Девојки да ве прашам дали со фарбањето се исправа косата? Мислам со тек на време..? Имам виткана коса и неколку пријателки што ги прашав ми кажаа дека и тие имале виткана коса и откако започнале да се фарбаат им се исправила...
Jaс мислам дека тоа зависи од самото влакно - ако ти е потенко, би требало да се исправи од дејството на фарбата, ако имаш појако влакно, не би требало да има некои такви последици. Знам девојка која има баш пуцвал фризурче, а со години се фарба плава и кадриците уште и' стојат како и пред да почне да се фарба.
не знам дали е за овде прашањево ама сепак ќе си прашам што мислите вие дали да ја направам омбре косата на врвовите руса коса нели инку сум 14 години и одсептември ќе почнам прва година па си велам да променам нешто барем ама незнам дали на 14/15 години да почнам а вие што мислите да се исфарбам ли?
Тоа си е твое како си сакаш ако имаш голема желба направи ја така косата па види дали ке ти се допадне. И јас почнав да се фарбам на 15 год , и не се каам косата ми е поубава фарбана и има сјај. Оди подобро на фризер и види ако ти се допадне ок ако не, подоцна можеш да си ја исфарбаш целосно косата
Колкава е разликата на нијанса на коса при фарбање со 6% и 9% хидроген? И дали има некаква разлика врз нијансата на сиво? Конкретно мислам за фарба TREND UP 7.1.
6% е премногу малку кје ти ја обои косата само малку кје се познава додека 9% кје ти даде некако незултата ама не таков каков што посакуваш а најубаво е 12% гори ама голема е разликата
Со години ја фарбав косата. Де кафена, де црвена, де плава - најчесто плава. Одев на фризер и фризерката ме фарбаше со Wella. Дефинитивно квалитетни и убави бои, па некако по 1000 денари месечно ми доаѓаше да давам за фарбање што е ок, што знам. Ама малку претерав и бајаги ми се исуши влакното (иако ја мачкав со што стигнам: креми, маски, капки, масла), па си ја вратив мојата боја. Раат сум да ви кажам! Тоа коренот расте побрзо од светлината! Иако се мислам за ова омбрево - убаво изгледа многу, а лесно е и за правење и за одржување... другарка си направи моногу убаво личи!
и јас се мислам за омбре, е сега прв пат ке ја правам со фарба па со која е најубаво? имам темна кафена коса, ја пеглам 4-5 пати месечно па да не ја догорам со фабата би идела на фризер ама тука кај нас у маало све се тапи фризеркиве, не верувам да имаат добри марки на фарби
Да, но пак ќе ти биде посветла од очекуваното, така ќе биде и наредните 2 фарбања, зависи од структурата на влакното
Женски пишав претходно дека сакам плава да се фарбам, еве секој ден се токмам да се закажам на фризер и никако... де сакам дека страв ми е... (се немам фарбано до сега) Инаку ме интересира дали многу ќе се оштети косата, дали ке треба после тоа на секое да се фарбам.. не знам.. сакам еднаш да пробам да видам како ке ми стои а после ке можам да си ја вратам природната боја? Инаку имам светло кафеава коса а мислам да се фарбам еве ваква.. Спојлер
Прво ке ти ја осветлат косата со бланш или деколоратор бидејки неможе од едно фарбање да фати бојата. Штом имаш желба закажи па сега коса е тоа расте , нема што да се плашиш толку , за оштетување не оштетуваат само фарбите има многу други фактори (пеглање , сушење со фен...) па кога ке ти ја офарбаат косата нека ти ја потскратат малку Потоа дома ставај маски за коса и тоа е А ако не ти се допадне потоа секако дека можеш да се префарбаш , светло кафеава имаш многу нијанси на фарби за коса Незнам како размислуваат другите но јас од кога прв пат се офарбав косата ми `живна` имам сјај од фарбата , милина
Не знам како некои девојки и жени цел живот се фарбаат со иста марка на фарба или со иста нијанса. Сум пробала така, ама едноставно има толку многу фарби и толку многу нијанси, па едноставно не можам да одолеам да не пробам нешто ново. Одамна не сум пишала на темата, за тоа време ги пробав новите Палете мус , и Палете колор маск и тргнав пак да си ја купам оваа Колор маск, ама ја видов оваа од Гарние, што претходно никогаш ја немав видено и си реков сега е шансата да бидам Махагони црвена (нијансата ја барав уште кога Битерсвит беше во Македонија, замислете колку време е тоа ) Можам да кажам дека оваа од Гарние е многу убава, дава многу убав сјај и со неа оди регенаратор кој што може да се користи повеќе пати затоа што е 40мл. Ја купив околу 250, не се сеќавам точно. Инаку се фарбав на втор ден од менструација, чисто за да си потврдам на самата себе дека сите тие муабети дека не фаќа фарбата во тие денови се обични бабини деветини. И така беше- бојата никогаш не ми фатила толку добро, изедначена ми е насекаде, и многу сум задоволна. Ако не требаше да се фарбаме кога имаме менструација зарем не е логично тоа да го пишуваше на пакувањето со фарбата? Мислам дека следен пат ќе ја пробам или 5,3 или 6,3, секако ако по пат не ме сретне некоја друга фарба .
па каква врска има тоа колку си млада-стара јас прв пат ја фарбав косата на 15 год и да ти кажам не се каам што ја исфарбав тоа како си сакаш ти ако сакаш промена на бојата, сјај на косата исфарбај се
Девојки минатиот месец бев на фризер да се фарбам. Си одбрав боја од каталог, ме исфарбаа и кога побарав да ми кажат кое бројче е и која марка фарбата - ми рекоа: Измешавме неколку фарби за да ја добиеме таа нијанса. Е сега за коренот пак ќе треба да одам кај нив, зошто како на друг начин би ја погодила истава боја? Не ми се иде на фризер за секое фарбање на коренот.. Како сега да одберам иста боја? Мислам дека и нијанса ако промашам пак ќе се познава. Ќе двои коренот од останатото. Чаре? Пак ли да се префарбувам цела со некоја нова фарба?
Девојки дај кажете нешто слично на колор шампонот, што паѓа постепено со секое миење ама не толку брзо како колорот. Во парфимерија ми рекоја да земам фарба со амонијак и се мијала како колорот, само подолго ја држела бојата.. Дајте некој совет, или препорачајте ми нешто
Девојки што мислите каква боја ќе излезе сакам да измешам плава боја и црвена муабетот ми е дали некој пробал,и дали ќе даде ефект на портокалово долго ја фарбав како медова боја со фарбите на Лореал и Кене,пробав и Сајос но не ми излегуваше како што сакам,сакам асли портокалово
Пред некое време си набив филм во глава да се офарбам црна. На кој и да кажам сит ми велат да не се глупирам. А на мајка ми па кога и кажав таа почна да ми се смее и само ми кажа нема шанси
ја има ли кај нас, каде да ја барам и да не знаете цена? Инаку планирам омбре да ја направам косата со фарбава, темно кафена коса имам, што мислите како ќе испадне?