1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Е добро де на почеток се било супер, но кога дошло за делба тогаш како и секаде излегле проблемите. Свекрва немала на почеток, но подоцна стариот се преженил и тогаш дошла новата свекрва.
    Мене па ми се ок постовове ако и се погледнат временските периоди кога се пишувани.
    Можеби набрзина морале да се отселат, па затоа пишува дека нема ни покуќнина нит друго.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Mozebi sum premnogu skepticna,ama nekolku raboti me navedoa na toa deka tuka nekoj ne matka.Kako prvo,koj na forumov ima nick so imeto i prezimeto(ako ne se i tie fake),vtoro,stilot na pisuvanje,dijalektot i pravopisnite greski na 2-3 profila se premnogu slicni,da ne recam identicni.Treto,aktivni se samo vo kateg.brak i toa vo edni isti temi pretezno. KRAJ PRICE! :swear: :fubar:
     
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Очигледно се доволно незрели и доволно им е далечна темата БРАК за да најдат занимација зафркавајќи се на истата. Што е толку интересно да измислуваш проблеми со свекрви, девери, јатрви итн итн не ми е јасно. :D Пре можам да ги разберам оние што измислуваат проблеми со дечковци, барем виртуелно нешто им се случува ако во животот не. :D
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Како немала:

    Абе дефинитивно некаде попат ги измешала солта и биберот ама каде?
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    :D :D ете така бидејки си заминала и сега нема свекрва :lol: и тоа како сд вклопува :D
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Виножиткеее! Стани да метеш невестооооо! :D
     
    На nena2010, Nausicaa, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Срамота е ова што се случува, на две гуски им било досадно па си отвориле акаунт за да се мајтапат со девојки кои искрено сочувствуваат и сакаат да и помогнат на кутрата `Александра` која била силувана од дечкото и сега не знае што да прави, дури се разговараше случајот да се пријави во полиција па изгледа кога муабетот тргна во тој правец, дебилките се подисплашија па пишаа џаст кидинг, ни беше досадно :wasntme: .
    Тука истата песна, ќе се пишуваат страници и страници со совети и поддршка за измислени проблеми а некој пациенти од другата страна на мониторот ќе се клештат и ќе им биле убаво што одлично истролале... Која е сатисфакцијата во тоа да знаеш дека си успеал во планот да прелажеш (анонимни) девојки кои пред се сакаат да ти помогнат?
     
    На WORRIED.BT, duffi, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Одиме понатаму.....
    Кој има вистински проблем,ама вистински,нека ја сподели маката...
    Овие „глумиците“ и понатаму ќе си тролаат,ама на нивен врат гревот оди....
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Девојки итно ми е потребна помош па морав да се логирам иако никогаш не го сакав тоа.
    Мојот сопруг постојано ја слуша мајка си во врска со се. Ако таа му рече така ќе биде така и ќе биде . Никој несмее да пререче.Мојот проблем е во тоа што сопругот ги исплаќа сите сметки што ги имаме а за нас од неговата плата не останува ниту денар. Уште неземена неговата плата мајка му му ја сместува каде треба да се даде до денар. А платата на свекрва ми и свекор ми незнаеме каде се троши . Завчера сопругот даде пари за да се платат сметки за кој израчуна точно колку треба и да остане кусур од нив. Утрово свекрва ми бара уште пари од мажот ми да плати сметка за која не и стасале парите , а всушност имаше доволно и за таа сметка дури и кусур да и остане. Притоа мажот ми и даде уште пари кој незнам каде завршиа ама за таа сметка сигурно не биле. Го скративме малиот од пасош за свекрвата ми да има пари за се. И утрово гледам во сметките дека вчера била платена таа сметка за која таа денес бара пари. Му кажав прво на маж ми за да не излезе дека и буричкам во чанта и тој ми рече да и кажам тие пари да ги чува за пасош а таа ми вели ги платив сметките. Како да се справам со ова јас ? Постојано е вака. ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Ти биди му сметководител на маж ти. Што сте договорени да плаќате во таа заедница, ќе платиш. Сметките кои ги плаќате ти и сопругот, фино лепо, ќе ја земеш сметката, и ќе ја платиш ти лично. Таа рече дајте толку за сметки, ти рипнеш како помала, не мајко/кроки, зошто ти ќе се малтретираш, ќе стоиш на нога ќе чекаш по редови, дај тука сметките, јас ќе тркнам ќе ги платам, и кога ќе си дојдам ќе ти сварам кафе :wasntme:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Во суштина нашиот проблем е овде , сопругот изгледа сеуште не сватил дека има сопруга и дека тоа треба да го правам јас . Јас немам никаква припадност со парите со оглед на тоа што сум невработена.
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Епа мораш да најдеш начин за сопругот твој да сфати дека не е само мама во неговиот живот.
     
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    ^^Тогаш ти немаш проблем со свекрвати,туку со мажот ти!
     
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Не само твојот, туку на поголемиот дел од членките што пишале на оваа тема. Се додека мажот се држи за сукњата на мама, твојата позиција во семејството ќе биде подредена. Ако гледаш дека нема начин, него да го обработиш, обработи ја неа. Имелда ти даде убав совет, биди поитра.
    Колку што разбрав, сметките вие ги плаќате, а фрижидерот кој го полни? И зошто сте прифатиле да ги плаќате сметките, кога и свекорот и свекрвата имаат плата?
    Не значи дека ако ти си невработена, дека немаш никаков удел во тоа семејство и дека тебе не треба никој да те консултира за ништо. Искрено, подобро под кирија да излезеш, барем знаеш си го плаќаш духовниот мир, отколку да ги имаш на грб старите, ем плаќаш, ем се нервираш.Луѓето живеат во заедница да си ги скратат трошковите, но не и да плаќаат дупли сметки.
     
    На gjoker4e, dimitrijce, vichy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не верувам имелда дека може да ја надитри, стари коки се тие, штом синчето си го истренирала по свое, не ја надитрува неа некое младо наивно :D А и ако се почне така да се игра, да видиме кој е попаметен, ништо нема да се реши долгорочно. Една битка ќе добиеш, друга ќе изгубиш и до крај така.
    Претпоставувам мала е платата штом оди за сметки само, јадење тие купуваат? Ако е така, додека не се вработиш така ќе биде. Не велам дека како невработена не треба глас да ти се чуе, ама кога се мали примањата и морате да се помагате, зависите едни од други за сметки и јадење, и да пуштиш глас што ќе кажеш? Си го сакам остатокот назад? Кој остаток? Може само да ти речат биди среќна што имаш за јадење. Ако пак сами си купувате јадење е веќе друго, можете сами и нема потреба од нивно мешање. Во овој случај треба да застанеш цврсто.
    А дека треба да поработиш на сопругот, треба. Зошто воопшто си го испуштила од раце?
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    какви раце испуштање итн?па она никогаш ни го немала во раце :tmi: а дека свеки ќе ја надмудри малку потешко тоа ;) има свекрви кои се родени команданти/фрик контролори итн како оваа/мојата и на 90тина%од македонскиве снаи така да со нив не се бие битка,а синчињата се профи мамини синови.јас сметам дека нит маж/нит свеки ќе смениш сум била невработена во иста позиција ко твојава до пред 3месеци и прво што направив се вработив да бидам своја на своето.давам пари од платат за тоа мм што бара а он со нив си средува иако за се се контролира што/како/за кого е купено,кога сум излегла на кафе-муабет со другарка и зошто сум излегла нелаи во брак сум и син и треба да ми е центар на мојот свет ама откако сум малку понезависна баш од едно уво влага од друго излага.мој совет ти е најди си извор на финансии сопствен за да си тераш вода на своја воденица а дека ќе го менуваш маж/свеки џабе губено време. :P
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Zelenooo, извини ама ако во 90% од случаите застанувам на страната на снаите (пошто и јас своевремено си имав проблеми со свекрвата т.е. со најблиските роднините на мм и сега не е се' идеално ама после шест години брак можам да кажам дека значително ни е подобрен односот) во случајов ќе се застанам на страната на свекрва ти.

    Зошто?
    И јас сум како тебе невработена и никогаш, повторувам никогаш не сум прашала каде оди денар од делот од платата на мм кој тој го одвојува за свекор ми и свекрва ми. Знам колку им дава и за што се наменети тие пари, едноставно договорени сме (всушност се со мм) колку треба да им даде за сметки и дел за храна (другиот дел ние го купуваме). Среќа за што јас иако моментално не сум вработена имам извор на приходи, не којзнае како ама околу 100тина евра кои ми се доволни за мои трошоци и за детето. Колку да не му барам на сопругот за кафе, облека, фризер, итн. Од останатиот дел на мм пазаруваме плус нешто ако сакаме од она што го купуваме заеднички со неговите родители, одвојуваме нешто настрана, нешто за непланирани трошоци. Извини ама ти не допринесуваш финансиски во твојата фамилија, со самото тоа немаш право да бараш отчет од некој што те издржува, а ако веќе сакаш да учествуваш во одлучувањето околу финансиите, побарај работа, допринеси и ти на некој начин, па тогаш барај отчет каде оди секој денар, за што се троши. Верувај ќе бидеш и поценета од сопругот, а и ти ќе бидеш посреќна затоа што ќе си имаш свои пари.

    Можеби ќе кажеш или некој друг член ќе каже, каде оваа невработена се најде да дели совети, ама таква ми е ситуацијата што моментално имам друг приоритет, а и не сум во ситуација да сум приморана да работам било што само за да дојдам до некој денар, ако немав свои извор на приходи можеби и би нашала некоја работа (која не би ми била по кеиф, ама би ја работела додека да се снајдам за она за кое сум квалификувана).
     
  18. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Zelenooo, извини ама ако во 90% од случаите застанувам на страната на снаите (пошто и јас своевремено си имав проблеми со свекрвата т.е. со најблиските роднините на мм и сега не е се' идеално ама после шест години брак можам да кажам дека значително ни е подобрен односот) во случајов ќе се застанам на страната на свекрва ти.

    Зошто?
    И јас сум како тебе невработена и никогаш, повторувам никогаш не сум прашала каде оди денар од делот од платата на мм кој тој го одвојува за свекор ми и свекрва ми. Знам колку им дава и за што се наменети тие пари, едноставно договорени сме (всушност се со мм) колку треба да им даде за сметки и дел за храна (другиот дел ние го купуваме). Среќа што јас иако моментално не сум вработена имам извор на приходи, не којзнае колку ама околу 100тина евра кои ми се доволни за мои трошоци и за детето. Колку да не му барам на сопругот за кафе, облека, фризер, нешто што јас сакам да си купам, итн. Од останатиот дел на мм пазаруваме плус нешто ако сакаме од она што го купуваме заеднички со неговите родители, одвојуваме нешто настрана, нешто за непланирани трошоци.

    Извини ама ти не допринесуваш финансиски во твојата фамилија, со самото тоа немаш право да бараш отчет од некој што те издржува, а ако веќе сакаш да учествуваш во одлучувањето околу финансиите, побарај работа, допринеси и ти на некој начин, па тогаш барај отчет каде оди секој денар, за што се троши. Верувај ќе бидеш и поценета од сопругот, а и ти ќе бидеш посреќна затоа што ќе си имаш свои пари.

    Можеби ќе кажеш или некој друг член ќе каже, каде оваа невработена се најде да дели совети, ама таква ми е ситуацијата што моментално имам друг приоритет, а и не сум во ситуација да сум приморана да работам било што само за да дојдам до некој денар, ако немав свои извор на приходи можеби и би нашала некоја работа (која не би ми била по кеиф, ама би ја работела додека да се снајдам за она за кое сум квалификувана).
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Абе женава има мало дете ко што сфатив, може и не може да работи. Како и да е, ти веќе си буричнала по чантата, јас никогаш тоа не би го направила така, би го седнала и би го замолила да размисли кај и за што ги дава парите. И ние даваме пари за дома, и тоа не мала сума, сметаме деека треба да даваме бидејќи нит свекрва ми нит свекор ми не е мултимилјардери, зимаат просечна македонска плата и исплаќаат кредити. Ако тебе стомакот ти е полн а за тоа пари не даваш, ако имаш подмирено сметки во кои си вклучена, ако не ти фали основно нешто, пасош ако не одите на страна на одмор не е воопшто потребен бидејќи пасошите за деца траат многу малку и практично не се исплати да се вадат ако не се оди на патување, во тој случај немаш право да речеш не знам кај оди нејзината плата. Тоа што свекрвата те направила будала те сфаќам, се работи за револт, што има некој тебе мајмун да те прави, ама подобро би било со неа да го решиш тоа него ли сопругот да го вознемируваш, верувај така многу повеќе ќе постигнеш, ќе си ја седнеш и ќе и речеш, јас ги видов сметките, таа сметка за која ми бараше пари е платена, што е работата, ти фалат пари за нешто? Ние за тие пари кои ги даваме сигурна сум дека се премалку за тоа што добиваме дома, полн фрижидер, сметки подмирени, се што треба, верувам дека со тие пари сами не би можеле да го подмириме тоа, но здравје ќе видиме од Септември.
     
  20. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    4 луѓе на еден коњ не можат да седнат. Од една страна си ти како невработена, од друга свекрвати која е краен манипулатор на финансиите (барем така јас ја замислив), од трета, маж ти кој не знае како да пристапи бидејќи очигледно така е воспитан. Јас во заедница со свекор и свекрва не сум живеела ама сме живееле со една плата на мм и тоа добри две години. Ни во еден момент не сум се почувствувала дека имам потреба да бидам вработена и да допринесувам финансиски. Па нели сме во брак. Не барав пари ниту од мм ниту барав некој свој приходи за да одам на фризер или сл. Одев на аеробик со платата на мм. Се со договор. Во принцип платата негова е во мојот паричник (заради негово непромислено трошење). Еве сега имам бебе и откако ќе ми заврши породилното боледување не планирам да се вратам на работа, бидејќи нема кој да ми ги чува двете деца. Тоа не значи дека мм може да си купи 3 пара тренерки а јас да одам со старите.
    Од друга страна се девер ми и јатрва ми кои живеат со свекрва ми и свекор ми. Мислам дека имаат многу здрав однос кон финансиите. Јатрва ми до пред некое време не одеше на работа ама сметките кои стигнуваа ги плаќаа по половина. На пример ако е сметката 1000, девер ми даваше само 500 и крај на муабетот. Во однос на прехраната, одат јатрва ми и свекрва ми да купуваат еднаш во месецот и тоа намирници за цел месец. Е сега ако ,му се пријаде на некој пица нека си купи. Плаќаат секој свој кредити. Ако им остане нешто ќе остане, ако не здравје
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.