1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспивање кај дечкото/девојката дома

Дискусија во 'Врски' започната од SuperGirl24, 11 април 2013.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Преспивам понекогаш и тоа договорени од предтоа, зашто ни е убаво гушкање цела ноќ и заедничко спремање за работа, дури и многу не зближува :)
    Инаку живее со татко му, ама си има свој дел, па татко му нема ни појма дали сум преспала или не, кога би била полна куќа и недоволно простор да морам да се тркам за вц или да мора да ги среќавам насабајле, не знам дали би останувала од причина што не сум тип што многу се спријателува со потенцијални свекор и свекрва :)
     
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    30.793
    Пол:
    Женски
    Не, никогаш немам преспиено кај дечко ми. Иако јас сум 19, а тој 20, сметам дека не е убаво така. Има време кога да преспивам кај него. Се во свое време :)
     
  3. octoberrr

    octoberrr Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Скоро секој ден сум кај него дома, ама никогаш не сум преспала.
     
  4. davidof

    davidof Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    Немам преспано кај него, не сакам, незгодно ми е од неговите.
    А ни тој кај мене, може само кога ќе си заминам следната годината во стан сама, студентски живот. :D
     
  5. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Сеуште немам преспиено кај него ..ниту тој кај мене..
    Ке си дојде и тоа .. :)
     
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Никако,
    Може нема да ви биде тој утре маж, замислете како ќе ви биде кога ќе ги видите неговите а ти со дете од друг, со маж. а со нив насабјле сте пиеле кафе навечер ти подавале кебе за да спиеш.
    јас никогаш не преспав кај мојот поранешен во 5-6 годишна врска и подобро бидејки врската заврши трагично.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Баш така, ама луѓето денес не се замараат и не се срамат. Баба ми еднаш на жена која беше во врска со наш роднина долго, ама не се земаа ја сретнала на улица со дете и маж и така радосна и кажала “Кај си мила на тетка“. Се поздравила и направила муабет затоа што доаѓала многу пати кај нас. После ние ја каравме баба ми кога ни раскажа, може ќе и направи проблеми, ама биднало веќе.
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    И што има да се срами некоја девојка ако имала долга врска, дечко и одела од време на време кај него? Тоа е животот, биле заедно, не им одело, раскинале, си нашла друг, си се омажила и крај. Што има тука лошо? Дека одела кај дечкото дома? Не споредувајте со тоа како било порано. Тогаш не оделе по пет години. Два месеца и свадба. Секс на прва брачна ноќ, евентуално една ноќ пред свадба и толку било. Девојките не знаеле ни името на идната свекрва како и' е, а не пак каква личност е.

    Не знам вие како го сфаќате тоа ама јас сметам дека не само што е потребно да отидеш кај дечкото туку е и задолжително да го запознаеш семејството на човекот со кој ја планираш иднината. Ти "утре" ќе се мажиш со него, да, ама тој не е сам на светов. А да не зборам па колку проблеми може да излезат од тоа што пред брак се однесуваат како странци баш заради тоа што ќе кажат комшиите или пак се вадат на карта не сакам блискост и одвај едно здраво имаат, а во брак се чудат од каде сега излезе свекрвава ваква. И обратно, дечкото треба да го запознае семејството на девојката, барем јас сметам дека така е нормално. Во денешно време врските траат дури и цела деценија, нормален родител ќе сака да го запознае и да знае со кого е во врска неговото дете толку време.

    И така веќе отидов оф топик па уште нешто да си прашам што најмногу ме чуди кај ваквите врски. Добро бе, каде имаат секс? Дома кај дечкото/девојката не одат, по хотели не верувам дека секој би имал пари да плаќа пет пати во неделата... Зарем во коли по паркинзи цело време како швалери се кријат? По ливади, шуми одат во сред зима? Мислам, чудно вака може на ова што помислувам одма ама најсериозно одма на ова ми текнува кога некој ќе рече дека оди кај дечкото еднаш во три месеци, а се во долга врска. :^) А сум го слушнала многу пати. Не дека јас одам кај дечко ми само за секс, ама се знае приватност и интимност каде најмногу можеш да имаш. Или кај тебе дома или кај дечко ти. Не знам...

    И, да си одговорам на темава. Не, не сум преспала до сега кај дечко ми и не верувам дека би преспала се додека не се официјализираме. Едноставно не сакам. Ќе седиме што ќе седиме ама на крајот од вечерта сакам во своето креветче да си легнам, сабајле кога ќе станам сакам во моето вц да си влезам. Да сакам да преспијам неговите нема ни да ме приметат, нема ни да се сретнам сабајлето зашто дечко ми си е во посебен дел од куќата со посебно вц, ама сепак ми е непријатно само патиките што можеби ќе ми ги видат пред врата. Реално тие луѓе мене се' уште не ми се ништо. Јас и онака не сакам никаде да преспивам на друго место. Имам проблем со спиењето ако не сум во мојот кревет, на мојата постелнина, на мојата перница. Кога одам некаде жива ненаспана останувам, дури и кај баба ми тоа ми се има случувано. Тие што имаат врска на далечина оправдувам. Нормално дека кога оди во градот кај дечкото дека ќе си преспие кај него. Нема тука ништо лошо. Ама оние врски кои се ако ништо друго барем во ист град, некако ми е несфатливо. Скопје од еден до друг крај на градот си за 20 минути најмногу со превозно средство, а не па во помаливе градови. Ама кој, како си сака, не осудувам.
     
    На Lolo5 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Jas lichno imam prespivano i ne gledam nishto losho vo toa ako i dvete lichnosti se vozrasni i polnoletni. Izvinete za latinicata od mob sum.
     
  10. cheeky.cow-12

    cheeky.cow-12 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    22
    Немам преспиено и мислам дека не би преспала,дома ми е дома. А и мал ни е градот па сме многу блиску па колку и да е касно ме носи. Сепак јас сум мала и се знае кај ми е местото да си спијам. :) Ауу па мајка ми и татко ми би полуделе да ме нема навечер дома :D
     
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам темава е преспивање а не одење кај дечкото, за одење немам ништо против седи и до 00 часот наместо да излезеш во град но зборуваме тука за преспивање, да облечеш пижами да измиеш заби сабајле да отидеш во негово вц во станот каде што живеат неговите родители да појадуваш со нив - ете тоа сум против. Да се знае на кој каде му е место. И сигурно на неговите родители па и брат или сестра ако има ке им биде непријатно ке се стегаат тоа е сигурно колку и да сте блиски секако како гостин сте им во куќата.
    А за запознавање на твоите со него и обратно си псотојат семејни ручеци излезете негде потполно се согласувам за тоа убаво да ги запознаеш не после незнаев ова незнаев она.
    Блискоста со неговата мајка и баба во мојата пораншна врска беа пресудни за моето ракинување. Убаво ќе ги запознаеш ке си видиш од еднаш не си ги покажуваат вистинските лица.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Моја грешка. Кога цитирав требаше твоето мислење да го избришам зашто не ти реплицирав тебе. Sorry. Со твоето се согласувам целосно. :)

    Кај Tanjamm беше спорно она дека треба да се срамат. Не мислам така и затоа ја цитирав со свое мислење.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    И што има да се срами некоја девојка ако имала долга врска, дечко и одела од време на време кај него? Тоа е животот, биле заедно, не им одело, раскинале, си нашла друг, си се омажила и крај. Што има тука лошо? Дека одела кај дечкото дома? Не споредувајте со тоа како било порано. Тогаш не оделе по пет години. Два месеца и свадба. Секс на прва брачна ноќ, евентуално една ноќ пред свадба и толку било. Девојките не знаеле ни името на идната свекрва како и' е, а не пак каква личност е.

    Не знам вие како го сфаќате тоа ама јас сметам дека не само што е потребно да отидеш кај дечкото туку е и задолжително да го запознаеш семејството на човекот со кој ја планираш иднината. Ти "утре" ќе се мажиш со него, да, ама тој не е сам на светов. А да не зборам па колку проблеми може да излезат од тоа што пред брак се однесуваат како странци баш заради тоа што ќе кажат комшиите или пак се вадат на карта не сакам блискост и одвај едно здраво имаат, а во брак се чудат од каде сега излезе свекрвава ваква. И обратно, дечкото треба да го запознае семејството на девојката, барем јас сметам дека така е нормално. Во денешно време врските траат дури и цела деценија, нормален родител ќе сака да го запознае и да знае со кого е во врска неговото дете толку време.

    И така веќе отидов оф топик па уште нешто да си прашам што најмногу ме чуди кај ваквите врски. Добро бе, каде имаат секс? Дома кај дечкото/девојката не одат, по хотели не верувам дека секој би имал пари да плаќа пет пати во неделата... Зарем во коли по паркинзи цело време како швалери се кријат? По ливади, шуми одат во сред зима? Мислам, чудно вака може на ова што помислувам одма ама најсериозно одма на ова ми текнува кога некој ќе рече дека оди кај дечкото еднаш во три месеци, а се во долга врска. :^) А сум го слушнала многу пати. Не дека јас одам кај дечко ми само за секс, ама се знае приватност и интимност каде најмногу можеш да имаш. Или кај тебе дома или кај дечко ти. Не знам...

    И, да си одговорам на темава. Не, не сум преспала до сега кај дечко ми и не верувам дека би преспала се додека не се официјализираме. Едноставно не сакам. Ќе седиме што ќе седиме ама на крајот од вечерта сакам во своето креветче да си легнам, сабајле кога ќе станам сакам во моето вц да си влезам. Да сакам да преспијам неговите нема ни да ме приметат, нема ни да се сретнам сабајлето зашто дечко ми си е во посебен дел од куќата со посебно вц, ама сепак ми е непријатно само патиките што можеби ќе ми ги видат пред врата. Реално тие луѓе мене се' уште не ми се ништо. Јас и онака не сакам никаде да преспивам на друго место. Имам проблем со спиењето ако не сум во мојот кревет, на мојата постелнина, на мојата перница. Кога одам некаде жива ненаспана останувам, дури и кај баба ми тоа ми се има случувано. Тие што имаат врска на далечина оправдувам. Нормално дека кога оди во градот кај дечкото дека ќе си преспие кај него. Нема тука ништо лошо. Ама оние врски кои се ако ништо друго барем во ист град, некако ми е несфатливо. Скопје од еден до друг крај на градот си за 20 минути најмногу со превозно средство, а не па во помаливе градови. Ама кој, како си сака, не осудувам.
    [/quote]

    Јас како што знам темава е преспивање а не одење кај дечкото, за одење немам ништо против седи и до 00 часот наместо да излезеш во град но зборуваме тука за преспивање, да облечеш пижами да измиеш заби сабајле да отидеш во негово вц во станот каде што живеат неговите родители да појадуваш со нив - ете тоа сум против. Да се знае на кој каде му е место. И сигурно на неговите родители па и брат или сестра ако има ке им биде непријатно ке се стегаат тоа е сигурно колку и да сте блиски секако како гостин сте им во куќата.
    А за запознавање на твоите со него и обратно си псотојат семејни ручеци излезете негде потполно се согласувам за тоа убаво да ги запознаеш не после незнаев ова незнаев она.
    Блискоста со неговата мајка и баба во мојата пораншна врска беа пресудни за моето ракинување. Убаво ќе ги запознаеш ке си видиш од еднаш не си ги покажуваат вистинските лица.[/quote]

    Моја грешка. Кога цитирав требаше твоето мислење да го избришам зашто не ти реплицирав тебе. Sorry. Со твоето се согласувам целосно. :)

    Кај Tanjamm беше спорно она дека треба да се срамат. Не мислам така и затоа ја цитирав со свое мислење.[/quote]

    Сакав да кажам дека баба ми се изглупирала шо така емотивно изреагирала затоа што можеби ќе и направела проблем. Сепак жената се омажила со друг, има дете и што ако типоте љубоморен. Не за одење повремено, ова беше девојка на која наш роднина од странство и купуваше гардероба, ја водеше сегде, седеше кај него, на крај остана трудна, па абортираше и раскинаа.

    Ајде кај еден, двајца да се оди и преспива,ама во денешно време се има. Преспиваат кај ќе стигнат, без разлика дали е долга врска. Познавам една таква, абе со години кај еден како дома си седеше и го користеше, па после кај друг, па кај трет живееше. Тоа си е нивни живот, ама јас така не би се опуштала чисто заради себе затоа што неќам да слушам муабети “се потроши за неа, екскурзии и плаќаше, за на фкултет пари и даваше, облека и пак го остави„. Свеста не би ми дозволила такво нешто.
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам и целосно се согласувам со ова што си го напишала. Ама од претходниот пост јас те сфатив дека ти си општо против било какво одење дома кај дечко/девојка. Дури и она нормално поседување од саат, два дека не го оправдуваш, а тие што го практикуваат треба да се срамат.

    Еве заради оваа реченица сфатив дека девојката само доаѓала кај вас, а не и дека преспивала и слично. Па мислев дека ти ни ова не го оправдуваш.

    Истото го кажуваме само погрешно сум те разбрала. :)
     
  15. MadeToLove

    MadeToLove Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Јас со дечко ми сум година и 7 месеци заедно, само еднаш спиев кај него и тоа на Нова Година, дека кај него славевме, а другите со кои бевме си отидеа, само јас останав. Секако дека тоа не е цела ноќ, ама ете Н.Г беше и останав, но сто пати му реков да си одам, некако непријатно се осеќав. Што знам, јас не сум за спиење, барем не на моите 20 години, иако тој сака. Не би се осеќала убаво да преспијам кај него, би ми било срам и од неговите и од моите, ма да знам дека не би ми дозволиле да спијам кај него.
     
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Заедно сме доволно време и затоа си преспивам кај него кога е тука кога не е во странство си седам кај него....
    Подобро сега кај него да седам да видеме како функционираме заедно , како може да живееме заедно а не да се гледаме секој ден по 1 саат да се земеме и оп ајде развод бидејки неможеме да функционираме...
    Модерно време е сега нема срам на тоа сите го прават ова...
     
  17. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    462
    Господе боже, што ли прочитав...
    А зошто поточно неможат да излезат со крената клава мајка и и татко и? Оти преспивала кај дечкото и раскинале? Леле страшна работа, каква срамота... :worried:hock: Зборувале од маалото? Ај на телевизија нека ги покажат, шо викаш а? Спонзор треба да им бидеш. Колку ограничени луѓе постојат, бреј.
    Ние често преспиваме еден кај друг, и океј си сме со тоа бидејќи сме на далечина.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Веќе 2 години одиме, никогаш немам преспиено кај него, ниту тој кај мене, а и нема во иднина. Можеби ќе изгледам застарено или кој знае што, но сепак мене би ми било срам и незгодно од татко ми, а и тој никогаш не би го дозволил тоа. И да, точно е дека во помалите места постојат многу озборувања, колку и да го успоруваме тоа, едноставно некои работи од турско се останати. Нема да дискутирам дали тоа е добро или не, но сепак така е.
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ма нема везе, тоа им останало од турско ропство или можеби од турскиве серии што ги гледаат. Неможеле да излезат со крената глава бре бре, а што треба да се фалат со невиноста на ќерката? Какви комшии па, што ги боли нив што прават другите, не си гледаат пред себе па затоа. Закоравено општество, многу ме интересира каде живееш каде сеуште го има овој менталитет затоа што сум сигурна дека останал уште на некои места надвор од цивилизација.
    Од сеа сите што преспивате едни кај други обавезно да си купите уште еден кревет за дечкото/девојката оти не е убаво во ист кревет да спиете или собата поделете ја. Правете што ќе правите, сексови ова она после тоа секој на посебен кревет, да не ве видат неговите или нејзините какви гревови правите.
     
    На Lolo5 и Hipster им се допаѓа ова.
  20. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Ете за ова целосно се сложувам. Иако многу пати ми има речено дека мајка му не е таква да замери или да зборува ако останам, дека немало да и пречи, ма што сака нека ми рече мене ми е непријатно да останам цела вечер. Освен тоа што ќе им кажам на моите, нема да спијам дома, ќе одам кај дечкото :^). Непристојно ми е. А за обично одење дома, ама баш ми е гајле ако зборувале комшиите кога јас сум отишла таму или тој дошол кај мене. Нека зборуваат ако немаат друга работа. Не ни помислувам да се стегам да седам по клупи надвор само леле да не ме виделе другите, да не ме зборуваат...
    И не го сметам како недостаток тоа што не преспиваме еден кај друг. Си има свои убавини периодот додека сме само во врска. Ќе дојде време кога ќе бидеме во брак, тоа трае цел живот после, нема зошто толку да се брза. :)
     
    На viki-dete му/ѝ се допаѓа ова.