1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Витилиго (кожно заболување)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од amajlija, 13 јули 2010.

  1. amajlija

    amajlija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пред некое време на лицето,поточно пределот околу очите ми се појавија некои флеки.бев на дерматолог и ми рекоа дека тоа е витолиго.ставав многу креми и пиев витамини ама ништо не ми помогна.ве молам дали некој знае да ми препорача некои ефикасни креми.фала
     
  2. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Болеста се вика витилиго, автоимуна болест ,кој за жал нема лек, меѓутоа знам дека има третмани кои можат да го успорат ширењето на болеста. Вакво нешто имаше Мајкл Џексон незнам дали знаеш.
    Мислам дека како третман се користат кортикостероиди, ама кои не би знаела да ти кажам.Местат кои се зафатени со витилиго треба особено да бидеш внимателна кога излегуваш на сонце и да ги мачкаш со заштитна крема,со висок фактор, бидејќи се особено осетливи на сонце и може да дојде до изгореници.Тоа е се што знам. Мислам дека најдобро би ти било да се обратиш на стручни лица, дерматолози, кои ќе знаат што треба точно да направиш
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Тоа е уствари губење на пигментот на одредени делови на кожата, моја роднина има на лицето. Лек нема ама може да се спречи ширењето на белата фека.
    Имало некој народен лек со крв од желка , ама што се прави со крвта појма немам. :D
     
  4. amajlija

    amajlija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    користам крема со спф 50 значи се консултирав со неколку дерматолози ама сите ми даваат различни креми,дури еден ми даде крема за да ми се избели целото лице демек да се изедначи и си направив уште поголем проблем
     
  5. Maruls

    Maruls Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    A ustvari kakva boja e taa damka? majka mi ima edna kafeava na krajot na desnoto oko i se povekje se siri znae li nekoj sto e toa i kako moze da se izleci? :)
     
  6. amajlija

    amajlija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    јас имам бел круг околу очите,а кај некои може да бидат и темни флеки најубаво е да посети дерматолог па они ке и кажат дали се работи за витолиго поздрав
     
  7. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Витилиго на лице

    Vitiligoto ne se lekuva i ne probuvaj takvi gluposti kortikosteroidi zosto na 40 god ke licis ko 80 da imas,ima edna pudra kosta okolu 1500-2000 den specijalna za vitiligo.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Витилиго на лице

    И мене ми се појави витилиго пред неколку години. Признаен лек за оваа кожна состојба (која погрешно се нарекува болест) - нема. И јас го имам околу очите и на вратот. Пиев повеќе третмани VItiligo Tab, кои можат да се порачаат преку интернет, и ми се изгуби една дамка на раката и една на градите, околу очите состојбата е сосема малку подобрена. Планирам да продолжам, и да ги порачам барем уште еднаш.
    Не губи надеж, бидејќи има случаи кои се излечиле, иако се ретки. SPF 50 е обавезен, иако мене ми направи проблем со очите (овие креми се јаки, и проблематични се ако ги користиш околу очи), но што се мора се мора. Користи го и во зима кога излегуваш на сонце.
    Со шминка витилигото многу тешко се покрива. ти ја препорачувам корективната течна пудра на Vichy (Дермабленд), која е една од ретките што помагаат за негово прикривање. Над неа обично ставам Диор компактна пудра, па на тој начин ништо не ми се познава. Имам среќа што и онака имам исклучително светол тен.
    Најдобриот совет што некој може да ти го даде е да не го претвораш витилигото во комплекс, тоа не е болест, туку е состојба која е се’ почеста. Секој надворешен недостаток може да се надомести со тоа каква личност си вистиски, луѓето не смеат да се поистоветуваат со надворешниот изглед. Јас страдав многу кога ми се појави и не излегував од дома ненапудрена, бев на работ од солзи кога некој ќе ми речеше што ти е со очите :tmi: .
    Сега ја надминав таа несигурност и не ми пречи кога некој ќе го забележи, шминка ставам многу ретко, само за излегување.
    Ти си тоа што самата ќе направиш да бидеш, не се поистоветувај со недостатоците, туку со доблестите.
    И да, не губи надеж, но и не очекувај чудо од лековите, прифати ја твојата состојба.
    Има некои третмани со апчиња во комбинација со зрачење, јас апчињата ги набавив од Германија, но тоа беа џабе фрлени 100 евра, ми стојат неотворени (го прочитав упатството и многу се токсични, не сакам да ризикувам со нив, а и во Охрид не знам дали има апарати за УВ зрачење, не се распрашав).
    Поздрав и ти посакувам од се’ срце да се справиш сп витилигото.
     
    На tamche995, Trxmx, TheKiketoo и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Витилиго на лице


    Витилигото е губење на пигментацијата, додека кафеавите дамки се обратен случај - тие се хиперпигментација, а не витилиго. Тие се јавуваат најчесто со годините, особено на рацете (може да ги сретнете и како старечки дамки). Постојат ефикасни креми за нивно избелување, побарајте во аптека. Сепак доколку е во близина на окото, нека биде внимателна, зашто не сите креми се користат околу очи. Најдобро е да побара совет од дерматолог.
     
