^^^ Да пробаш кај Игор Говорко во Unique? Кај него редовно се шишам, само тој успева да ми ја погоди формата онаква каква што ја сакам, и тоа му оставам одврзани раце како сака тој да работи, а имам доста виткана коса и приметив дека тој обожава виткани коси. Секогаш пробува да ме премисли да не носам шишки На крај секогаш им потенцира на вработените да ме сушат со дифузер за да се навитка и за финишот пак се враќа да ми стави по некое средство на косата за да не се разлетува и да сјае. Секогаш ме советувал да не ја сушам со четка и да ја исправувам бидејќи многу била поубава виткана и исушена само со дифузер. Салонот му е во трговскиот Беверли Хилс.
Јас одам во Студио Ин или Бубе Ин whatever. Задоволна сум,многу. Најбитно,не ти ја тегнат ѕверски косата кога те расчешлуваат. Ама во последно време,доста се накачија цените,дури премногу е скапо за кратење врвови
Ако сакате да ве ОСТРИЖАТ буквално-одете во Леонтич!!! Незнам кој ѓавол ме натера...божем да ја скратам малку, а имаВ релативно долга коса, од Васка си добиив фризура до рамена и таква ШИШКА што нит се води ни се тера. Па откако се намрштив, праша дали да ме поправи-реков Не благодарам. Шишката тешко ќе ја опраам, ама подобро што станав додека имам доволно коса. Деновиве пак на фризер, ама проверен!!! Инаку и јас идам кај Бубе, ама ете-да сменам божем
Во Антико работи студио Стил, само во понеделник не работи жената, ама фул е со закажување секогаш кога одам за 2-3 дена ме остава и ме фаќа склет.
Јас одам во Бела, после католичка црква второто уличе десно. Воопшто не се скапи. шишање, миење и облик е 250 ден. Се закажува. Фризерката работи со љубов што е најбитно.
гледам сите задоволни од Диор, а бидејки се одлучив да се шишам ама баш некако страв ми е да не ми ја утнат послем незнам што ќе правам. Да не знаете од прилика колку пари земаат за ваква фризура? или за што знам каква било, генерално. Фала вии
ЈАс па Диор не ти го препорачувам ама ич,има исто во близина на Диор сега нов салон (дечкото одамна работи ама сега отвори салон) преубаво шиша значи немам коментар,а шишањето му е негде околу 250 денари мислам.Ако си заинтересирана ќе прашам за бројче,ама Диор не ти го препорачувам,а исто и во Скопјанка има едно студио и таму дечкото шиша феноменално,јас прв пат во животот бев задоволна како некој ме ишишал,па ако си заинтересирана тука сум
А има некој искуство со осветлување на косата (прамени) во Диор? Некоја другарка на другарка моја се вработила таму и и препорачала да иде дека било топ, али од другарка на другарка... знаете како иде тоа Па сеа нз дали да идам да си ја пробам среќата
Е да бавен е, кај Јоцо ли беше? И јас окапувам таму ама добро јас обично одам на шишање и фарбање. И мене ми се свиѓа тоа што прво убаво ќе ти ја измијат косата, па испеглаат и потоа те шишаат. За мене лично нема подобри, све ова Сергеј, Бубе трт мрт ми е на игнор. Фризерски салон Скопје се навистина добри, плус со долгогодишна традиција. Се знае дека си во рацете на прав стручњак кој плус ја почитува твојата желба. Сто пати да ме прашаат уште сто пати ќе ги препорачам Веќе 5 и кусур години одам кај нив (уште кога им беше салонот кај ЈБТ во градски ѕид) и немаат направено една утка!
Сакам да се консултирам со вас за една фризерка кај која планирам да одам. Спојлер Лакримоса, ако читаш, купив деколорант, ама се плашам сама да го употребам. Таму кај што го купив, ми кажаа дека некоја фризерка таму купува редовно производи, и многу е добра, ми дадоа број, име и локација. Бев кај неа, и ми кажа дека за деколоризација-500-600 ден. (зш го купив деколорантот). Студиото се наоѓа спроти Олимписки базен... (го заборавив името ) Фризерката се вика Ирена. Толку знам. Се плашам да не плаќам колку што треба и да не купев деколорант. Сега да ми кажете дали некој знае за кое студио зборувам, дали е добра фризерката, и дали знае која е цената за таа услуга-деколоризација?
НЕ знам колку е таму ама вака кога сум читала како одат цените по фризерски салони,не е толку мала цената дупло дури и повеќе е обично цената
Си одам на фризер кај мојата маалска фризерка во Н.Лисиче. Девојката работи убаво и брзо, и воопшто не е скапа, за шишање и фенирање, нормално со миење зема дури 200 ден. Си порачувам и фарби од кај неа, и секаква друга козметика за коса ако ми е потребна. Имам некогаш желба да пробам шишање во друг салон, ама кога ќе се сетам патот дотаму и назад, па чекање ред, не фала. Еве ја, на минутка од мене.
Во Карпош 4 да не го рекламирам студиото, фризерката шиша добро иако мразам шишање со оглед на тоа дека сакам да ми порасне косата и зема 150 денари, за фарбање како услуга е исто 150 да и однесеш фарба, фенирање 150 и друго не памтам Едит: сум се шишала на милион различни места, ама сегде со закажано а ја ко што сум таква кога ќе ми текне тогаш одам за чудо кај оваа ретко кога имам чекано, барем дозволува да си чекаш а не како некои дојди за 4 дена, или има работа и вика дојди за пола саат. !