Безболно породување

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Kochoski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Д-р Горан Кочоски одговара на прашања поврзани со безболно породување.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Едно срдечно добредојде Д-р Горан Кочоски .
    Дали безболно породување опфаќа породување со анестезија (епидурална, спинална)?
    И дали секоја родилка може да се породи со епидурална анестезија ако посака, или постојат предуслови за истата да се добие?
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Почитуван д-р. Кочовски,
    мене ме интересира колку е безбедно ставањето на епидуралната анастезија, а и кои се последиците или пак несаканите дејства пред и после анастезијата.
    Исто така би сакала да знам кој е побезболен пост подорилен период , дали оној кога жената е царски или природно породена, а и колку трае заздравувањето од истите?

    Ви благодарам
     
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Иако го праша докторот се надевам нема да ти пречи и јас да ти одговорам на второто прашање.
    Јас два пати се породив со царски рез , првиот пат како итен случај бидејки имав примено во инфузија провокации кои не ми помогнаа да се отворам а имав контракции од кои почна да се гуши бебето, ми ставија општа анестезија, а во втората бременост веќе се знаеше дека ќе бидам повторно со царски , и заради раната да не пукне од напор и затоа што бебето беше поголемо од моите пропорции, второто породување ми ставија епидурална за која долго се мислев, плашев, бидејки се става во кичма и мн раб прочитав, но бидејки не сакав да бидам будна кога ќе ме шијат и да ги слушам сите тие муабети околу мене( додај ми овој скалпер и сл.) реков и во истата ми додадоа уште нешто за да спијам...
    Е сега за болката е индивидуално. Се знае дека со царски после тоа следуваат болките, но секој различно ги преживува.. Јас по првиот царски имав лошо искуство и затоа со вториот им кажав и додека лежев во болница неколку денови во кичма ми стоеше таа иглата т.е. не ми текнува како се викаше тоа ,не е игла нели :tmi: , и ми додаваа директно преку тоа анестезија во тој дел секогаш кога ќе осетев потреба...
    Сепак првото станување од кревет е најболно , а потоа полека поминува....
    Како и да е за таа радост вреди :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Д-ре дали може родилката да побара во никој случај да нема сечење (епизиотомија) и докторот да мора да го почитува тоа? Дали се договара на усно или на пишан документ? :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    girl.23
    Се извинувам што ќе си земам за право да ти одговорам на прашањето, но мислам дека и да побараш да нема епизиотомија, не може да ти гарантира никој доктор дека во текот на пораѓајот нема да дојде до распукување на меѓичката поради напорот кој се пружа за да излезе бебето.

    Затоа доколку докторот увиди дека во текот на пораѓајот е потребно да направи рез, треба да го направи бидејќи подобро е да се направи хируршки рез со правилни рабови кој подоцна побрзо и полесно би се сошил и заздравел, отколку да се чека сама да распука меѓичката па да е со неправилни рабови распукувањето.
    Покрај породилните болки, болка од резот не би ни почувствувала. :)
    Тоа е моето мислење околу ова прашање.
    Поздрав.
     
  7. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Епизиотомијата представува интервенција со која по хирурчки пат се проширува мекиот дел од родилниот канал. Целта е од една страна да се олесни поминувањето на плодот низа завршниот дел од родилниот канал т.н меѓица или перинеум, а од друга страна да се заштити родилката од поопсежни повреди т.е расцепи во текот на породувањето кои може во најлош случај да го зафатат и завршниот дел од дебелото црево. Праксата, епизиотомија да се прави кај секоја родилка денес е напуштена. Епизиотомија се прави во оние случаи во кои според проценката на акушерот, опасноста од повреда на дебелото црево во текот на породувањето сериозно се заканува или доколку постои потреба од изведување на т.н вагинални акушерски операции како што се вакум, форцепс и други. Доколку пациентката инсистира во текот на породувањето да не се прави епизиотомија, нејзината желба треба да се почитува но само ако, пациетнката е запозната со можните последици од неизведувањето на интервенцијата како по нејзиното, така и по здравјето на новороденото, и истите ги прифаќа, се до моментот додека таа или новороденото не се витално загрозени. Во тој случај пациетнката треба да ја потврди својата желба со потпис во историјата на болеста, во која јасно и недвосмислено ќе бидат наведени нејзиниот став и желба како и тоа дека ги разбира и прифаќа можните последици.

    Со почит
    Д-р Г. Кочоски
     
    На lolyta777 и girl.23 им се допаѓа ова.
  8. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Почитуван Д-р Кочоски,
    со првото пред скоро 4 години се породив царски (висок притисок и неможност да се отворам) па сакав да Ве прашам, дали е можно со вторава бременост да оди породувањето природно и во случај да е така дали сепак би можела да добијам епидурална анестезија? За првото породување мислам дека психички не бев спремна, па сакам да Ве прашам и што мислите за автосугестивните мисли од типот: „Се ке биде во ред„ или како што мислев за првото додека одев на бокс: „Нема шанси волку да се отворам„ - Сега си се чудам на ова.
    Со првото се породив во приватна болница, а сега се одлучив за државна, па исто ме интересира колку се наплаќа епидуралната анестезија?

    Со почит,
    Regenbogen
     
  9. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Породувањето со царски рез, не треба да ве обесхрабрува кога е во прашање исходот на породувањето во следните бремености. Состојба кај која и покрај регуларно воспоставените контракции не доаѓа до оторање на грлото на матката е позната како дистокично породување или дистокија. Оваа состојба може да се развие како резултат на повеќе причини, но меѓу најчестите се несоодветен интензитет и неадекватен ритам на контракциите, што значи дека пациентката има контракции но тие или не се доволно силни или не се јавуваат на правилни временски интервали. Не ретка причин е и т.н јатрогена дистокија. Оваа состојба се манифестира кога заради одредена потреба (висок притисок, прснат воденик, поминат термин) се пристапува кон индукција на породувањето (провокација), а организмот на родилката особено матката не се спремни за породување.
    Породувањето со царски рез во претходната бременост не претставува причина за церски рез во следната бременост. Исклучок се пациентките кај кои плодот е поставен во карлична или напречна положба. Во таква ситуација породувањето мора да се заврши со царски рез заради опасноста од раскинување на матката на местото на лузната од претходниот царски рез при манипулациите кои се превземаат при породувањето на плод во карлична презентација.
    Епидуралната аналгезија е секако опција бидејќи го отстранува стравот кој се развива од болните сензации поврзани со контракциите. Во јавните здравствеби установи, епидуралната анестезија во моментов не се наплаќа т.е трошоците за нејзината примена се покриени од фондот за здравство.
    Што се однесува до психогениот тренинг, апсолутно е препорачлив. Ви препорачувам да се пријавите и на вежбите за психо-физичка подготовка кои се одржуваат на Универзитетската клиника за Гинекологија и акшерство.

    Со почит,

    Д-р Г. Кочоски
     
  10. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Епидуралната анестезија или поточно аналгезија е метод за обезболување кој подразбира внесување на анестетик во просторот помеѓу обвивките на `рбетниот мозок и коскениот канал во кој истио е сместен. Овој тип на аналгезија и овозможува пациентката да не ги чувствува болните сензации од контракциите, што значи дека пациентката ги чувствува контракциите т.е го чувствува стегањето на матката, но тоа не е болно. Овој тип на т.н регионална анестазија овозможува обезболување на само одреден дел од телото, во случајов обезболување на деловите од телото под половината.
    Што се однесува до безбедноста, компликациите и можните последици по родилката, истите ќе ви бидат подетално објаснети од анестезиологот кој е одговорен за поставувањето на епидуралната аналгезија.
    Што се однесува пак до текот на породувањето и безбедноста по плодот, епидуралната аналгезија е сосема безбедна и нема никакви директни последици по новороденото. Од друга страна епидуралната аналгезија го продолжува текот на породувањето, што значи дека процесот трае барем два часа подолго во однос на породувањето без аналгезија. Покрај тоа, искуствата (светските и нашите) покажуваат дека породувањето со епидурална анестезија почесто завршува со примена на вагинални акушерски операции (вакум и форцепс), заради послабите напони кои што ги чувствува родилката.
    Инаку природното или спонтаното породување секако представува благодет и за мајката и за детето. Процесот на закрепнување секако е побезболен и пократкотраен после природно породување отколку после породување со царски рез. Имено после природно породување пациентката може да стане од креветот веднаш после породувањето, додека после царски рез мора да поминат 24 часа. Манипулацијата со новороденото е полесна за родилките кои се породени спонтано со царски рез. И на крај, за да закрепне пациентката комплетно после породување со царски рез треба да помине барем 1 месец, а после нормалното породување, комплетнот закрепнување се очекува после 7-10 дена.

    со почит,

    Д-р Кочоски Г.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Во текот на породувањето за олеснување на дискомфортот кој произлегува од родилните контракции и полесно срправување со болката, на родилката и стојат повеќе опции. Така нареченит вежби за психо-физичка подготовка на трудниците опфаќаат серија предавња во рамките на кои пациентките се запознаваат со карактеристките на процесот на породување и неговиот тек. Им се објаснуваат низа техники за дишење вежби и положби кои може да ги практикува родилката во текот на породувањет. Второто ниво во справување со болката во текот на породувањето е примена на медикаменти или лекови од групата на наркотични аналгетици, спазмолитици и седативи (лекови против болка од кои кај нас се употербуваат Trodon, Spasmex и Apaurin) кои треба да го ублажат болното чувство кое се јавува во текот на контракцијата. И третата алтернатива е регионалната аналгезија или популарно позната како Епидурал. Регионалната аналгезија се спроведува во две форми. Првата е Епидурална аналгезија, а втората е Спинална аналгезија. Обете форми на обезболување се состојат во давање на анестетици во просторот помеѓу `рбетниот мозок, неговите обвивки и коскениот канал на `рбетниот столб во кој што се тие сместени. Тоа значи дека технички меќусебно не се разликуваат. Разликата е во времетраењето на делувањето. За разлика од Спиналната аналгезија која се состои во давање на една доза на анестетик, Епидуралната аналгезија се состои од континуирано вбризгување на помали дози на анестетик во кичмата (нешто слично на интравенска инфузија). Тоа практично значи дека Спиналната аналгезија има ограничено времетраење на делување и обично се применува во ситуации кога се очекува породувањето да се заврши во следните два часа. За разлика од неа Епидуралната аналгезија може речиси бесконечно да се продолжува и се применува во останатите случаи кога се очекува породувањето да трае подолго време. Епидуралната аналгезија е попогодна за прворотки, кај кои нормалното пороување трае 12-16 часа од појавата на првите контракции, додека спиналната е попогодна во случаите кога пациетката при приемот во болница е отворена 7-8 cm.
    Инаку, секоја родилка има право да побара обезболување со епидурална или спинална аналгезија во текот на породувањето. Обично се практикува анестезијата да се даде кога пациентката ќе се отвори 3-4 cm, кога практично може да се започне и со засилување на контракциите со примена на инфузиона терапија т.е со Синтоцинон. Секако дека треба да бидат исполнети и одредени предуслови како на пример - пациентката треба да е добро хидрирана, да има задоволителни вредности на крвниот притисок а не премногу ниски, бројот на крвните плочни треба да биде во рамките на дозволените вредности, и секако да се направи соодветна проценка од страна на гинекологот дали пациентката може да се породи вагинално т.е да се исклучи присуство на несразмерност помеѓу големината на плодот и големината на родилниот канал, што за жал и не е така едноставно бидејќи дијагнозата на ваквата несразмерност обично се поставува дури кога грлото на матката ќе се отвори комплетно или 10 см, а бебето заради своите димензии или начинот на кој што е поставено во матката не се спушта низ родилниот канал.

    Со почит,

    Д-р Г. Кочоски
     
    На Natasa. P му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Женски
    Почитуван Д-р Кочовски

    Пред 6 год. природно се породив (за моја среќа многу лесно поминав), во болница кога ме примија веќе бев четири прста отворена и за отприлика околу 2 часа се породив.
    Претходно ми беше извршен ехо преглед и ЦТГ, клизма, а примив и инфузија.
    За некој месец ме очекува второ породување и со оглед на тоа дека веќе имам некакво искуство и не сум толку испаничена како првиот пат, ме интересира што е таа инфузија, дали се работи за некаков анестетик, провокација или нешто сосема трето. Ако се` биде во ред, се надевам дека повторно природно ќе се породам.
    Друго, со оглед на тоа дека клизмата ја паметам како доста непријатно искуство (ми се слоши и повраќав), исто така ме интересира дали истата е неопходна и дали може да се изостави од самиот процес и тек на породувањето.
    И трето и последно, колку и да ми е непријатно да го прашувам ова, сепак ме интересира. Имено при првото породување со оглед на тоа дека малата фати жолтица и останавме во болница 8 дена, ме испуштија без при тоа да ме прашаат дали се` е во ред со мојата столица, а всушност не беше (дома кога дојдов една пријателка ми кажа дека се давале некои капки за олеснување и дека ниедна родилка не смее да се испушти без да се утврди и таа состојба). Колку е ова вистина навистина би сакала да знам за да не морам пак да се соочувам со непријатности (тврда столица) како при првото породување.

    Однапред Ви благодарам
     
  13. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18

    Најнапред да ви се извинам за задоцнувањето со договорот, но заради моите професионални обврски, не бев во можност во текот на минатата недела одговорам на вашите прашања.
    Што се однесува до прашањето.
    Клизмата не е задолжителен дел од приемот во породилиштето. Нашиот сегашен став е дека истат не треба да се применува како подготовка за процесот на породување. Сепак, извесно е дека исполнетоста на дебелото црево до извесна мерка го попречува спуштањето на плодот кон излезот на родилниот канал, па затоа се препорачува да се превземат мерки за т.н прочистување. Тоа се постигнува со примена на чепчиња (Dulkolax) кои и се даваат на пациентката при приемот, пациентките обично сами ги аплицираат. За да ја избегнете оваа постапка, тоа може да го направите сами, во домашни услови, доколку ситуацијата тоа го дозволува. Чепчето обично дава резултати за 30-40 минути по ставањето.
    Инфузијата која им се дава на пациентките во текот на породувањето, може да биде чист електролитен раствор (гликоза, декстроза, физиолошки раствор) наменет за рехидратација на пациентката или може во овие електролитни раствори да се додаде медикамент, лек за засилување на родилните контракции познат како Syntocinon. Тоа е синтетски лек кој има иста функција како и Окситоцинот, хормон кој нормално се лачи од хипофизата во текот на породувањето и понатаму во текот на доењето. Овој лек се дава во наколку ситуации: 1. Доколку родилните контракции немаат задоволителна фреквенција, односно не се доволно чести, 2. Доколку родилните контракции не се со задоволителен интензитет и 3. Доколку родилните контракции немаат задоволителна ритмичност. Во сите овие ситуации, родилните контракции се неефективни и процесот на породување не напредува со задоволителна динамика.
    Инфузијата со Syntocinon, може да се даде и кај пациентките кај кои е потребно забрзување процесот на породување, на пр. пациентки со заматена окулу плодова вода.
    Во секој случај, пациентките треба да се информирани за мерките што се превземаат во насока на успешно завршување на породувањето. Секоја постапка што се спроведува треба да се спроведе по претходна од пациентката.
    Што се однесува пак до последниот дел од вашето прашање. При секојдневните утрински визити, лекарот е должен да ја провери општата состојба на родилката, да ја провери состојбата на матката (дали е соодветно стегнаат или не), дали пациентката прекумерно крвари, како зараснува епизиотомијата, дали пациентката нормално мокри, како се храни, дали пие доволно течности. Со оглед на тоа што најголемиот дел од родилките ја напуштаат клиниката по 48 часа од породувањето, не представуа стандардна процедура да се прашува пациентката дали излегла по голема нужда. Исклучок се пациетнките породени со царски рез, кај кои заради оперативниот зафат и примената на анестезијата се очекува одложено отпочнување на работата на цревата, што во современи услови и не е проблем заради примената на спиналната анестезија. Останува на пациентката да се пожали на евентуалните потешкотии кои што ги чувствува и да побара информација за сите нејаснотии во врска со нејзината состојба. Морам да напоменам дека проблемот со тврдата столица после породувањето, голем дел од родилките самите си го наментуваат. Имено стравот од „пукање на конците“ ги тера да консумираат кашеста и мека храна сиромашна цо целулозни влакна, што е сосема погрешно и неоправдано.

    Со почит,

    Д-р Кочоски Г.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Margaritka27

    Margaritka27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Почитуван Д-р Кочовски

    Bi sakala da znam zs dva pati u mesecot imav dobieno i toa po 3 dena, samoo i ne toa crveno tuku kao temno crveno potooa kao kafeavo ee ??
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.