ТЕМА: Разочарана...скршена...Што понатаму...

Мислење 21 Јан 2012, 19:14

Inna , немој да бидеш ладна и повлечена за да не го разбере тоа погрешно.
Едноставно речи му дека сакаш да промениш нешто да си имате слобода, не сакаш да бидеш нападна, control freak и дека истото го очекуваш од него.
Мислам дека ќе те разбере :)

Miss Waldorf разговарај со него речи му дека било што што правиш не е повеќе негова работа, дека не сакаш ништо повеќе со него и да те остави на мира.
Се надевам нема да испадне некој психопат не дај Боже :?:
Аватар на корисникот
Unica

Сино цветче
 
199173
Мислења: 323
Зачленет: 05 Окт 2010, 00:12
I carry your heart. I carry it in my heart..

Мислење 21 Јан 2012, 19:15

Срамота е да поставиш прашање што треба да правиш се знае крај, и глава горе, за рекла кажала да не ти чуе многу, ама за таков недозрен клоца в газ, и чао пријатно, да не си се замарала оти некој ако те почитува последен збор што треба да го стави во уста КУРВО. Дечко не треба да го помисли па камо да го изрече.. Нема што да размислуваш оти мислам дека знаеш како ќе се одвива секоја сцена понтаму ако си ти искочена, зачувај си го достониството, искачај дружи се, и стави му блок на секое поле.. мочко!
Аватар на корисникот
ljubam

Жолто цветче
 
102292308
Мислења: 1807
Зачленет: 07 Јан 2011, 09:06
I do not try to dance better than anyone else. I only try to to dance better than myself. - Mikhail Baryshnikov

Мислење 21 Јан 2012, 21:25

Бројот го сменив уште истото утро татко ми купи нов, отиде и разговараше и со неговиот и се беше ок се дури не почна пак........ Моите веднаш приметија кога дојдов дома се тресев!
Аватар на корисникот
Miss.Waldorf

Сино цветче
 
1110
Мислења: 198
Зачленет: 27 Јун 2011, 15:37
I know you <3 me
Xoxo.. Gossip Girl

Мислење 21 Јан 2012, 22:16

[quote="Unica"]Inna , немој да бидеш ладна и повлечена за да не го разбере тоа погрешно.
Едноставно речи му дека сакаш да промениш нешто да си имате слобода, не сакаш да бидеш нападна, control freak и дека истото го очекуваш од него.
Мислам дека ќе те разбере :)

Тоа му го кажав уште пред да си отидам дома... ништо не ми рече тогаш, само молчеше....Се плашам пак да почнам да зборам за таа тема дека може да се налути и да стави крај на се.... Ср трудам да не примети кај мене промени, ама ме прогонува тоа што ми го рече тогаш кога се скаравме дека не го чувствува она што го чувствувал порано за мене... ЕДноставно срцето ми се стега кога сум со него, сакам да му кажам дека го сакам ама знам дека нема да ми возврати ко порано... Незнам како да се однесувам кон него, не го чувствувам близок ко порано... ама сигурна сум дека го сакам... Ве молам дајте ми совет како да си ја сочувам врската, не сакам ова да пропадне...
Аватар на корисникот
Innna

Фем почетничка
 
20
Мислења: 17
Зачленет: 08 Јун 2011, 10:33

Мислење 22 Јан 2012, 19:50

Innna напиша:
Unica напиша:Inna , немој да бидеш ладна и повлечена за да не го разбере тоа погрешно.

Епа тогаш труди се да се однесуваш најнормално,како тој така и ти, и не почнувај муабет на таа тема и никако немој да почнеш пак со кавги ради фб или такви глупости.
Ако видиш дека и понатаму е резервиран и поладен спрема тебе...размисли си добро и види дали ти одговара да ја одржуваш таа врска во која ќе се измачуваш , оти едно е сигурно убавина на сила нема.
На крај краева стави се самата себеси пред се друго, не заслужуваш да се измачуваш и нервираш заслужуваш многу, ама многу подобро.
Само полека и со ладна глава, па ќе видиш како ке се одвиваат работите . :*
Аватар на корисникот
Unica

Сино цветче
 
199173
Мислења: 323
Зачленет: 05 Окт 2010, 00:12
I carry your heart. I carry it in my heart..

