Јас по мене си знам дека кога осеќам дека нешто не е во ред и на крај излегува дека навистина не е. Ретко кога женската интуиција.
Е сега викаш според тебе имате сериозна врска.

А што е со него? Прашањето е дали и според него вашата врска е сериозна ?
Тоа што се сте имале односи пред 2 месеци јас сметам дека требало уште повеќе да ве зближи, и од овде заклучувам дека нешто не ми штима кај дечково. Се понаша ко само и до тоа да му било. Нема време за тебе како порано, изморен е се, ладен е.... сето ова не ми укажува на нешто добро.
Јас ќе те советувам да правиш муабет со него ако до сега не си правела веќе. Кажи му дека не ти се допаѓа неговото понашање во последно време. Нека ти каже што е проблемот ако има проблем и да си расчистите.Сепак 10 месеци и не е баш малку и ако врската ви е сериозна како што викаш би требало да има доверба помеѓу вас и да биде отворен спрема тебе. Во обратно тој само ќе си игра со твоите чуства и ќе продолжува да те повредува.
