Дали можеби сум му станала досадна?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Awr, 14 јули 2011.

  1. Awr

    Awr Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Значи вака со дечко ми сме заедно скоро 10месеци и имаме според мене ссериозна врска, имавме неодамна т.е пред 2месеци и односи ми беше прв и нормално, ккао во врска стојат работите.. Тој е повозрасен и работи и во последно време не знам дали ми се причинува но како да е многу ладен спрема мене.. излегуваме онака колку да се видиме на кафе потоа оди дома и одмара.. не сме заедно како шо бевме и ми недостигаат тие вечери .. можда претерувампошо ова се случува шо не знам дали стварно се случува оваа недела само... дали мислите дека премногу анализирам и испаничувам или навистина има нешо можда сум му здоссадила од тоа ми е најмногу страв.. некој ваш совет или одговор за да ми помогнете у моментов многу би ценела... Благодарам! :)
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.764
    Допаѓања:
    131.089
    Итен совет...

    Прво, процери дали си во ПМС.
    Второ, една недела е мал период за да оцениш дали нешто е лошо во врската.
    Трето, ако сега почнал да работи, толку му се спие на поручек, чудо!! На сите тоа им се случува.
    Четврто, ако ви е сериозна врската, јави се и прашај да не има некој проблем. Ќе ти каже. жНе се замарај со ситници.
    АКо одмара тој дома, фани читај ти книги.
     
    На aprokovic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Итен совет...

    Па велиш работи и оди дома одмара! Па можеби навистина е уморен! Какви сме бе ние женските сакаме 24часа да биде со нас :^) А и па можеби си му досадела! А нели е најдобро да си го прашаш? ;)
     
  4. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Јас по мене си знам дека кога осеќам дека нешто не е во ред и на крај излегува дека навистина не е. Ретко кога женската интуиција. ;)

    Е сега викаш според тебе имате сериозна врска. :) А што е со него? Прашањето е дали и според него вашата врска е сериозна ? :^)
    Тоа што се сте имале односи пред 2 месеци јас сметам дека требало уште повеќе да ве зближи, и од овде заклучувам дека нешто не ми штима кај дечково. Се понаша ко само и до тоа да му било. Нема време за тебе како порано, изморен е се, ладен е.... сето ова не ми укажува на нешто добро.

    Јас ќе те советувам да правиш муабет со него ако до сега не си правела веќе. Кажи му дека не ти се допаѓа неговото понашање во последно време. Нека ти каже што е проблемот ако има проблем и да си расчистите.Сепак 10 месеци и не е баш малку и ако врската ви е сериозна како што викаш би требало да има доверба помеѓу вас и да биде отворен спрема тебе. Во обратно тој само ќе си игра со твоите чуства и ќе продолжува да те повредува. ;)
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Awr

    Awr Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Точно и после одностие многу поинаку ни е позитивно мислам се зближивме.. а тој работи подолг период но многу напорна работа има... и секогаш спие кога е дома.. а од друга страна гледано да е надвор со друагри а да нема време за со мене тогаш стварно има проблем.. а вака сум на две... затоа и сум толку на мисла.. не знам шо би му рекла дали директно да го прашам дали е бил сево ова време пошо ме чекаше 7месеци а е 4години постар од мене не знам.... ?????
     
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Исто и јас Asterion секогаш кога сум предосеќал нешто дека не е ок за жал испаѓа така...
    Инаку Awr мислам дека избрзуваш со заклучоците, на заљубените секогаш се им се причинува и би ти препорачал помалку време да поминуваш во анализирање на работите зашто нема корист од тоа секогаш само нови сомнежи ке ти се јавуваат итн итн итн.
    Али недај боже ако вака продолжи да се однесува и по некое време знај тоа е тоа, те иживеаал му било целта да те има и сеа не си му интересна. :)
     
    На SilverGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Awr

    Awr Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Знаете шо се случува, тој само шо се буди ми звони на телефон да ме слушне кај сум шо сум.. значистварно сме го праеле тој муабет за неговата работа дека не може без одмор а и на овие тропски ѓ
    горештини.. и јас сум го прифатила тоа неговиот начин на живот.. и еве ви викам последен пат така бевме зсаедно кај него пред недела време отогаш излегуваме пак се видуваме али можда јас рпетрувам... шо мислите??
     
