Сакам да си ја направам косата плава ... а имам користено пред 2 месеца фарба Мiss magic (kako na slikata) Со која фарба можам да го постигнам тоа?
Јас ја имам користено фарбава но кога се фарбав црна теѓет, ми се допаѓаше на почеток бојата но многу брзо се измива,барем за црната така беше. Ако сакаш квалитетна фарба земи си еволушн , ама за плава коса да знаеш и најсветлата да ја ставиш портокалова ќе ти излезе на коренот а надоле кафена ќе ти биде, за да добиеш плава боја оди на фризер па после продолжи си дома да се фарбаш мое искуство зашто јас се измачив дома за да дојдам до плава
1 Palette 2 Subrina 3 Aroma Intense 4 L`oreal 5 Miss magic 6 Syoss 7 Garnier 8 Evolution Која од овие фирми е добра и дава баш онаква боја-како на нивните слики..од прво фарбање. освен субрина-иста ми беше излегла косата како на сликата што им е.. Која е без хидроген(за која треба да докупувам)
Девојки моментално мојата боја на коса е како на Мила на сликава, тонови на некое светло кафено со подраснат корен од потемна кафена околу 5 цм, би сакала да ја добијам оваа златно кафена боја како сликава на девојкава друга. Предложете фарба и бројче доколу знаете. фала вии https://www.google.com/search?q=golden+ ... B500%3B750
Сакам да си направам омбре,но другарката ми вели му поминала модата..нз што да правам а многу имам кејф..Вие што би ме советувале?
^ Епа ако сакаш да си направиш, направи. Нема врска ако поминала модата, макар што уште гледам девојки со омбре. Мене ми е баш симпатично.
Зошто да не, да имав кафена коса летово би го направила ова..balayage барај на youtube. Mногу поприродно ми изгледа од она омбре каде се гледа линија на средина.. многу убава и излегува косата на крајот Само ако ти е вака како на Мила на сликата мој совет не ја прави многу светла на краевите, мене лично барем поубавa ми e вака како од сонце осветлена https://www.youtube.com/watch?v=xY0SY2HltxQ
Да така планирам,по природно е и поубаво изгледа..Ќе одам деновиве да закажам кај фризерката,па ќе видиме што ќе излезе
Конечно ја отстранив црната фарба со колор б4. Косата ми излезе некако кафена со црвенкаст сјај..џинџерасто кафена Ако може некој да ми предложи фарба, сакам оваа боја да ја добијам Фала однапред
Evolution 7,31 Незнам како боичкава ти се допаѓа ама мене најслично/ми изгледа ако сакаш да провериш има и други овде http://www.monstermarketplace.com/beaut ... color?p=35 Ти препорачувам боите на еволушн да ги пробаш
Луѓе ке си пукнам,од моето омбре ништо не бидна,ај што не ме направи салам како омбре туку и бланш ми лупна на косата,ама јас неможам да се гледам ваква,дали ќе може да си ставам некоја лешник боја фарба да го покријам тоа белооо или многу ќе ја изгорам ?
Ништо ќе земеш ќе си се префарбаш и готово, а за горење па од бланшот веќе и малку е оштетена , а најмалку да се секираш во врска со фарбање зашто косата и од многу други работи се оштетува како фен , фигаро,пеглање итн
Егзотик, крш те напраила. Ова е шатирано не е омбре. А не е ни шатирано ко што треба. Пиши каде да не одиме. Иначе ако ставаш потемна нема многу хидроген и не гори многу, а ништо не ја гори косата повеќе од бланш. Така што, нема голема штета да направиш ако се офарбаш во твојата боја.
имам средно кафеава коса. пред неколку месеци имав колор шампон и бев црвена, сега ми е останато едвај видливо. ми се допаѓа бојата и сакам да се фарбам бордо. би се фарбала еднаш колку да ми помине ќефот...ме интересира дали со растењето на косата, новите делови горе на темето ќе бидат кафени и тоа мноогу грдо ќе изгледа? има некоја искуство со ова? друго, колку ја оштетува косата?
нормално , коренот ќе има една боја а тоа фарбаното подоле друга и ќе бидеш шарена. Земи си боја и исфарај се , јас ти ги препорачувам боите на Еволушн многу се трајни, а за оштетување имам напишано многупати , се оштетува косата од хидрогенот ама не само од тоа туку и од фенирање , пеглање и др..