подалеку од книгава.