  10. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Витилиго

    Здраво феминки....како што разгледав нема отворено тема за Витилиго...Витилиго е делумно наследна болест, тоа е губење на пигментацијата на кожата и најлошо од се е што се шири низ целото тело..јас лично имам витилиго,меѓу градите и меѓу очите..единствено се плашам да не се прошири на некое друго место а знам дека тоа може да се случи во секој момент..имам забележано дека малку е повлечено но сепак стравот не поминува..ве молам да ми кажете дали постои нешто што би можело барeм да го спречи ширењето..јас користев крем од Aloe Vera против проширување и можам да кажам дека колку-толку помогна..но сепак сакам да знам дали постои нешто што би можело да биде поефикасно...Очекувам ваши мислења..Поздрав :)
     
  11. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Витилиго

    јас прв пат слушам...но мислам дека најдобро е да се советуваш со некој доктор и тој да ти препорача нешто:)
     
  12. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Витилиго

    Доколку имаш на лицето пробај да го покриеш со некоја крема или пудра, инаку посоветувај се со лекар, медицинта напредува и би требало да има некои третмани за да не се проширува,а сосема мислам дека неможи да исчезни
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Витилиго

    Јас имам една школска која има витилиго. Таа ми кажуваше дека одела на третмани, по доктори низ Скопје. И давале некои масти да се мачка но не и поминало. И се проширило уште на неколку места, а тие што ги имала дамки се зголемиле.
    Еве овде можеш повеќе да прочиташ за него http://www.homeopatija.com.mk/index.php ... les&aid=28
    Инаку кога ја прашав дали може да се излечи ми кажа дека според некои резултати кои се правеле имало шанси да се излечи и да не се излекува. Кај неа било тоа на средината, постоеле шанси но требало со време да се види. Постојат исто така и терапии со зрачења за витилигото кои се премногу штетни. Лекуваш едно, а штетиш на многу органи. И мислам дека сеуште не е откриен конкретен лек за витилигото.
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Витилиго

    Нема гарантирани третмани ни за спречување на ширењето. Тоа е толку подмолно, ако сака си се шири ако не, си останува на истото, може и да се повлече во екстремно ретки случаи, ама никогаш не можеш да си сигурен. Како сака така си се однесува и не е можно да се предвиди.

    Третманите со зрачење се комбинираат со едни лекови кои се навистина многу штетни. Јас ги нарачав од Германија меѓутоа откако го прочитав детално упатството решив да не ги употребам. Меладинин се викаат тие апчиња. Користев и ваков гел
    [​IMG]
    ама немаше ефекти.
    Пиев неколку дози од овие
    [​IMG]
    и ми исчезнаа две дамки на раката и на градите, но главното остана. Не знам дали повлекувањето беше како резултат на тој третман, но веројатно ќе нарачам уште една доза да пробам пак.

    Инаку, има тема за витилиго на форумот
    lice/vitiligo-na-lice-t2447/?hilit=%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%BE
     
  15. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Витилиго

    Сум била на лекар многу пати..но ништо не помогна..јас знам..нема лек за витилигото но барам нешто што барем ќе го спречи ширењето..многу сум страдала и уште страдам зато што знам како е да имаш некој недостаток,и секогаш кога одам низ улица некои луѓе ме гледаат мислејќи дека сум нашминкана што си нема ни 1% врска.Еднаш и на час по Македонски профeсорот ми вели...зошто секој ден се шминкаш на очите,зарем не ти е досадно ? Јас само што не заплакав и реков дека тоа не е шминка тоа е витилиго. Инаку пудрата не ги покрив белите кругови..но сепак веќе сум навикната да изгледам вака каква што сум.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Витилиго

    Покрај витилигото, кај тебе проблемот е и психолошки.
    Мораш да се помириш со фактот дека го имаш. Можеш да пробаш да го излечиш, но никогаш не се надевај премногу, бидејќи за жал ситуацијата е таа.
    Дека ќе забележуваат, нормално е. Не дозволувај да допрат до тебе тие коментари.
    И мене ме прашувале: што ти е на очите? :o
    Порано ме допираше, сега ич. Ќе надминеш и ти, само немој да се преокупираш премногу со тоа.
    Треба да заеш дека стресот е фактор за појавување и проширување на витилигото. Со таа твоја преокупација можеш само полошо да направиш, бидејќи на некој начин си создаваш хроничен стрес.

    Инаку обична пудра не го покрива, но некои специјални коректори да. Мене ми помогна и пудрата на Виши - Дермабленд, убаво го прикриваше. Исто така и камуфлаж коректорот на Артдеко делумно го покрива, а е поефтина варијанта. Можеш да користиш и мат кафено руменило со мала четкичка само на тоа место - добра финта е ако не сакаш да се преоптеретуваш со тешки коректори.
     
  17. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Витилиго

    А колку чини тоа руменило ?
     
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Витилиго на лице

    Јас на рацете имам 6-7 бели точки кои со текот на времето се прошируваат, а внатре во белите имам црвени маали точкички...да не е нешто вакво :^)
     
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Витилиго на лице

    и јас го имам ова уште од дете...и сега веќе престана да се проширува само што сеуште ги имам на рацете...
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Витилиго

    Зависи, има од различни фирми во секоја парфимерија, од 200 денари нагоре се.
    Барај бронзер, или темно руменило, само внимавај да нема светки. Може и со кафените перли на Орифлејм или Авон да завршиш работа.
    Ваква боја барај
    [​IMG][​IMG]
    Потемна боја треба зашто на витилигото тешко се фаќа бојата. Лесна рака, нежно, со пракса ќе ти оди лесно :)
    Порано го применував овој трик секојдневно и многу успешно беше, сега искрено да ти кажам престанав да го покривам, освен за посебни прилики.