  8. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    во профилот гледам дека имаш 18 години полни.
    значи полнолетна си и векје си девојка!

    Само незнам зашто јас заклучувам од овие постови дека не се однесуваш доволно зрело за твои години?? него како 14 годишно девојче.

    Постара сум од тебе 1 година, имам 19 години и не сум многу искусна во врски!

    но Девојко, мораш да сватиш дека никој не може да биде со тебе по 36 часа на ден од 24 часа!
    немој премногу да го притискаш и да измислуваш причини за кавга бидејки со тоа само ке го одбиеш од тебе па колку и да те сака и почитува!
    Ако јас добро разбрав, човекот работи повеке и од 8 часа на ден а е на напорна работа, па после нормално прво ке сака да стави глава на перница! не му фали уште некој (во овој случај ти) да му се јави по телефон и да го прашува ми се лутиш ли? мислам дека си ладен кон мене во последно време? и ред други работи .. или да го притискаш да искачате.
    Исто како што ти сакаш да ги почитува твоите желби, почитувај ги и ти неговите и остави го дечкото да диши слободно, бидејки можеш да го загушиш!

    6-7 дена е мал период да заклучиш дали е навистина ладен од тебе или не! биди малце опрезна.
    и никој од нас тука не може да ти каже дали претеруваш или не!
    во случај да осекаш веке дека подолг период е ладен кон тебе тогаш седни го убаво и разговарај со него!
     
  9. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Можеби ти грешиш...можеби тој греши..треба да почекаш некое време да помини некој период да видиш дали ќе продолжи така да се понаша или не...ако продолжи ќе треба да разговараш со него..кога ќе излезите...колку и да работи мислам дека ќе можи да одели време за разговор
     
  10. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Секако дека времето ке покаже се, ама едно нешто ме чуди. Еве јас како машко се прашувам, зарем несака типот редовен секс??? Нема 50 години па да се вади на таа фора дека е уморен, плус си знам по себе колку и да сум изморен за тоа ке најдам сили не се давам бре па незнам што да е :lol: вака поубаво кога размислив ова стварно ми е сумливо. :)
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    а, што мислиш за тоа дека е лето, жешко, дечкото работи, па му е мака и сака да си се одмори дома???, ете, сепак ти излегува во пресрет, колку за да се видите...
    а, ако толку се секираш, тогаш прашај го дали има нешто (сепак 10 месеци сте во врска)
    :) :) :)
    и што ако те чекал 7 месеци??? па ако те сака, ќе те чека и 7 години!!! :)
    а, ти дипвул, не врти ја одма работата во друг правец, мислиш се се врти само околу сексот??? :^)
     
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    1.060
    Стравот нема ништо добро да ти донесе. Два посто само да му дадеш да намириса дека си несигурна и се плашиш дека ќе го изгубиш, и ќе летне. Никогаш, никогаш не се покажува несигурност пред маж, носот горе, "јас сум оваа, земи или остави" став, и тука ќе е, пробај и ќе видиш дека е така. Само кога даваш отпор, знаеш што сакаш, држиш до себе и не се плашиш да си сама, ќе те цени и нема да му падне на памет "еј оваа е досадна". Сакај го од петни жили, цел живот остани со него ако сакаш, ама не давај да знае стопроцентно дека е така. Сигурноста раѓа предвидливост и нема предизвик, нема возбуда. Секогаш кога ќе осетиш такво двоумење "дали му здосадив", мењај рутина сместа. :)

    Плус, добро бе, луѓе што се со години заедно, луѓе што се венчаваат... Шо мислиш, дека секој ден од врската/бракот ружи им` цветаат? Нормално е да не е некој 24/7 насмеан и расположен, секој си има периоди на утепаност. Не го гњави си има мајка за тоа, ти треба да си му уживање.
     
