1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со разведен/а

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од pocetna, 28 октомври 2010.

?

Дали да стапам во врска со разведен?

  1. Да

    145 глас(а)
    46,3%
  2. Не

    168 глас(а)
    53,7%
  1. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    се регистрирав само за да го слуснам васето мислење околу оваа тема :)
    тој е разведен а јас девојка(инаку тој е 29години).се гледаме, и со него се цувствувам исполнета и срекна,исто и тој.сака да продолзиме заедно и остава јас да одлуцам.има 3 деца кои за мене воопсто не се проблем.сакам да го слуснам васето мислење,мозеби некој имал вакво искуство
    фала поздрав :)
     
  2. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Еве јас ќе ти го кажам моето мислење. Љубов како љубов, да, нема да негирам дека е можна. Ама нема поента.....батали сето тоа уште на самиот почеток. Врска нема тоа. Ќе ти кажам меѓу останатото и зошто...ќе биде моите твоите нашите деца...понатака кога заедно би создавале дом и капитал нема да ти е сеедно верувај ми.....
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Според мене нема врска тоа што е разведен доколку се сакате зошто да не ? Околу децата ако ги прифаќаш не би требало да има проблем,а тоа мои твои се случува понекогаш но не во сите случаи.Братучетка ми е разведена и има дете и пред 3 години се омажи за еден човек и сега имаат уште едно дете,многу се сакаат и немаат никаков проблем (фала богу) .Зависи до личноста.
    Поззз :*
     
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство велам НЕ.Со разведен човек утепав 6години за на крај да сватам дека тој нема намера да оформува повторно семејтво.Као да си ја постигнал целта си има дете видел како е во брак и така.Можеби несакал со мене да оформува семејство можеби му е рано за повторен брак незнам ама сепак велам повторно јас не би била со разведен човек.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Да немало деца е полесно, а вака има 3 деца.
    Уште 2 му фалат со тебе и 5 деца да чуваш и да издржуваш, ти домаќинка дома, а другата жена која секогаш ќе биде во вашите животи да знаеш. Бивша жена со 3 деца не е исто ко обична бивша девојка. Плус неговата фамилија не знам како ќе те прифати покрај едно неубаво искуство.
    Имаш само 20 години, убаво размисли си, не размислувај само површно и не ја гледај само љубовта, има и други побитни работи ако планираш сериозна врска.
    Треба да бидеш уште одма мајка на 3 деца, да посакуваш и да раѓаш уште деца на 10 години постар разведен маж кој можеби и не ни сака со тебе брак, туку одлично му го пополнуваш слободното време.
     
    На rose60 и amberr им се допаѓа ова.
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Биди спремна да се соочиш со многу предизвици ! Храбар потег е ако на ова кажеш да. Си се решила да одиш по трнив пат на кој болни пречки ќе ти бидат пред се општеството и најблиските. Јасно е дека луѓето се скептични кон ваквите врски. Ако љубовта е доволно силна да ти ги убажи раните на кои сол ќе фрла неговата бифша само напред. Да разговараме отворено, бракот имал крај ..никако среќен крај , тоа со себе си носи одредена доза горчина и лутина, насобран бес кој сега кон тебе ќе биде насочен. Контролирањето на децата е опасна работа , мајка му е и може да ги натера да размислуваат како што ќе посака, голем удел има , многу работи се во нејзини раце. Што се со нив, како тие те прифаќаат?! Можеби ќе наидеш на одбивност, неприфаќање.Какви се неговите намери со тебе , дали можеби ужива во репризата на ергенскиот живот или пак сериозно е спремен повторно да заплива во брачните води. Која е причината за нивниот развод , тој таа , тоа многу зборува за вас , повеќе од колку што можеш да замислиш.Три деца се голема одговорност , бараат сериозна посветеност и длабок џеб , не верувам дека е планира да си го прошири семејството, доволно се. Што е со тоа прашање , дали ти си спремна , да станеш мајка на деца кои излегле од нечија утроба , не се твоја крв, дали навистина сакаш да прескокнеш цел ред благодети на мајчинството ?!
    Сепак ти си знаеш најдобро ;)
     
  7. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Девојки, се согласувам со Вашите мислења, ама уште една работа не ми е јасна...Децата си се на тој човек и на другата жена. Значи нашава пријателка може само да ги прифати. Тие неа никогаш, а со оглед дека се па и мнозинство......уф уф уф....секогаш сопки и кочничари ќе бидат. Никако и да бидат нејзини бидејќи прво се знае чиви се, а второ не верувам дека мајка им би ги дала на мажот. Дефинитино не. Исто и Вие убаво посочивте, КУП стари нешта...куферот на минатото да го носи на грбот, да го пробива мразот со човек на кој се ќе му биде реприза по 4-ти и секој следен пат...да сонува за љубов,мир, слога...што знам јас...не верувам....а дури на крајот, после се ( да не бидам морбидна до коска сега...) кога ќе биде бабичка ќе си рече дека имало милион други опции.....Гледај си го животот девојко...батали го типот со се децата....И јас од искуство ти кажувам, не трескам туку-така.....
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Немој да се запустуваш многу си млада,послушај ги нашите совети ке имаш во иднина многу проблеми сега си во занес и ти се чини се убаво и нормално си спремна се да прифатиш,а подоцна ке се каеш.Го делам мислењето со останатите феминки-пријателки затоа да не се повторувам.Ти посакувам срека.Поздравче :!: :!:
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И што ќе биде за неколку години, кога ти ќе сакаш деца, а тој не, затоа што има веќе 3 комада за издржување???!!!
    Ма батали го, тој ако е човек на место, немало да се разведе и да остави 3 деца што се вика на улица!
    Малда си, не запустувај го животов, зашто еден имаш, а не 9!
     
