виновна или не Хмм...и мораше цела тема да отвориш??? И зашто ти да се осеќаш крива,некако не ми е јасно
виновна или не значи сите дознаа дека сме заедно и работата е во тоа што јас бев единствена девојка во фирмата и речиси сите ми се пуштаа.кога дознаа дека тој е со мене почнаа моабети а веќе кажав дека е женет па така да моабетите не беа пријатни што е разбирливо.до дир. Стигна тој моабет и иако јас веќе дадов отказ реши да го отпушти со изговор дека за време на работа тој бил со мене,а нема никаков доказ за тоа.и сега јас имам нова работа а тој не.нема со што да го издржува семејството.му го уништив животот
виновна или не Чекај малку имаш 18 години а работиш во фирма,ФИРМА,и се гледаш со женет човек... ништо не сваќам
виновна или не да така некако.коментирав на друга тема и таму пишав како испадна тоа со него.кратко ми беше колега и ми се пушташе како и другите ама тој беше поинаков.и да женет е ама се разведува но по последново случување и тоа стагнира бидејќи е без пари.јас имав проблем со еден колега и тој реагираше.тогаш им паднавме во очи на сите...
Од моето досегашно работно искуство во повеќе фирми можам да кажам дека сум сведок на многу афери на работно место меѓутоа никој не добил отказ единствено поради тоа. Некако ми е ту мач само тоа да е причината за отказот мислам на делот со оговарањето, освен ако не избил скандал во смисол сочно фаќање на дело ин а мидл во чинот - што тврдиш дека нема и ок ти верувам, останатото е за ни лук јал, ни лук мирисал, значи сите се прават наудрени и преќутно се преминува преку тоа. Сега може јас не познавам компанија со толку високи етички начела како таа кај што си работела ти. Во однос на човеков сам си е виновен, врз негов грб е грижата за неговото семејство кое постоело пред и ќе постои и после тебе, така да не би да ти судам во тој поглед, ама да си создаваш слика дека си му го уништила животот, би ти рекла само не претерувај. Ничиј живот не е уништен поради отказ посебно во вакви турбулентни работни услови кои владеат денес, баш денес се смеевме на работа како фамозното решение на неопределено пред кого се поклонуваат припадниците на постарите генерации за нас е мачја кашлица, бидејќи не ја разбираме зацементираноста на работното место како трајна состојба.Колку и да звучи сурово јас сметам дека си е негов проблем, ако ти сметаш дека е и твој помагај го финансиски што друго да ти предложам.
Е па да крива си.Заради тебе си ја изгубил човекот работата па најмалце што можеш да направиш сега пошто ти си имаш нова работа да го издржуваш и него и неговоте семејство
Имаме реприза на уште една турска серија од тебе на форумов ако не се лажам. Девојче дај откачи се жити се од форумов