    На LittleBadGirl666 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Никој тука, па верувам ни ти не знае да гледа на гравчиња па да погодуваме што му е на типот.
    Можеби има премногу работа, обврски и е преморен.
    Можеби си има некакви проблеми на работа или по дома и не сака да зборува и да се отвара пред девојката, т.е. тебе, да покажува слабост и да испадне мочко.
    Можеби има друга.
    Можеби си му здосадена.
    Можеби сексот не му е погоден со тебе и те избегнува.
    Може смислува план како да те изненади и да те побара за жена... |(

    "We can analyse it forever, they still don't know who killed Kennedy" - Miranda, SATC

    поентата е - може да се илјадници причини и може да ескалираат од најубаво до најлошо и никогаш нема да дознаеш ако не си направиш муабет и ако не си прашаш.

    Храбро и отворено низ искрен разговор и ќе дознаеш во што е проблемот.

    И јас не би го ставила тоа со сексот како небитно.
    Битно е, и тоа како.
    Многу работи се вртат околу сексот, сакале да признаете или не.

    Со среќа.
     
    На OzzyAngel и Hipica им се допаѓа ова.
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Кога би била машко би ме разбрала ;) и извини што сум реалиста :)
     
  15. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    24.757
    Девојче за овие работи најдобро е да си збориш со дечко ти, пошто колку и да пишував по форуми, тешко дека некоиј може да ти помогне...сепак никој од нас тука не те знае ниту тебе, ниту него како карактер, ниту каква ви е врската... ја имаме само твојата гледна точка, но тоа не е доволно за објективна процена на ситуацијата, а уште помалку за решавање на проблемот (ако тој воопшто постои)... мислам дека си доволно возрасна за да се соочиш со вакви работи, а и ако врската ви е толку озбилна како што викаш, не би требало да ти претставува никаков проблем отворено да поразговараш со него и да дознаеш што се случува и како стојат работите.. И мој совет, не барај проблем таму кај што го нема.. Дури и ништо да не е, ако нонстоп го гушип дечкоти со тоа, ќе почнеш да му одиш на живци и дури тогаш сигурно ќе му станеш досадна. Значи, не прави од мравка слон. Поздрав и со среќа.
     
  16. lamia

    lamia Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Слична ситуација е и мојата.Во врска сум скоро 11 месеци и до скоро можев да кажам дека врската ни е сериозна а сега :^) не мислам така на почетокот ни беше супер добро имаше испади како и во секои врски но во последно време многу ми е сумњив.Порано кога се каравме секогаш ситуацијата се прилагодуваше и пак беше по старо а сега тоа не успева.Започна во септември и уште трае т.е тогаш здраво се испокаравме за чиста глупост и решивме да прекинеме мегутоа утредента се смиривме по моја иницијатива и од тогаш па наваму дечкото забега.Првин почна за таа работа ми викаше да најдам работа цело време ме гњавеше со таа работа ,и ај бидна најдов ја во еден кафич и тоа не му се свигало нон стоп ако не му се јавев на телефон ми јадеше гомна како со друг сум била дрдрдр....Потоа и тој најде работа во скопје и егото му се качи изгледа..Јас го свакам дека работи по цел ден и дека е уморен и се тоа но тој и порано работеше и пак имаше време за се а сега се јавува еднаш и тоа пред да оди да спие и кога ке се јави се крие или во вц или надвор. Таму се се машки и баш ми е сумњиво зошто се крие.Се гледаме еднаш во месецот и тоа некогаш и на пола саат.И ајде ја преку се поминувам и овој викенд се испокаравме убаво тој почна мн. да ме навредува а тоа му се случуваше ретко но сега претера и ај некако ова она пак се ,,смиривме,, и утредента го нема никаде цел ден и вечерот ми стигнува порака од него да сум си нашла друг не бил тој за мене и сл. што водеше на крај и јас му вратив дека ок ке прифатам зошто ми дојде преку глава и му пишав дека ако сам донел таква одлука требаше во лице да ми ја каже и гледам после ми титка ми пишува дека му е тешко дека сакал да останеме другари и ја му пишувам ок дојди ако сакаш да прајме муабет јас сум сама он ми врака ај ке видам и го снема и гледаш во 2 часот ми звони и доага кај мене ме изгушка убаво ккао да не ме видел 100 год послем тоа си легнавме тој сакаше да иаме секс а ја нејкев бидејки беше доста поднапиен и одбив леле тој кога се подпали па што веке не ми кажа како јас секогаш сум го одбивала ништо не сум правела во врска со него не ми дозволи уста да отворам јас останав вака :o и фана човекот си легна си заспа и ја буричкам по тел гледам ме запишал под име му звонеле девојчинја потоа имаше слика од една девојка во тел.и имаше една порака која ме зачуди тој другарму што седел со нив пишал на една девојка да доведе другарки кај нив да се забавувале и утредента јас го прашувам тој се извади таа прорака била од другарму таа што му звонела и порано му звонела сликата од девојчето таа била девојка на другарму и доагала кај нив.И пак е исто сум правела муабет дека не сакам да ме лаже ако сум му здосадила ок ке прекинеме тој не па не.И јас незнам што да мислам веке од една страна сакам да прекинеме бидејки вака не може сиг. ме лаже од друга па некако викам ај ке се смени...а ако ме има изварано ке му вратам па потоа ке заврси се но како да дознаам психата ме убива бидејки се што не направив за него а тој вака да ми врака ....уф вријам имате ли некој совет за што понатаму? :@
     
  17. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    баталувај одма... ама одма
    типов се начукал и дошол кај тебе, за ништо друго туку за секс. Да мила моја, ако сакал да те гушка прво ќе го испочитувал времето и немало да дојде во 2 наутро туку порано, втора работа од кај знаеш кај бил пред тоа и зошто доаѓа кај тебе? м? Можеби не го добил тоа што го барал на друго место па се вратил на старата приказна.
    и не ти е кој знае колку долга врската за уште сега да се маваш со глава у ѕид од нервози
    Стварно, стварно не ти треба ваков
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Немој само да речеш му поверува тоа со пораките.Кога лажат, секогаш, ама секогаш пораките се однесуваат за другар, братучед, комшија.

    Очигледно е дека дечково е во задоцнет пубертет, па се попалил по друштва, забави во стан и девојчиња ко млад мајмун.Секако и дека тебе не сака да те остави туку така, ти си му сигурна станица.

    Не биди будалче да се замараш да му враќаш, туку направи си услуга и шутни го одма ;)
     
  19. Wytney

    Wytney Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    и јас мислам така откачи го одма таков не ти треба поарно ке биде за тебе ;)
     
  20. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Леле неможам да те разберам ко единствен да е во светот .. па ке лупаш глава у ѕид за него. Тргни се од него, последен да е па не би била со такој! Си дозволила да те навредува, да те лаже свашта да ти прави и на крај се жалиш не те почитува, како сакаш почит кога си му дозволила се! Дечкото начисто се измотава со тебе ти доѓа у сред ноќ за секс :o како воопшто и си го примила у кревет не ми е јасно?? Ииии се надевам не му веруваш тоа за другар му.. глупа машка глава неможел да смислии нешто подобро или ни за тоа не сакал да се замаара туку колку да тии ги замачка очите демек тој фин ни крив ни должен...
    Срцка тргни се од него... ич да не те боли увото за таквите како него! Главата горе и уживај во
    животот :) Еее машки на сите странии ти ке си тупиш мозок со еден мајмун ;)