    На Schmetterling01 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    :^)
    Во која смисла не се проблем?
    Во смисла да ги гледаш еднаш неделно, за време на викенд или во смисла секојдневно да се грижиш за нив?
    Секоја чест ако се нафаќаш на 20 години да преземеш таква ОГРОМНА обрвска.
    Ама мислам дека овој коментар повеќе ти е од моменталната заслепеност од човекот.
    Немам што да додадам, се согласувам со девојките погоре.
    Човекот може е фин, ама според мене ти си премногу млада и не вреди сета оваа мака. А и без навреда , мислам дека се' уште не си во можност правилно да расудиш. Цела една деценија е постар од тебе, со 3 деца, а ти што се вика не си ни полнолетна (по амерички закони :D ).
    НЕ. :^)
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Иако сум разведена, мајка на едно дете и во врска со дечко кој немал претходно фамилија ќе дадам коментар на твојов проблем. Никогаш на 20 години не би била во врска со човек кој бил женет, а на сето тоа татко на 3 деца. Еј три деца. Тоа воопшто не е мала работа. Ти си премногу млада за да можеш на себе да носиш толкав товар. Не зборам за твоите дома, за другарките и комшиите, зборувам за тебе самата. не ми е јасно само кога успеа да ги направи сите три и да ги остави. Е тоа ама ич не ми е јасно, а има само 29 год. Мој совет уживај во младоста со дечко којшто ти одговара. Овој веќе е изживеан :(
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Не видов дека има 20 години мислев има повише :o
     
  13. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    најпрво ви благодарам на советите :* и да дообјаснам некои работи кои не сум ги спомнала.многу имам размислувано и знам дека е преголем товар а и преголема одговорност кон децата,кои зивеат со него а не со мајка им.иако сум свесна дека ке наидам на одбивност и кај опстеството и кај моето семејство ,сметам дека секој проблем е реслив кога до себе имас цовек кој те цени пред се и те подрзува целосно
     
  14. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Иако гледам дека имаш сила и храброст да се бориш за тој човек, сметам дека ќе направиш преголема грешка. Многу си млада за да го поклониш својот живот на некој со толкава "хипотека" во неговиот живот која што ти ќе ја отплаќаш. И ако наидеш на отпор од твоите родители, тоа е затоа што навистина те сакаат. Имам ќерка, и ако е во истата ситуација и јас нема да се сложам со неа. Ти можеш да бираш, а тој нормално е да е супер со тебе зашто тешко ќе најде девојка која ќе го прифати. Немој да ме сфатиш погрешно, и јас сум омажена за разведен човек, но тој нема деца од првиот брак. Значи нема никаква врска со бившата жена. А кај вас ќе биде друга ситуација, таа цел живот ќе биде присутна во вашите животи. Немој да мислиш дека е лесно, сега си заљубена и ништо не ти смета. Но дали си спремна да готвиш за 6-7 души, да переш, да пеглаш, да се откажеш од себе си, зашто тоа е преголема жртва. Ова најдобронамерно. :*
     
  15. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Девојче ти и покрај сите совети очигледно си решила.Само не знам како бре не си ја цените младоста?
    Животот е пред тебе и да си стекнеш образование и да си најдеш слободен дечко и да се потрудиш колку толку да ти биде убаво,ама ти си се запнала така па така.Тој сега има три деца,ќе дојдат и ваши заеднички,вие ќе бидете 7-8 члено семејство за кое ти дење и ноќе да работиш и спремаш нема да биде доволно...А имаш само 20 години и да се оддадеш на тоа уште сега е стварно штета.Ама,како што кажав ти веќе си решила,па секој совет од тука ,колку и да е добронамерен,сигурно нема да ги смени твоите планови.

    Ти посакувам многу среќа,и дај Боже твојата жртва да ти се исплати еден ден
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    секако дека многу ми знацат советите.навистина многу имам размислувано и свесна сум дека од мозен мирен ке одберам комплициран зивот.и тоа дека ке немам време за себе и дека ке морам да готвам,перам и пеглам-така е, но нисто не е теско ако се сака нели? :)
     
  17. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Ох, мнооогу е тешко мила моја. Јас се грижам за 4 члено семејство, па ми е тешко. Верувај ми. Никој не заслужува да бидеш толкава жртва. А што ти ќе добиеш за возврат? Ќе речеш љубов. Е за љубов тогаш воопшто ќе немаш време...
     
  18. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    имас право :) секогас сум спремна да се зртвувам за лугето сто ми знацат :)
     
  19. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    И сега ти што извлече од горенаведените совети?Очигледно ти си имаш став,твој,цврст,и не си ни имала потреба од советите како такви.Добро бе девојче,жртвувај се,сто пати кажа,штом толку сакаш,можеш уште утре да почнеш со твојата жртва,никој од овде нема да се буни јас мислам.
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Сепак размисли уште еднаш девојко,додека не е касно