Мислење 26 Јан 2012, 02:24

Unica напиша:

Фала ти за мислењето Unica, ми значи многу... и јас мислев да постапам така, но убаво ми дојде што некој ми го потврди тоа...ќе пробам па времето ќе го покаже своето...Фала уште еднаш :***
Аватар на корисникот
Innna

Фем почетничка
 
20
Мислења: 17
Зачленет: 08 Јун 2011, 10:33

Мислење 26 Јан 2012, 11:28

Miss.Waldorf напиша:Имам скорешен проблем и би ми значело премногу доколку некој ме посоветува. Никој не е доволно зрел во мојата околина за да ми даде добар совет и со оглед на тоа најчесто слушам изјави како се ке било добро ке се средело ке пројдело. Тоа да! но во моментов што?!

Се работи за тоа дека имав дечко година и неколку месеци. Се беше во ред, се цветаше не ни помислив дека еден ден ке се распадне на ваков начин и најблискиот ке стане мој најголем непријател. Последните два-три месеци од врската беа пекол. Во текот на врската не излегував многу се однесував како пензионер и немав толку голема желба, но бидејќи сум млада дојде и времето кога пак ми станува интересно излегувањето и слично. Многу проблеми настаа околу тоа, разни кавги како јас не смеам да излегувам со другарки без тој да е тука. Сите ми велеа како успеваш да се носиш со тоа и зошто не го откачиш и си заминеш у провод!? Се тоа е лесно за изведување, но и да си заминев без да му се јавам или молааам да не прави проблеми беше проблем. Или ке дојдеше и ке правеше проблеми на сред провод или ке ме влечкаше од страна за да ми кажува колку тој е разочаран и слично. Се тоа така беше се додека и на него му се смачи па му предложив да се разделиме пријателски бидејќи не бидува така јас 3 месеци се мачев! Кај ми би паметот! Се согласи но продолжи напорно да се јавува како и пред тоа да ме чека пред зграда да ме навредува да ми го бомбардира телефонот и да ме малтретира и физички и психички за физичкото кога не сакаше да ме остави дома да си идам и ме мачеше ме трглеше е тоа го виде и мојот комшија и кажете со кое лице јас да се појавам пред луѓето сега? на телефонот имав и по 34 повици дневно! Потоа се стиша работава и не се јавуваше но секогаш наогаше шанса за муабет со мене. Се држев на страна крајно другарски обидувајќи се да не се налутиме зошто тоа ке беше катастрофа. Немаше на мира да ме остави. Баш вчера пукна целата работа, кога се сретнавме у едно кафуле и кога си свртивме обичен муабет каде си како си вака така. Си продолжив јас попосле у клуб и ете го доаѓа и без основа ми збори јас се срама од тоа што сум бил со тебе, немој да се појавуваш повеќе губи се гитла! Јас без зборови само викнав по него и му покажав среден прст незнаејќи како да изреагирам од толку бес! Си заминав покасно у диско не обракајќи внимание кога го гледам и тука доаѓа! Си седев со неколку машки и женски би бевме друштво кога ке видам ме тргли надвор ми прави сцени како јас сум сакала него да го провоцирам со машките тука не сум требала тоа било договорот! А мојот план беше да си поминам убаво без ни секунда да се занимавам со него. Многу го сакав ама ништо не осекам веке. Се караше со мене се додека во еден момент не ми се развика со навредата Курво! Тој ми беше втор и немаше основа тоа да го рече. Тоа е премногу па дури и за него. Кој слушна слушна кој не незнам но од бес тргнав по него и готово ке го удирам! мн голем бес беше тоа и не размислувам во такви моменти! Излеговме пред просторијава и почна да ме навредува со ужасни зборови и толку се повредив што и секјуритито ме тргна на страна да ме смири и се нудеше да го избрка да си оди и кога се смирив си влегов внатре тој си замина и еве ме сега мене уплашена, осрамена, понижена мислејќи што понатаму? Како да се заштитам?????????

Прикзнава е до детали, целосно вистинита како што е пишано па пресудете што ви требала сега да правам...?

блокирај го секаде, смени си го бројот, ако повторно те замара директ во полиција поднеси тужба против него(најверојатно ке биде задржан на разговор, па ке свати дека ти не се шегуваш со него)
и памет во глава за друг пат :!:
Аватар на корисникот
srcekrsacka

Жолто цветче
 
4532777
Мислења: 1604
Зачленет: 26 Ное 2010, 18:13

Врати се на Љубовни проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter