ТЕМА: Постојано ме изневерува

Мислење 15 Јан 2012, 17:24

Долго време собирав храброст за да пишам... Се работи за мојот дечко ние сме заедно година и пол имаме голем проблем тој постојано ме навредува ме понижува ме потценува ме вара постојано и многу ме боли тоа а најтраично е што прави јас да сум крива што ме вара со која стигне. За тие девојки вика дека се супер дека супер си поминува со нив и цитирам Јас човек и јас можам со некоја. Неможам да ви опишам колку ме боли кога го прави тоа. Тој никогаш нема време за мене за сите наоѓа освен за мене, се е нервозен и на мене се истура постојано. Јас сум крива за се според него, јас сум женско немам поим од ништо, јас сум ништо. Незнаете колку пати пробав да му раскинам и секогаш после неколку дена ме моли вика ќе се смени ама ништо не се менува. Вика дека ме сака ама не верувам многу во тоа. Цело време е љубоморен не ми дава ни да излезам вика женско си нема да се контролираш ќе идеш со некој. Искрено да ви кажам многу го сакам и незнам зашто. Знам дека без него ќе ми биде тешко али со него ми е многу потешко. Се што сакам е нормална убава врска а не ова. Ве молам за совет незнам што да правам веќе како да направам да се смени се и се да биде како што треба да биде. Ве молам да ми помогнете :(
brokenharted1

Фем почетничка
 
00
Мислења: 9
Зачленет: 15 Јан 2012, 17:14

Мислење 15 Јан 2012, 17:28

Hе-Hе те сака! Kратко и јасно!
цени се малце себе си! Hекои работи повеќе болат, па што да правиме сега?
ќе седиш со некој мочко што те вара со 100 и те навредува
Hе биди глупава, ќе си најдеш друг
Аватар на корисникот
ludoto19

Жолто цветче
 
50434106
Мислења: 3994
Зачленет: 01 Мар 2010, 05:05
Локација: South Park,во кревет со Butters :)))))))
I'd Rather Go Naked Than Wear Fur

Мислење 15 Јан 2012, 17:31

brokenharted1 напиша: Вика дека ме сака ама не верувам многу во тоа.

Слика
Аватар на корисникот
Offspring

Црвено цветче
 
78594259
Мислења: 5669
Зачленет: 14 Јун 2010, 14:20
Сакаш било каде, ама и таму нема место...

Мислење 15 Јан 2012, 17:31

Сакаш нормална и убава врска? Со него нема да ја имаш верувај. Кој еднаш варал, пак ке вара, а во твојот случај спас за вас не гледам. Раскини му и барај си некој кој ке знае да те цени и нема да те вара. Има и полоши нешта од тоа да се откажеш од некој кој го сакаш но кој не знае да те цени. :)
Аватар на корисникот
creshicka

Жолто цветче
 
16261036
Мислења: 1450
Зачленет: 30 Мар 2011, 00:19
Локација: На Јупитер, на едно дрво.
It's not always rainbows and butterflies, it's compromise that moves us along...

Мислење 15 Јан 2012, 17:32

Добро бе девојко зарем веруваш ти во тие негови фрази дека ќе се сменел, па на секое му даваш нова шанса?!-Тој никогаш нема да се смени, прекини сега со него и не барај друг начин како да го средиш овој проблем, друг начин нема. Тој и да се “смени“ сето тоа ќе биде привремено само, после некое време пак ќе почне истата приказна. Најдиси некој кој стварно те заслужува ... Овој никако не те заслужува. И не го сакаш, биди сигурна, само фино те опседнал со него. Да видиш, да почне убаво да се однесува како ќе сфатиш дека се‘ ова со него не е вистинска љубов.
Аватар на корисникот
Lepaaa

Жолто цветче
 
15452118
Мислења: 1103
Зачленет: 05 Фев 2011, 12:39
Локација: Во неговото срце...засекогаш!
Слика

Мислење 15 Јан 2012, 17:55

brokenharted1 напиша:Долго време собирав храброст за да пишам... Се работи за мојот дечко ние сме заедно година и пол имаме голем проблем тој постојано ме навредува ме понижува ме потценува ме вара постојано и многу ме боли тоа а најтраично е што прави јас да сум крива што ме вара со која стигне. За тие девојки вика дека се супер дека супер си поминува со нив и цитирам Јас човек и јас можам со некоја. Неможам да ви опишам колку ме боли кога го прави тоа. Тој никогаш нема време за мене за сите наоѓа освен за мене, се е нервозен и на мене се истура постојано. Јас сум крива за се според него, јас сум женско немам поим од ништо, јас сум ништо. Незнаете колку пати пробав да му раскинам и секогаш после неколку дена ме моли вика ќе се смени ама ништо не се менува. Вика дека ме сака ама не верувам многу во тоа. Цело време е љубоморен не ми дава ни да излезам вика женско си нема да се контролираш ќе идеш со некој. Искрено да ви кажам многу го сакам и незнам зашто. Знам дека без него ќе ми биде тешко али со него ми е многу потешко. Се што сакам е нормална убава врска а не ова. Ве молам за совет незнам што да правам веќе како да направам да се смени се и се да биде како што треба да биде. Ве молам да ми помогнете :(

Иии сама си го пишала одговорот. Ако сакаш убава и нормална врска, раскини му и нека остане така, што и да ти каже остани ти на тоа да раскинете пошо гледаш, те манипулирал коа си му раскинувала. Он да те вара, да искача, да доаѓа кај тебе коа нема каде? Ќе си најдеш друг што ќе те цени, што ќе те сака вистински, не само како збор, нема да те вара се ќе ти биде убаво. Ќе ти биде малку потешко ако му раскинеш, да, ама кога ќе дојде на негово место подобар од него ќе видиш колку убаво ќе ти биде. Со среќа за која одлука и да ја донесеш, мада и сама гледаш какви се одговори ти давале, не вреди да се мачиш (т.е. тој да те мачи) кога можеш да бидеш среќна и задоволна со некој друг. :)
Аватар на корисникот
gothchick

Зелено цветче
 
230121
Мислења: 614
Зачленет: 28 Мај 2011, 18:17
Локација: Скопје.
Слика

Мислење 15 Јан 2012, 18:11

Искрено не знам како го нарекуваш дечко? Или незнам како можеш да речеш дека ќе се смени или дека те сака или го сакаш? За мене ова што си го напишала искрено ќе ти пишам ми личи како да сака понекогаш типот да си ги олади со тебе кога ќе нема некоја нова :wasntme:. Не биди ,,будала,, откачи го не ти треба во животот :puke:, ма колку и да го сакаш и да ти прираснал за срце имај свое јас и достоинство сакај се прво себа па се околу тебе, тоа занчи не трчај по него не единствен. Размисли не си мала имаш 20години не дозволувај некој да те мота околу малиот прст.
Аватар на корисникот
love23

Зелено цветче
 
691576
Мислења: 554
Зачленет: 08 Дек 2010, 12:01
Не го прави она што не сакаш да ти го прават!
Слика

Мислење 15 Јан 2012, 18:16

Offspring напиша:
brokenharted1 напиша: Вика дека ме сака ама не верувам многу во тоа.

Слика

стварно , како може да не веруваш кога тој ти го потврдува тоа. Па не биди толу наивна , откачи го и најди си некој што ке се заслужува а не да се иживљава. И кој е тој да ти кажува ти да не излегуваш? Под итно да го оставиш , не ни треба да се мислиш , и кажуваш дека те вара тогаш како може тој да те сака? :^)
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
742608
Мислења: 1307
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Мислење 15 Јан 2012, 18:32

незнма можеби сакам само да се смени се незнам ни јас што сакам само знам дека ми е тешко многу. Сакам да знам што вие би направиле да сте на мое место
brokenharted1

Фем почетничка
 
00
Мислења: 9
Зачленет: 15 Јан 2012, 17:14

Мислење 15 Јан 2012, 18:35

Па ете ти кажале,што сакаш повеќе?!
Не е проблемот у него,поголем проблем гледам у тебе,што не можеш да си ја прифатиш реалноста.
Аватар на корисникот
Lilit

Жолто цветче
 
85321393
Мислења: 4378
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:51
Локација: Зрно грашок

Врати се на Љубовни проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter