Ве молам за совети...вака на кратко ке ви раскажам што се случува.. Ние сме 8 другарки и секогаш сме навикнати секој ден да излегуваме..да одиме едни кај други да пиеме кафе..но никогаш одделено..секогаш сите заедно.Едно време почнавме да се дружиме со едно машко друштво во кое беше побратимот на мојата другарка ...потоа јас почнав да се мувам со него.. и така некои 4 месеци...подоцна пак престана тоа дружење со тоа друштво.. но после 1месец пак.Најмногу моите другарки почнаа да се дружат со него..тој им стана ајдобар пријател и одеше секаде кај што одевме ние...многу го засакаа..но потоа јас се фатив со еден дечко и сеуште сум со него...7месеци сме заедно..многу го сакам.тој знае кој е тој и многу му смета да седам и со него да пијам кафе..се договорив сто другарките еднаш јас да одам кај нив еднаш тој..но јас имав проблеми со мојот дечко .. и тоа се запостави и повеќе не ни сакаат да слушнат за тоа..меѓутоа во меѓувреме да ви казам што се се има случено..на игра со пиење две мои они меѓу најдобрите другарки се смувале со него....другпат на игра пак..и тоа го криеа од мене месец ипол..кога ми кажаа се смееја.. воопшто не чувствуваа грижа на совест...после некое времетрета моја другарка на роденден кај една др дугарка се смувала со него..после тоа пак истата една од оние две продолжила да се мува со него ...некое време ..можеби 1 месец..на еден роденден..јас бев пијана и баш беше прочка.. и јас барам ов него да ми прости бидејки му имам направено доста глупости...сето ова мојот дечко го знае..и се има степано со него и ужасно го мрази...и сега пради сето ова јас неможам да излегувам и да одам кај мопите другарки бидејки тој е таму! а тие неможат да го сфатат тоа..дека неможам да седам со него ...ве молам помагајте незнам сто да правам ...Ч*
Како прво темава не е за во оваа категорија... Е сега да те прашам,твоите другарки цело време ли се со тој дечко,па тој нема ли другари?Можеш да си се гледаш со другарките тој кога не е со нив или пак не мора со сите во исто време да бидиш.Излези со една или две на кафе.Утредента излези со друга и така...Не мора секогаш да бидете сите заедно.И плус..не верувам дека овој дечкото е цело време со нив. На било кое момче би му сметало девојката да му се дружи со бившиот нели? Гледај си се со другарките кога тој не е со нив,тоа е единствен начин да си останеш во врската.
Јас ќе ти кажам дека тие другарки не ти се другарки. Ете, си имаш дечко што се замараш со нив? И самата кажуваш какви се.
Вие сите другарки по ред сте се смувале со дечкото И пак секој ден сте заедно како ништо да не се случило Машала Каква среќа има дечкото со вас Шала настрана, нормално дека сегашниот твој дечко нема да ти дава да се гледаш со овој другиот, а тие другарки штом не можат да те сфатат, тогаш не ти ни требаат такви.
Гледам имаш 18 години па претпоставувам дека и твоите другарки се отприлика толкави. Работава е што ваквото однесување не ми е некако својствено за таа возраст. Ама очигледно ти тоа си го сфатила. Секако подобро ги согледуваш работите па како и некои погоре би те советувала да си се грижиш за врската. Знаеш како е во животот, после тебе ќе те бараат истите другарки!!
Абре девојки, не се ветрејте многу по другарките, секоја на крај грб ќе ти сврти, нели сте научиле досега од туѓи искуства? Имајте една две другарки, колку за кафе и бош муабет, ама другарки што слепо ќе им веруваш немојте, секогаш на крај ќе си го окркаш. Еве јас што немам некои другарки што би била 24/7 што ми фали? Дечко ми е со мене, убаво ни е и се трудиме да ни е уште поубаво. Имам другарка што ја знам уште од прво одделение, чат-пат ќе се видам со неа на кафе-муабет еднаш во две недели, па гледам се е во ред досега. Да имаш големо друштво што бара од тебе да си цело време со нив и плус дечко е голема обврска, што се вика ниту за вас сами нема да си имате време. Види, дечко ти убаво ти вика што ти забранува да се дружиш таму со некои, а и не ми изгледаат баш како да ти се другарки до гроб, нели не те сфаќаат... И едно нешто имајте на ум, држете се на дистанца од другарките, немора се да знаат. Секој сака да има вистински другар, а никој незнае да биде.
Е сега да те прашам,твоите другарки цело време ли се со тој дечко,па тој нема ли другари?И плус..не верувам дека овој дечкото е цело време со нив. Е да ти кажам искрено нон стоп се заедно...и да тој има другари..отпрвин само тој се дружеше со моите другарки и не му беше проблем да е сам со 7девојки..дури почнаа и да го озборуваат луѓе од страна...меѓутоа сега се здружија со уште еден негов пријател..и се секаде и секогас сите заедно.... не сакам некои од нив да изгубам навистина ги сакам и сум многу време со нив..и многу ми е криво кога ке видам како тие се однесуваат една кон друга..а со мене..онака ладно ..незнам..неможам да сум без другарки а неможам ни со нив...
абе иста ситуација сме дечкото не може да ти мисли лошо ако те сака..а другарките се болни напатени лицемерни суштества..ретки се таквите добри другарки..искрено на форумов можиш да добијаш поискрен совет пријателство и се..за разлика од некоја - другарка што ти се прави цел живот.
тие не разбираат дека јас ги сакам и сакам да сум, со нив...ама мора да не е во близина тој...бидејки ми прави проблеми...и секогаш се лутат бидејки не сум со нив...ама неможам девојки..едноставно како да заборавам 7годисно другарство одеднаш..и да останам сама ? што ке правам потоа/???
Земи и убиј се потоа. Крај на светот ќе дојде ако немаш другарки, апокалипса ќе се случи. Ама знаеш, ние македончињата сме научени да живееме во лицемерие, кога го нема и ни недостасува. Тоа што ти се случува е токму тоа. Неможеш да живееш без лицемерните другарки.
Абе јас знам дека нема да се случи крај на светот...меѓутоа тоа не ми изгледа како најдобро решение..и баш поради тоа барам совет од некој кој не ме знае лично ...зато што може да го каже тоа најубаво.. Затоа ви благодарам многу
slushaj vaka i vie ostanatite sto ste pishuvale deka site sakaat drugar a ni samite ne znaat da bidat drugari! PrVO I PRVO IMATE LI UOPSTE OSETENO STO ZNACI DRUGARSTVO? epa nemate i zatoa taka zboruvate , zaprasajte se sto znachi drugarstvo i kako toa se neguva OD DVETE STRANI, a toa cutie doll sto ne te pocituvale drugarkite najverojatno si zasluzila ne moze site 7 da ne se vo red a ti da si vo red.. neli? i tie da si se ok edna so druga a ti da si crnata ovca? zar ne e taka? a ako dozvoluvas decko ti da upravuva so tebe kako sto kje posaka na tvoi godini ( vsusnost kolku godini imas?) togas sto ke se sluci koga ke ti bide maz? se znae so maskite samo stroogo ako sakas da ostanes ZENA, a ne rob! izvinete sto sum tolku stroga i surova NO OVA E ugly truth. i site treba da go znaat toa! bez razlika dali se glupi ili ne. spored mene tuka ima dosta. NAJDETE SRODNA DUSHA KOJA KJE E TUKA ZA BILO STO VO ZIVOTOT STO VI SE SLUCUVA PA DOJDETE KAZETE MI .
CutieDoll си ми пишала да те советувам но жал ми е прекасно видов инаку се надевам дека веке си а средила оваа ситуација. Вака да ти кажам имам скоро 17 години на 16 години се скарав со моите другарки кои едни од нив ми беа од прво одд а други што се вика од самото раѓање. Па што ми фали сега , ништо ! Беше истата ситуација како и тебе оди каде што ке ти кажеме,епа девојко така неможи. Погоре има искоментирано дека дечкоти те команда НЕ ! Тој само и мисли нејзе најдобро затоа што тие не и се вистински другари,а по оваа ситуација не ни ми личе како да се расправа за девојки од 18 години а ако овака ги свакаат работите алал да им е многу се успешни хаха . Шала на страна јас ти препорачувам бегај од тие другарки не ти се вистински . правиот другар те подржува во се и за ништо не ти се лути нит па има намера да манипулира со тебе а тие со тебе се само од корист имаш покажано слабост пред нив. И едно знај дека не верувам сите да се такви може да има една,две која ке им го врти умот на другите 360 степени ако неможеш без некој од нив тогаш убаво ги знаеш сигурно пробај да ги отргнеш од останатите и формирај си со нив ти круг на пријателство каде што ти ке бидеш таа на која што ке и завидуваат и колку да не сакаш да манипулираш со нив тие сами да се даваат на тебе . Никогаш не се вракај на нив ниту пак дечкоти да го оставиш, да се ставиш на негово место истот би го направила и многу помалце.И имај на ум не гледај другар,пријател,познаник ГАЗИ ТИ оти ако не ЗГАЗЕШ на нив тие ке те ЗГАЗАТ,дури и роднина може тоа да ти го стори. Гледај си за себе остави ги другите. Поздрав
Леле едвај разбрав уствари секоја втора од друштвото се измувала со него па,наоѓај некој компромис кога другарките-во наводници-така ќе ти ги наречам,нема да бидат со тоа негово друштво ти биди нив,сигурно другарките не се цело време со него...а кога планираат да искачаат со него искочи со дечко ти... А и тоа со големите друштва-не функционира,8 сте премногу сте,3 да сте само па ќе се оговарате а не повеќе...и самата си свесна дека не можете сите еднакво да функционирате,двајца имаат различни мислења и ставови а не па 8,искачајте си на кафенца,зафрканции,шали ама не се ставај во ситуација да ги избереш нив од дечко ти,особено ако дечко ти навистина е вистинскиот
па и јас мислам да пробаш да се тргниш од тие другарки па на крај краева имаш дечко кој по разговоров те сака... биди си со него, почни да се дружиш со негови другари и другарки.. НИКОЈ НЕ ОСТАНАЛ БЕЗ ДРУШТВО!!!
Прво и основно, мене ми е малце глупо сите 8 колку и да сте да сте постојано сите ама баш сите заедно....И јас имам многу другаки(добри, блиски) но кога можеме сите можеме кога не, тие што можат ќе бидеме заедно. А најдобри не можат да бидат сите од нив, пак треба да се одлучиш за 2-3 да речеме. А дека не ти се добри другарки покажува и тоа дека се измувале со тој. Доколку ти беа толку добри како што мислиш, нема да дозволеа тој да претставува проблем во твојата врска. А на крајот на краиштата, тој главниот фраер од ваше друштво не може секогаш да е со вас, зар не осеќате потреба некогаш да бидете само женско друштво. И секој дечко би се лутел, и тие еден ден ќе си најдат дечко па и тие ќе имаат проблеми. И токму заради сето ова, треба да си го гледаш дечкоти, но да си имаш и 2-3 другарки, вистинки, за да имаш да се напиеш кафе, да се советуваш и сл. Но, дефинитивно не како овие.
другарките и се лутат затоа што немаат дечковци најверојатно,кога ќе фатат и тие ќе ја сфатат ситуацијата подобро... и не се согласувам дека треба да ги откачи и дека не и требаат,дека само дечко и и е доволен од кај знае па дали и тој е врден за целосна доверба,можеби утре ќе ја остави,тогаш што ќе биде,ни дечко ни другарки